Вчера донесов одлука да отидам денес на џогирање, ако не врне. И еве не врне, ама денес одлуката не ми е примамлива колку што ми беше вчера. Ее ама подобра идеја ми дојде, затоа го откажав.
Денес ужас. На работа од 6 сум и ќе бидам до 16:00.. Спиев 2-3 часа синоќа и воопшто не се одморив сонував глупости.. Пропадна и овој ден..
Денес ќе одам во 3 часот со пријателите на прошетка. Конечно да се договориме се надевам дека нема да пропадне.
Денешново денес си влече корени од дамнина... Уште еднаш времето потврди дека нештата имаат причинско- последична поврзаност. После едно искусено зошто, следен предизвик е затоа.
Цела мината недела си поспивав, денес станав во 6 и беше темница. Оу ноуууу Чекајте другари да се приберам од одмор, па нека се куси денот. Од нигде никаде, цел ден во глава ми се врти „Не си го продавај Кољо чифликот, мама не ме дава Кољо за тебеееееее“..... на рипит. Срам, не срам - си ја пуштив. Да знаете само шо работам и за кого додека си пеам Кољо да не си го продава чифликот. Живот, компот - ти го мачкаш, тој тече.
Денес те видов...си станала девојка,не си повеќе девојче. Но џабе ти е кога одвнатре остана клета. Твојата опседнатост и љубомора уништи многу другарства. Остана само намќорскиот поглед кога несакајќи ќе се сретниме на улица или не дај Боже да сме на исто место погодени. На некој начин ќе ти се врати. Ќе видиш. Денес се потсетив на уништеното другарство,на исеченото детство,како во мислите не сме повеќе невините деца,како растеме,како се оддалечуваме едни од други,како на никој не му е гајле за никого и како треба да научиме да се помириме со новите нешта шо идат кон нас... Денес осетив и среќа со новокупени книџиња,со ново купена облека...малку серотонин не е страшно да се внесе нели? Денес сфатив дека повеќе треба да обрнам внимание на здравјето,бидејќи не смеам да си дозволам да ми се повторат болките и пак да пијам блокмакс...здравјето е најбитно денес... Има многу денес нели?
Во комбинација од млитав блесок и мирис на утринско раѓање, на списокот посакувања, никна инстант желба за очила со розова глетка за 24 часа. Во распонот меѓу илузијата и потрагата по упатство за употреба "се сомневам" дека ги пропуштам прекраснотиите на земскиот свет што некои ентузијастички ги претставуваат за магично бегство на умот. Хм... Не би да се замајувам кога и сивилото има веќе видени нијанси.
Денес... сакам цел клет универзум да се собере и да ми покаже дека конечно не сум во право. Нејќам го ова чувствово внатре. И колку и некој да се труди да ги исправи кривините, толку покриво е, толку посилно е и чувствово. Да имаше закачалка кај шо дел од себе ќе си закачиш на некое време, чисто да не го извалкаш или да не ти го извалкаат, ќе го закачев. Можда и никогаш немаше да си го земам назад.Гледајќи си го патов до сега и патот утре. Ми недостига. Кога ли летна цело време?! На што само го потрошивме.
Денес е Петок 13-ти, познат како најбаксузен ден во годината. За нас, кои сме баксузи од раѓање, познат како пи*кин дим.
Денес седев спроти тебе и како тинејџерка ми се тресеа раце, треперев цела. Оддамна вака не сум се почуствувала. Животе, пак ме тестираш.
1. Сабота е ден за пица. 2. Не е лошо и вака, ама ја би да е тој до мене. Упс, пак си сонувам. 3. Денес ќе биде денот кога ќе ги имам супермоќите на птиците. 4. Почнав да не се сожалувам и чувството е супер. 5. Ми се ослободува вишок енергија скокајќи ко луда на концерт.