Денес-едно двоумење решено ... Се е бајно,магија,ма лептири на сите страни ... ... интересно ,ептен интересно, ...
Помина времето кога критиките и пофалбите имаа влијание на моето расположение. „Види како ме фалат, мора да сум стварно нешто посебно" па главата горе па прц прц. Сега јок. Сама си ги знам квалитетите и недостатоците и никакви коментари не ме потресуваат. Ниту комплимент може да ми направи ден, ниту критика може да ми расипе. Една од причините зошто газолизачите не ме сакаат, не допира до мене нивниот "шарм". Синоќа сум заспала гледајќи филм без да наместам аларм, се разбудив пола саат покасно и пак бев прва на работа. Медаља.
Малку ми беа 8 саата работа+плус спремање колоквиуми, и ме акна PMS-от у глава и додека си идев дома плачев, и на крај фатив цел стан го светнав го исчистив гланц, и уште алишта да исперам и ај нека заврши денот и нека ми дојде глупата менструација.
Се пречекавме и се испративме, со неколку ненаспаванки ја прогурав неделава. За арно, за убаво. Петоче златно, да си прозевам на мир.
Морнинг. За појадок -кафе, овесна каша соС овошје, супа. Требаше да биде убав викенд ама мала домашна кавга и збогум убавино. Седи сега два дена пред тв и гледај филмови. Цркни. Мораше ли во петок да се караш?
Недела? Ха... Пак сум на мисла дека денов освен млитавост, не покажува други знаци на живост Да имам магична моќ би го избришала од календарот, а би ја дуплирала саботата. И така, неговото ценето величество, викенд, ќе добие пулс и атмосфера во ритам.
Недела во знакот на преметнат нерв во предел на десен бут и прилично јака болка која не поминува. Јапонски јаболка и чоколадна баклава. Мекици. Што е многу, многу е. Ама па, Цеца син жени денес, се е дозволено.
Денов денес - превриено турско кафе. Магарешки трња голтам цел ден. Грлото партали, синусот свири на тромбон журка прави. Уште да се јави на линија тетка Мигренче да каже дека гледа Супер Бинго и можеме да го заокружиме денов во ритам на оваа прекрасна идила во мојот организам.
Се метлеам бескорисно на Интернетот и изгубив пола ден во куцање мејлови. Сабајле кога станав имав некоја безгрижност и си реков, еееееее денеска денов треба да се преспие. После сама себе си направив фрка дека имам за работа и дека нема да стасам, и еве сега ме боли главата, а пак гувеам, само сега гувеам со анксиозност. Животе, климо без инвертер во ноември.
Нема толку тапа ден, колку што јас можам да сум во некое тапа расположение. А денов беше доста солиден, па и нешто од горе. Да кажеме дека само дишав денес бидејќи сакав, доволно е. Одам да се истуширам и ќе спијам. Ако не се рашенам, ама тешко.
Денес е голем ден, со душа чекам телефонот да заѕвони да знам на што сме. Имам земјотрес во душава, трема и неизвесност. Или ќе се радуваме и славиме, или ќе чекаме трета среќа. Ама мислам дека ова е тоа вистинското
Денов денес... слободно не мора да се случи. Некои работи од корен мора да се сменат, а не знам како...
Денес... спиена сум три саати. Семинарска и есеј оддадени. Задоволна сум, и те како. Ама прокрастинацијо, љубов моја... крајот ќе ми бидеш. Ми се јаде бурек со спанаќ, во кревет, дур гледам цртани. Денес ќе е ден за лежуркање и четири во вис. Нека.
Седум станата, кафе за освестување на маса, чистење и ручек ставање а у меѓувреме садовите. После завршени домаќи работи иде на ред домашна и учење со малата и додека трепнеш се сторило време за работа и школо. Спремање набрзинка и сиктер двете по своето. И еве на работа глава паѓа ама ќе се издржи до осум. Е после кафе и некоја серија, малку гушкање по дома и кревет. Ваљда нема да дрма пак. И така... ко у бубањ.
Некогаш ми се мрчи за луѓето и нивните измислени проблеми. Ама многу сум културна не можам на глас да кажам или пишам. Ради себе, не ради другите. Некако глупаво ми звучи. Како сакам да ги изредам сите, да му кажам и ланско и оломнанско. Недоквакани.