И повторно со она моето- само да преживеам до петок! Ќе преживеам, имам ли друг избор?! Да му се плукнам на животот и на моите избори кога преживувам од петок до петок. Така да држте среќа... да се опаметам!
Црн петок утре. Да одам да се измешам со толпата заради ситници што ми требаат и на кои сигурно нема да заштедам многу алиииии...зошто да не барам паркинг еден саат, да не се гужвам по продавници и да не чекам вечност на каса? Петок е а јас мидл ејџ домачица, имам ли нешто поинтересно за правење?
Експортирање, мај олд френд. Нема да отидам на вежбање една недела и ќе ме скине кичмата. Некој добил генијална идеја да го откажеме Гугл драјв и да преминеме на друго клауд-че и гес уат, газоболка е ама скроз на скроз. Имам уште неколку други газоболки ама ова предничи, заедно со крахчето на социјалните мрежи по повод празникот утре. Ме заболе цеф, него не можам да завршам за денес на раат и морам да се метлеам по Интернетов.
По грешка сум купила максимајзер наместо обичен прост прслук. Наздравје пари фрлени во ѓубре. Па и како прав аматер, ја искинав етикетата, фрлив фискална, опа-цупа ќе те переме, а тоа очите ќе ми ги извади картончето кај што пишува максимајзер. Кај и да е ќе гори Планета Пајнер, доаѓам, ова е пророчански знак. Арно знаев да си седам дома да не зјапам у глупости, не сум у форма.
Денес ќе се прибираат цвеќињата, а што убаво се расцветале, дури жал ми е да ги внесам. Шмркам кафе, глава ме боли, нешто не ми се работи ич. Летаргија 99.9 %
Јас мислев одамна завршена сум со школо и школски активности, кога оно НОУП, НАТ ТУДЕЈ. Сонував како сум се успала на втора смена за на школо и нели, да биде по така со суспенс елементи новелата - правам писмена по математика за која нормално не сум учела. Па ајде колективна потресотка, да најдеме збирка да реши цуцето некоја задача во 5 до 12 за да не оди на школо со рацете у џеб. Не знам, не знам, вакви испади немав кога стварно правев тестови, па математика па никогаш не ми била страв и трепет, не ми е јасно што е со стресовиве на овие години. Може е наговестување дека треба втор факс да си упишам, дивота. ПМФ, ево мене ја дошла да распалам.
Денеска укапирав дека мачкава знае да апе alright, ама не знае да џвака и да кине парчиња од поголемо парче. Пошто Дузи и' сечка, гмечи, пасира, топи и слично. Како мами4ките што им блендираат јадење до прво одделение сум станала без да приметам. Скршив малку ослиќ - од мек, помек - и 15 минути се вртеше, го буткаше, го фрлаше, го апеше... со судни маки го изгриза. А кожичката ја оставило. Оти фуј тоа какано во светот на нејзиното величество. Знам, знам. Сама ќе се испратам - и од утре на режим со џвакање.
Излегов до пошта да си ги соберам нарачките од нет, си подрипнувам по пат во к ми е д ми е елемент, кога гледам ми ѕвони лепи громе мој целиот узбуџен - ЦУЦИ ТИ КУПИВ СПЕЦИЈАЛНО ЧОКОЛАДО!!! Фала, а зоштооо, по кој повод викам. Така бе па, ми се допадна и ти го купив. ГАРАНТ МИ ЦВИКНАЛ УШТЕ НЕКОЈ КАБЕЛ! Сега под стрес сум, којзнае што ќе ме пречека дома. Само ако е Киндлето, пеш до Америка ќе го пратам по ново Киндленце. Само стресови денов, раат да не си од мислачки.
Денес конечно се наспав и се наполнав со позитивна енергија, сега да се нашминкам и спремам и да излезам
Сочувство. Според мене најдобро испраќање е она кога не се испраѓаш со некого, кога го нема оној крај крај, знаеш, така вечно останува да живее во тебе позитивно врежан во твојата меморија. Јас баба ми која почина скоро ја имам вмрежано во меморија како ме испраќа до врата последен пат и ми вика: "Чекај, чекај да ти дадам нешто" и ми става крем бананче во џеб. И да сум сакал, поубава последна средба не сум можел да имам.
Не можам да ги сфатам луѓето што глумат добрички, зошто е тоа потребно во овој светтттт.........И во сите други светови? А, исто така и оние шо се сликаат одозола со камерата. Па ќе си помисли човек дека не сакајќи се уклучила камерата дур сте пишувале нешто.... Па толку па да не се мисли
Зошто кога рекламираат препаративна козметика се нашминкани? „Тоникот ми ја светна кожата" „Кремава прави чудo за мојата кожа" и ја гледаш и слушаш 15 минути као дрдори и чекаш да дојде момент кога ќе се појави без шминка да ја видиш таа чиста и блескава кожа и нормално не дочекуваш. Уште две недели работа и после Божиќно и Новогодишно уживање, барем така е планот. Денес пазар и спремање за журка.
Станав да се напијам вода и здогледав на завесата нешто темно закачено – имам фобија од инсекти, па кога фатив крвнички да мавам со една книга што ми беше под рака, прозорот ќе го скршев. Се наведнав да видам што ѕверка сум утепала ...... тоа да ти било закачено ливче од цвеќето. Добро е тоа што спијат повеќето во тоа време, инаку комшиката сигурно ќе ми се ѕвонеше на врата да ме праша што тоа кршам по дома.
Година дена за да се сетат да пишат порака. Ко мачиња предпразнично си бараат друштво. А супер си се опуштив со божиќни филмчиња, пазарувања, кафиња... па оп, ете ти а зошто вие се договарате за Нова, а зошто не не прашувате, а кај сте да барате за кафе, аааа ама не, јас не можам да мрднам од дома. Празнични хуманитарни цели? Хмм, може. За луѓе кои те заборавиле дека постоиш? Ај, не.