Денес исценирав настан да видам до кај се инстинктите на моето доберман кутре, бев "нападната" и мојот срцко се втурна целосно да ме одбрани, сакајќи да касне пошо секако му стаив маска а оној што нападно влезе у стан кај мене беше мој пријател.
Симпатија имам, 60 години има. Идејата на позрели години да си вратиш ентузијазам и да пробуваш работи што никогаш не си ги пробала досега, да наоѓаш нови интереси и слично е сосем ок, само не тормози луѓе што не ги делат интересите со тебе. Тоа што си решила да се запишеш на ориентално танцување не те прави просветлена а сите околу тебе затуцани и досадни Посебно кога го правиш сосила, оти така пишува во некоја рандом книга за самопомош.
Денес сум горда мама на прваче. Ми порасна детето, еве го момче кое ќе оди на училиште. Што се преживеавме овие години. Среќа моја. Штрајкот ми го расипа плачењето, сигурно ќе рикав, ама од нервоза ете не заплакав. И торта има, мама ја правеше, бесглутенска фереро роше. Па каква излезе. Дека со љубов правена.
Од пет планирани работи, реализирав шест. Се ослободив од грижа помалку... Не било така лошо инстант да се заврши одложена обврска. Може треба да почнам да дејствувам со умисла кога сакам да си се оправдам пред себе.
Денес ќе беше денот кога ќе погинев због заради лепота. Одејќи на вежбање се загледав во излог и се занесов во анализа на мојот ножен батак, па си влегов во филм auf ma4ko, noga li e droga li eeeeeee, кога одеднаш се препнав на некоја расклатена плочка и ми пројде животот пред очи. Арно не се расплеснав во поза морска ѕвезда, имало век и за лепотава у покушај. Note to self: Глеј си пред тебе, не зјапај во ножни батачиња додека се движиш.
Денес стока третирам човечки, а и изгубив време во објаснување со дебело ѓубре. Патем, го мразам септември и сите променливи месеци, рајата не е при себе тогаш.
Ако сум годишно време, тогаш сум есен. Welcome, те пречекувам со миризливо ќебе, палачинки и чај. Помош и поддршка на работа добив од една личност во малку кризен момент, сосема неочекувано, па сега скептикот во мене размислува дали имала личноста себични причини да застане на моја страна, дали и' користи ситуацијава на некој начин, дали, дали, дали... На крај дури оставам да мислам дека е заради добрина и почит кон мене. За секој случај прво помислувам на лошото за да не се разочарам на крај.
Празнината и леснотијата како чувства никогаш не помислив дека се пријателки. Се тркалаат од смеење и една на друга си се обраќаат со мори, па станува уште посмешно за слушање. Многу тажни денови... тешки, а лесни. Чувствувам вина за истото, иако е природно... Животот продолжува да тече. Се соочив со еден од поголемите стравови... и го снема. Тоа е работа која се случува еднаш...веројатно да треба пак, пак би се плашела... и помина. Помина се... тажно... нечујно, тивко... болно, многу болно... Не знам како се чувствувам. Килограмите сами паѓаат... топката во стомакот ја снема... и притисокот во градите, како давеник по првиот здив. Многу ќе ми недостига... многу... Време е за есен... колку не сакам есен...па ни зима...
Денов одмина по рамна линија... Има нешто посебно во моментите кога навидум е стагнација, а всушност часовникот брои минути. Во најава нов приоритет. Само да расцвета одлучноста и ќе дишам без издишки.