Денес не можам да се избањам како што треба. Свеќи по цело вц и со ладна вода. Косата на свеќите ќе ја сушам.
Денес.. ќе биде денот кога на некој ќе му биде ептен криво што ми копа по животов. Многу штета што некои луѓе не разбираат дека кај мене не значи НЕ и во никаков случај не може да премине во да. Уште повеќе штета што не ја знаат границата на приватност. Баш фин старт на една седмица кај што некои луѓе ќе на*бат.
Денес се уверив по не знам кој пат дека ништо не е залудно. Стекнатото искуство е од голема полза кога ќе не пресретне она познато од нигде никаде... Ја премотав меморијата и се вратив спокојна во сегашноста. Хм, животец...
Си седиме со дм у парк и ми вика, абе Като мислиш ли дека луѓето што јадат бубачки се здрави? - Па зависи што бубачки, June Bug пример ти е чист протеин. - Аха. Која беше таа? Покажувам слика и ми вика - Ау јас овие ко миленичиња би си ги чувал, баш е слатко види го. Се плашам за нашата иднина
Денес...назад во реалноста. Лажни насмевки, конкуренција наместо колегијалност и другарство, неорганизираност и неправда. Понекогаш чувствувам вина што не обрнував повеќе внимание, ама немав никаква мотивација. Ајде, уште малку остана, се тешам.
Денешново денес си влече сончеви реперкусии со серотонински осцилации од вчерашните социо-интеракции. Еден разговор манифестира низа надминувања.
"10 работи што треба да ги премолчите пред Вашиот претпоставен". Смешки. 9 од 10 ги имам направено/кажано и не планирам да менувам. -Не можам, немам време, тоа не е моја работа, замолете некој друг, не е моја кривица, сакам покачување на плата, не се гледам тука во иднина ако се продолжи со ваков начин на работа... checked. Многу досадно на форумов веќе долго време или така ми се чини? Очекувано.
Денес добив порака за убав ден и песна од една значајна личност со која се спријателивме летото. Зрак светлина после се што ми се случи, среќна сум што помислил на мене Едвај го чекам денот кога ќе се видиме пак, и ти ни фалиш и мене и на либе, само ти ни остана вистински другар.
Колку сензуалност може да има во тоа помалку, богато и раскошно. Чукна часот за да ја разглобам изреката Помалку е повеќе.
Го изгубив целиот ден по патишта, за половина час работа. Друг пат би била pissed off, но не и денес. Ми годеше кафето на сонце. Ми годеше разговорот со личност со која никогаш не сум имала можност да поразговарам. Имав позитивно мислење, а од денес уште повеќе. Ми даде една надеж дека постојат и добри, скромни луѓе, луѓе кои не се површни, со длабочина во душата.
Денес сфатив дека стварно одлепив со мачево. Дека беше болно и дека на 2 саата станував 3 вечери по ред да го проверувам и да му давам вода да не дехидрира? Насабајле не знаев главата кај ми е, ама му пикав јогурт со сила прилично ревносно и упорно. Да го цитирам дм, за мене не се потресуваш толку. Морав да го оставам на неколку дена и и' праќам порака на мајка ми - прво дали е јадено, дали пиело вода и трето, дали е какано... и жената ми прати прашалници... ама се заебаваат со мене, глисти требЕ да видиме дали има. Транспортер купен, се размислувам дали ми треба транспортер-ташна за да го носам на кафе по мене. Сега на ред ново ќебенце и такво гнезденце. Ковам планови како да го пикнам да спие со мене, да не се разболи пак ама многу диво е бе. Нема на кого
Ко за во недела многу добро се чувствувам. Обично недела ми е најдепресивен ден, но денес е поинаку. Исто така, нешто што обично би ме разочарало денес немаше таква моќ врз мене, денес останав рамнодушна на истото. Нека потрае, бидејќи навистина се изморив. Сакам да живеам со помислата дека што и да се случува сега, на крај се ќе биде океј.