Денес дознав дека заразно сум де смеела... Јас не се смеам од што е смешно. Туку ти коа ќе се насмееш нема шанси да не се насмее човек. Јас :
Денес е ден 2 за слави Денес едвај се воздржав да не си купам кармин, имам 100 кармини и пак на крај само црвен ставамАма овој ми остана во мисла бе, немам баш таква темна лилава мат боја
Денес имам 14 подточки на to-do листава + трипати испаѓам од дома, еднаш за во држнавна институција каде што го искористија убавото, сончево време за да си испазарат додека надвор има редици. Од три шалтери, еден работи. Баш им е лабаво, да ви кажам право. Ако решам да останам во државичево, ќе си најдам работа на државно и ќе си терам мој бизнис у слободно време. А што да не?! Драга Саветка, кога требаше да станев за досега да бев завршена, пошто беше semi-dark кога станав? Тајм менаџментов ми вришти. Пишувам додека чекам да се експортира фајл шо побрзо ќе се експортираше ако типот лично ми го донесеше од Острелија. На ЈУ ЕС БИ. Денес, ме напнаа за мачето. Малку јаде, многу јаде, ладно јаде, топло јаде, ладно му е, топло му е, апе, гребе... ама го замарате, затоа ве апе. И јас би ве апнала, искрено. А камоли дете да имаш?! Зошто така ми правите бе, особено на вакви напети денови? Денес, Благојчо Аризанов - поздрав, Благојче! - вика, ако немате мотивација, не сте среќни. Се согласувам, Благојче, само дој поседи 10-тина дена окружен со малограѓанштина и ѓубре и смрдеа и сиромаштија, па пробај да градиш внатрешно велелепно царство додека надворешната вукојебина се распаѓа. Едит - забораив. Си инсталирав плагин да ме потсеќа да трепкам! ХА! Го допревме дното, нема подоле. Ама помага, јбг.
Пoнеделник, мрaчен и мaлку тaжен. Пoкoндурени сељaнки штo делaт сoвети oд типoт нa дедo ми (Бoг дa си гo прoсти) -кoј нa друг грoб кoпa...дрн дрн...врв нa нивнaтa мудрoст. Денес киселa зелкa зa ручек. Њaми.
Си напраив салата и седнав да разгледам тоа тефтерите. Евалуација за 2019та, ја чувствувам како завршена,а уште малку и официјално. Ептен сум еВалуирала, беее.Платата ми се има зголемено дупла од рок од неколку месеци, две фирми сменив, еден нов сертификат добив. Ми иде браво да си речам, да се штипнам и една ракија да дрмнам. Али стресно беше, нервозно доста али вредеше, офкорс. Само едно нешто не завршив, знам дека годинава ќе го почнам....Има време, неколку недели. Сега полесно се дише, полесно се планира, со права насока. Едвај ја чекам новата година.
Ни за турско кафе не сум веќе ни за бутурки. Како бе порано живеевме само на кафе, не можам да си објаснам?! Да ти се сневиди у памукчињата нежнички и меки. Ќе поработат некоја година и одма капитулација. Еден филџан испив и срцево да може па и зумба ќе заигра. А прстињата па да не зборам, еве на автопилот се, куцаат 3 за сто.Како на времето кога ги свиревме тие етидите во милион-осмински тактови, кога само следиш до кој ред си додека прстите ти ловат дирки како улави. Абееее, само уште за електрично ѓезве си Мишело, да си го мавнеш по глава да ти придојде умот. А му викам пред некој ден, уффффф цуци само уште едно вакво и ТОП СМЕ, СПРЕМНИ, КУЈНАТА ЗА МЕРАК НИ Е. Оди ај прилегни си малку и ауф.
Она кога збор повеќе те заболува од физичка болка си го доживев денес на своја кожа. Едно рандом дете на буска ме поттурнува и ми се обраќа со "извини тето". Т Е Т О!? Језда сум со подочњаци и брчки на чело кога ќе се намрштам али толку стара за тетка не сум, жими мене.
И така се роди генерација воспитувачки и негователки што ги учат децата да ги викаат на име. Пошто “тето“ е навреда за нивната младост.
Ќе ме нема два дена и го нараниле попара мачето. ЛЕЛЕ ШТО УБАВО СИ ИЗЕДЕ, СЕ' СИ ИЗЕДЕ, СИ ШЛАПКАШЕ. И ОД МУСАКАТА СИ АПНА после, сите компири ги изеде. Абееееееееееееее........ е ај, како да не те апе после? Оставено кутија со сува храна, цело ќесе со јадења за еден оброк - само отвораш и даваш. НО НЕ, попара ит ис, за да не научиме животно што е карнивор (а не омнивор) по природа, да не јаде многу месо. Психички се спремам за чистење мачкин пролив денеска.
Сабајле седнав да работам целата накострешена, уште не седнала на столче ама битно она дошла спремна да се кара, да испор'же на сè околу себе - чивава муд он. Богдачува сум некои денови. Кога оно, сите за по една цунка. Па и на кој ќе му драмиш ма, сама си, ај таму чилкај си и мрткај прстиња во термо чорапките. Си пуштив книга-тралалајка, ги опцув главните ликови (пошто ме фати вртоглавица од смири се-скарај се врскичката нивна) и отиде денот. Арни тоа аудио книгите.
Денес имам бура и во душа и во глава. Денес донесов битна одлука. Денес плачев како мало дете. Денес се скршив. Денес сакам само да заспијам, па кога ќе се разбудам да видам дека поминало.
Денов денес лООдница, како фатена во рацете цел ден. Врвот беше тоа што скроз ноншалантно си пуштив шумлива таблета магнезиумче во супата наместо во чашата со вода. Оп, мислиш секој ден си пијам магнезиумска супичка. Имам ли ум во главата бе некогаш, што ми е? Не бев пијана жими мене. Ми отиде зијан цела супа, со мерак сецкав и варев зеленчуци. За што? За да се накрка вц-школката, за тоа.