@Doozy посвои ме Кај мене кучето посвои маче. Мачето му ја јадеше сувата храна ама дека е малечко ми беше жал да се мачи па купив храна за мачиња, сега кучето ја јаде неговата тепачка е кога ќе ги почастам со салама, лоша мајка сум знам
Денес решив да вежбам иако со прв ден менструација и маткава ја чувствувам како да ми се кине одвнатре. Кој рече уште еднаш дека жените се понежен пол? @Doozy ме пресмеа со првото лице множина за мачката. Од сега така ќе зборувам за мачорот мој. Убав тој на мајка.
Торнадото Прпл продолжува и баш се чувствувам убаво што конечно решив да се изборам за себе. Многу повеќе сум за работа за себе отколку за гледање од страна и аплаузи за другите. Тоа што не ве убива, ве прави посамостојни. Cheers за убавиов вторник.
М? Какво е ова Богохулење на темава со квалитетна, готвена храна за мачки и слично? Уште срценца и гушки и бацки да видам и ќе ве набркам сите. Пазете малку што и како се пишува, ќе ве молам. Да не почнам да банирам. Денес падна договор за уште една забава со колеги. Колку не можат да се поднесат на работа, толку се добри заедно кога се надвор од работа, просто неверојатно како е тоа можно Ко други луѓе да гледаш. Барам низ нетов песна некоја, ко за мене, ама нема.
Катаклизмичнострофични моменти, ол деј и тоа. Хм , ок. Почнувам да личам на другите во просторијата, и да цапам механички. А неќев, а така може и треба. Оф. Тргам мисли со барање курсчиња, дека, ете не ми е само тоа у животов, не па ли, за век и векови. Него триста други ствари, како на пример што маска да измислам за петок ?! А требаше да не е работен ден, офкорс. Ќе ми се решеа многу работи. Некад си мислам, колку ми е сериозно несериозна работава, на скала , можда 10. Мора МАСКИРАНИточка. Какаото ми се олади дур ми текне, тим билдинг, тек, роденден сабота, вечера ист ден, изложба утре , час четврток.. Океј, не ми бил така лош животот. А прогнозите уште поубаво викаат бе шалалалала Некогаш само сакаааам да се скријам во корупката, ни настани, ни луѓе, ни бутур. Оти сите се живчани и досадни.
Ќе земе еднаш ничим изазван да исчисти по дома кога навистина нема потреба од чистење (како да ви кажам, трошка нема по дома ама неееееее морало да се чисти!!!) и сè некој крах се дешава. Првиот пат се поплавивме по дома, го ѕвекоса вентилот на парното. Сега ми го цвикнал кабелот од компјутерот под ногарката од масата. Па и влечел со кабелот стиснат како товче - немој да не остане нешто непоминато под бирото, после што ќе правиме оти. А од каблето црева течат. Да земеш и да го ѕвекнеш по тиквата да му дојде умот ама не, семејно насилство енд шит, није добро. Ај сега на гол га* на крај од месец цап - нов полнач. Шубавко.
Денес...по милионити пат се уверив дека сум неспособна да месам тесто, ај што се срамам пред домашните, ама и мастраф пустам бе, се заминува во ѓубре после неуспешниот обид Веќе не се ни трудам да месам нешто, ама ме фати мерак бе, сите околу мене само месат и постираат по социјални мрежи, а и општо во реал лајф само тоа се зборува, се докажуваат која е поуспешна домаќинка, ама и реално домашните кифли, погачи и слично се многу повкусни Ама арно живеев со мислата дека не се трудам веќе, дека ќе си купувам готови, кој ѓавол ме натера да се брукам пак
Еднаш, некогаш си мислев дека ако си имам здрави навики мош па и животов ќе ми се доведе во ред. И така си почнав демек здрава храна, ово оно. И сега го видов сликчево и се сетив дека освен што си го средив режимот на исхрана во најголем дел, другите аспекти од животецов пак слабо ги контролирам ама сум балансирано човече во обид. Ова нешто му иде како кога си во некој хаотичен елемент, па си го средуваш бирото за да си мислиш дека си го средила и хаосот во глава. Ама битно е да се почне де.
Денес сум направила вкусно гравче-тавче, прсти да излиже човек #АбеДомачицаДаБудемБе Ама, најважно од се е што се помирив дека нема никогаш да бидам домаќинка за месење кифли и слично, и не се ни трудам веќе Денес гледавме филм со внука ми, умре една бабичка, и ме праша зошто умрела, и реков дека мора да умре, дека старите луѓе умираат, и ме праша дали само старите умирале, ја излажав, и реков само старите, иако реалноста е многу поинаква....
Секако дека ќе ги отворам линковите што сте ги постирале со километарски текстови за тоа зошто не треба да се маскираат луѓе за Халовин и каква штета им правиме на децата. Еве сега, само да ја дорежам тиквата. @Rama Преценети се домашните месени работи, посебно кога ќе налеташ на суви и тврди кифли и горда домаќинка како сама ги правела по незнам каков рецепт Пола ден да изгубиш за леб со маргарин и малку сусам. Купи си во продавница.
Уште дете да родам на to-do листава за неделава Ајде свечено гасиме лаптоп - јен, два, три. П.С. Мачето се научило да пувнува ама онака баш со - пуф. Треба да олабавиме на јогуртот.
Можеби е време да почнам да си го планирам одморот и празниците. Оф, ме чекаат преубави денови. https://www.europeanbestdestinations.com/christmas-markets/
Денес се разбудив наспана и одморена .Не ми пречеше ни што он ме разбуди пред раб,ни хаосот околу мене ,ни торбите кои седат од вчера навечер не распакувани.Ни гласната музика.Денес ништо не ми смета.
Денес тренингот беше многу добар, задоволна сум од себе. Сакав и мала промена, па отидов си направив шишки Денеска сум среќна.
Денес се разбудив околу 9 и пол саатот, појадував. И за прв пат зготвив пита со тиква- нешто за мене ново што не сум пробала никогаш до сега. И во моментов е бучава дома кај мене, кој гледа тв, кој слуша музика, па затоа ќе морам да причекам кога ќе завршат со своето за да си гледам јас филмче. Најмногу ми се гледа навечер.
Бриџит не знам какви домаќинки имаш околу тебе, ама моиве домаќинки сите се која од која постручни за месење тесто, буквално немаат утки, се што прават го прават да останеш без зборови, ама исто толку и се досадни со фалбите како умеат и ги бива, не чинело купеното, дома било највкусно и срамота било да не знаеш, и затоа кутрата јас се мачев да научам, ама не ме бива и крај, арно велат старите дека не бива кавалче од секое дрвце Денес...го поминав денот цел ден дома, абе не мрднав ни до двор, имав покана за кафе со другарките, ама категорично одбив кафе и муабет, доволно ми беше на телефон што ме напнуваа за една моја одлука Ај белким утре ќе тргне се на подобро, понеделнички де
Како за недела, беше супер ден. А ме изненади искрено, штом станав и видов тмурно време си реков тмурна ќе бидам и јас а и цел ден, ама ете, не било така. Иако зафркавам деновиве и пропуштам вежбање, си искористив прилика за долго кафе и здрав појадок пред да се решам да се фатам со работа, а работа еден куп. Ама испдна дека сепак сум била способна да завршам еден куп работа, плус еден куп домашно по германски јазик. И си се гордеам со себе денес, пак ќе кажам и покрај тоа што се зафркавам со вежбање деновиве. Ама утре чувствувам дека ќе биде денот да се вратам во нормала, или не... ќе видиме! Нека ни тргне со лесно работната недела од утре!