Денес ми се повраќа од самата помисла дека утре седнувам пак пред лаптоп. Морам подитно да сменам некои работи.
Заспано, успорено. Луѓево денес ко да не знаат да се зближат емотивно со пријател од спротивен пол без да помислат дека е судбина некоја и дека брак или врска треба да си преиспитаат. Нема да престанете да се зближувате со други луѓе, па и привлечност може да се јави, но тоа не значи дека треба да се понашате ко да сте се нашле во љубовен драма филм и добри бракови да (си) растурате. Ама пак не е интересно поинаку Денес манџа направив после не знам колку време. И од ручекот навака само нешто ставам во уста оти толку ме засити манџата. На ред пивце со грицки. Ситуацијата со прдењето сериозна станува.
Денес успеав да се вратам во детството. Се спружив на скали во трговскиот со пропратни елементи.Излупена кожа и модрица. И си заплакав како мало дете.
1. Или луѓево околу мене мумлаат или со слухов сме во различни универзуми. Трето нема. А срамов полека ме грицка после секое трето „Што?“. 2. Еден убав ден и јас ќе научам да не ја изложувам затресканоста на лице ко на билборд. 3. Listen, smile, repeat. Денес, четврток. Фино.
Психички а богами и физички сум изморена. Заробена сум со учење на факултет, па курсот германски, па средување некои документи и разни други обврски. Денес ми дојде преку глава и се чувствувам многу лошо и неразположено.
Денес, изразито интезивирање на иритираноста. Аплауз доаѓа ОД луѓе со емоции, за луѓе СО емоции. За другите, немам место во моево соѕвездие.
Чекам филм да почне во 12, мрзлив и легачки ќе е овој викенд, рецесија. Абер за ручек немам, ќе се јаде што да е, за вечера може нешто ќе спремам. Каков сон сонив, ми идеше да го натепам кога станав. Ацетон немам и три дена шетам со излупен лак, ми текнува да купам кога ќе си дојдам дома. Што друго не спомнав од мојот возбудлив живот?
Светол ден и жртвуван датум 28-ми од времето за едно општо познато ништо не е случајно... Секое зошто има партнер затоа, што само ние треба да го знаеме Апел Неее за љубопитноста...