Денес бев среќна, исполнета, нема ништо поубаво од мали детски рачиња што те гушкаат. Ја прашуваа внука ми кого сака највеќе од сите и таа на цел глас извика ТЕТЕЕ Се стопив
Денес 1. Си најдов пари на пат одејќи накај факс. Викаат носело среќа. 2. Спасив цела презентација и цела група колеги. Се чувствувам суперхеројски. 3. Ми кажаа дека утре е неработен ден со што парите одма се рачунаат како среќа. Ме очекуваше хаос, ама наместо тоа утре ќе се наспијам. 4. Кожава на лицево никогаш не ми била понежна. Испробав одлична крема за лице по препорака од форумов и сум презадоволна од ефектот. 5. Доза музичка позитива.
Очекувањата од вчера ми се остварија: Денес е прекрасен ден. На седмо небо сум и не сакам да заврши денов
Денес....си ставив салата во сад, си турив ракија во чашка, излегов во двор, го откачив телефонот на најгласно, пуштив "тешки" песни од омилениот Шабан Шаулиќ и сличните на него, дури и потпевнував после втората ракија блазе им на комшиите, ама застанав на трета ракија Во глобала денот ми почна многу лошо, ама место да се свиткам на земја и да плачам, јас избрав да игнорирам се... Нека оди животот, можам јас
Хаосот продолжува и денес. Имам една обврска кон која имам огромен отпор, па затоа до бескрај ја одолговлекував Едвај се терам со последни сили да работам, правам паузи на секои пола саат... Ама нема спиење додека не ја завршам. А кога ќе ми текне дека сабајле треба во 6:15 да станам и што сѐ ме чека на репертоар... Реков, ако преживеам неделава, во петок ќе се начукам. Тоа што денес добив на поклон од омиленото виски, некој знак е изгледа
Една слика, една средба со драги личности, прикачи илјада зборови на денешново денес. Селективност за позитивност...
Денес...доволно молчев. Секој својот интерес, па и јас мојот. Компромис веќе нема да биде моето попуштање, па макар значело и оставање поинаква слика за себеси. Од газење врз мене, доста ми е. Од сега, јас сум си на прво место. Ајт.
Денес се чувствувам ко г*мно... Да, пројде неделава, го преживеав петокот, вискито е отворено... Ама едно олесна, друго натежна. Живот...
Денес сум пресреќна!! Бев на доктор го видовме бебчето, ми кажаа дека сум 8 недела и со дечко ми се радувавме цел ден. Сега го чекам да заврши со работа и во 12:30 доаѓа да ме земе да си спиеме заедно..
Каков тежок,меланхоличен филм сум гледала во кино... Почнав да мислам дека утре е понеделник, а денес недела.
Прекрасен неделен ден поминат во учење. Ме дрма нервоза цел ден. Под стрес сум, немам време за учење а колоквиум се доближува. Накратко, денес сум катастрофа, полна со негативна енергија.
Ме прашува како си помина за викендот, и' велам -ништо посебно, малку шетање, малку низ кујна, филм, на нет...па прави фаца ко малку згрозена со коментар -јас пак телевизија ич не гледам, ниту седам на компјутер. Пешачела, средувала низ двор и една добра книга прочитала. Браво, еве ти медаља. Тоа што не вклучуваш телевизор и нет не те прави продуховена, само неинформиСана. Коза. Во последно време се множат ваквите околу мене, мислиш религија нова започнале со тоа што смениле неколку нездрави навики. Интересно беше на почеток, сега веќе аман, олабавете. Нешто се случува со мојата кожа во последно време, хормони ли се, што ли е, не знам. Рано е за менопауза
Четврт обид да го наранам мачето со сува храна. Т.е. да го прелажам да пројаде. Ми кажаа некоја посебна, не знам поскапа, не знам повише мирисала, демек, ја јадат. Се потерав 32 минути пред третиот состанок за денеска и одам, прашувам, кажувам мака, фино, културно, викам не јаде ич сува, пробав со секаква и нејќе... како се тригерна женичката, јао. ПА РАНЕТЕ ГИ ВИЕ ВИРШЛИ И ПАШТЕТИ И ОСТАТОЦИ ОД МАНЏИ, ПОСЛЕ НЕ ЈАДАТ СУВА ХРАНА. Бич, плиз. Мојата мачка јаде подобро од пола Мк, она ми вика виршли. Морииииии Јас со органски лосос и патка од ДМ ја ранам, и' пржам јајциња на тефлон со капка маслиново и пие баланс јогурт и џвачка стек од грил тава за да не ја боли мешето и да кака секој ден, она ми вика виршли!! (Се' е по совет на ветеринар, специфична е малку мачкава, убава на мајка. Ама кака редовно и убаво) Изеде 10-тина такви суви. Ај не беше џабе кавгата.
^ Пробај со малку млеко или јогурт натопени, да се сети кралицата дека cereals доручкува Или со супата од зеленчук од ДМ ќе и измешаш, мачкина манџа. Во исто време ќе јаде и преде
Не пиеме кравјо млеко, само баланс јогурт Инаку, не, пробано. Ги наоѓа и ги плука. Или ги вади од чинијата и ги шутира со рачето. Сега и' доставив пак, ќе си апне. Мене не ми смета да јаде каква било храна, и јас му готвам специјално, ама не секогаш сум дома и не сакам да бојкотира сува храна.