Си велам го сакам тоа што погледите можат да раскажуваат цели приказни. Душата во најчиста форма прикажана со секое едно чувственце. За роденден си посакувам едни толку искрени очи. И ги пронајдов најсовршените. Љубов и посветеност во најчиста форма. Топче.
Кпга и да ми дојде сакам да вежбам.Не знам зошто но така ми доаѓа а кога ќе ми заврши си велам какво вежбање бе
Ислушав две аудио книги за селф хелп и сфатив дека и јас можам да напишам вакво нешто. Мудрица една, бацка за мене. Брајан Трејси *нешто* да јаде, дојдов да го симнам од тронот.
Денес е специјален ден, малку чуден, ти мислиш дека спиеш, а ептен си буден, и бејби, не заборавај, овој живот е труден, ова е твојот суден ден.
Една колешка денес ми рече дека сум била друштвена ама не сум сакала луѓе. Како може да си друштвен а да не сакаш луѓе? Така, културна и фина со сите ама со никого блиска. Заклучок дека глумам финоќа за мир у куќи. А толку се трудев да се прикријам Мешам разни состојки во тањир со надеж да најдам нова комбинација која ќе стане моето ново омилено јадење, оти станувам човек од навики. Тешко ми оди.
Онака поспана утрово, наместо нескафе сум си ставила еспресо во шолјата и добив кафе со вкус како вода од костен. тоа фино па ја исфлекав пола кујна + пижамите. Уште од сабајле со чистење
Со душа чекав да се напијам кафе во филџанот добиен гратис со кафињата (многу битен детаљ во муабетов) и гес ват - полошо кафе ми се нема погодено во живот. Песок со топла вода. Дечко ми вика ќе ме помислувал на секое одење во Венеција денес - ај на цуци убавото кафе е прекрасно лаксативче. Ќе романтико.
Денес не ми се меша со луѓе. Во дилема сум дали да се потсетам колку постигнав или да си раскажам што видов во животната слика. На кусо речено, единството од духовно-материјален сублимат е пастелна убавина на умот структурирана низ налетот на временската димензија.
Денес конечно ми дојде.Се чувствувам како ѓаволот да излегол од моето тело.Се чувствувам среќно и позитивно а не осамено и тажно.
Кoј o чему јaс зa кoлешките. Еднa денескa ми рече декa честo сум јa прекинувaлa дoдекa збoрувa и тoa нели, не е културнo. И рекoв -aкo не те прекинaм немa никoгaш дa сoпреш. Еднa мислa јa кaжувa пoлa сaaт, пoчнувa еднo, се нaдoврзувa нa втoрo, пa нa третo, нa крaј дa зaбoрaвиш зa штo е рaзгoвoрoт. Мoнoтoнa интoнaцијa дa не спoмнувaм, милиoн детaли небитни нaфрлaни, истo. Јaс збoрувaм брзo и oтсечнo. Акo те прaшaм нештo кoнкретнo oчекувaм крaтoк и јaсен oдгoвoр, не целa истoријa. Удaв.
Денес почнуваат зимските слави, денес е Свети Димитрија или попознато народски како Митровден, што значи денес ќе се јаде и пие на слава Имам за одење кај баба ми и кај другарка ми, ама ќе ги распоредам одењата на двете места во два дена да бидат, јер како ќе го собере овој мој кутар стомак цело тоа јадење и пиење во еден ден
Илузиите се секогаш во нераскинлива врска со емоциите. Уште еднаш ми се докажа дека лицемерието е водечка сила за опстанок во светот на возрасните. Емотивноста е само вишок во целата слика на идеални идентитети. Порција психолошка анализа од луѓе кои не ме познаваат ниту 1 процент. Десерт од цврсто држење до себе од моја страна сервиран за нив. Некаде измеѓу избледуваат сите сеќавања на беспомошната јас.