Некогаш сум стварно богдачуваитн, се гледа ми фали социјализација, ко збесната некоја. Се спомна празнична собиранка таму за викенд и како да ви кажам - еве спремна сум, сè сум средила! И поклони купив, завиткав, правев глупости, изведував дизајн-иновации, караоке листа чекд. Сега ќе пцовисам од нетрпение дури чукне саатот. Која појава, како сум тргнала, не ми бега титулата ГЛАВНА И ОДГОВОРНА и тоа нат ин а гуд веј. Ништо чудно да бидам мамичката што ќе напнува за новогодишна лотарија во градинка, мами претседница на школски совет, бабата што ќе има фикс-идеи и ќе организира еднодневни екскурзии или битна дешавка со пензионерска обиколка за Велигден... Абе сериозно, шо вакво ми е?! Није добро, ама ваљда ќе пројде ова и ќе си најдам нова занимација по со време така.
Не сакам да имам денови како овој што помина, не вреди. Не сакам да продолжи вака, не ми одговара иако имам потреба, и не вреди на крајот. Или така ми изгледа. Но не ме задоволува. Не ме задоволува ситуацијата во ниту еден случај. Баш денс манки сум денес
Ќе дојдев да мрчам како не сум јас за журки и гласни музики, пензионерка, интроверт со тапија, бла-бла-бла, смрт за сите неудобни штикли итн. Абе НЕ, НЕ и НЕ, нихт, најн, ноуп, но. Сечи. Дајте ми уште луѓе, галама, муабет, па и на колци-штикли ќе стојам, ако треба и ќе играм. Е денес малку работна сабота демн, мора нешто да зезне математика. После ќе пакувам поклони, па ваљда така ќе урамнотежиме сè што забегало во текот на денов.
Дa си гo пoчитувaш мирoт, тишинaтa, удoбнoстa нa креветoт вo кoмбинaцијa сo дoбрa серијa или филм е сoсем oк. Нo aкo пoвременo (мaкaр и еднaш гoдишнo) не знaеш дa уживaш вo дoбрa журкa сo глaснa музикa, дa тaнцувaш сo луѓе штo едвaј ги пoзнaвaш, дa се нaпиеш мaлку пoвеќе oткoлку штo требa, дa се смееш глaснo сo сoлзи нa oчи и дa oткaчиш (не сaмo сo тие двaјцa или трoјцa пред кoи се чувствувaш слoбoднo)...не се вaди сo интрoверт сум. Нештo не штимa, пoгледни штo е и пoрaбoти нa себе. Денес е убaв ден, вo oчекувaње уште пoубaв дa е.
Денес дознав зошто ме тера на плачка цело време. Интуицијата не ме лаже никогаш... Се јадам во моментов.
Седнав и јас да го гледам marriage story денес и ми здосади па го исклучив. Прочитав на нет како ќе заврши и исто како да сум го гледала. Лошата глума на Скарлет ме одби, плус нешто што може да се разреши со еден разговор го влечеа ко да гледам сапуница која знаеш дека намерно ги остава работите неискажани за да ја гледаш до крај. Ноу. Уште една недела работа и после сите 4 во вис. Хепи.
Денов ми е како парче евтина торта со шампита, на моменти убав, на моменти кисел. Бар едно куче и едно дете нема да си легнат гладни денес. Ќе пукнам од мака, а фин ден ми беше. Мора малку да обуздаме узбуџења или да фанам да направам нешто поконкретно, трето нема. Мачката потерсен не можеше да биде. Иста на мајка и'. Не сака внатре, не сака повеќе јајце и баланс (следствено не кака редовно), не сака да ја галиш, не сака да ја држиш, не сака ако одиш (малку) побрзо, не сака ако викнеш погласно, не сака играчки што свират, не сака да пие стоена вода (исклучиво свежа), не сака ладно јадење, не сака претопло јадење (дали дувам на варени копанчиња за побрзо да се изладат? одговорт е да), не сака сува храна (ама јаде од мука оти ја дисциплинирам ), не сака да ја игнорираш и дефинитивно не сака ако обрнам внимание на кој било друг освен неа. Особено не на кучето. Сака варени копанчиња, да лови вештачки глувци и да апе. Ете тоа сака. Дм уште од сега загрижен, како да се припитомела. На бајачка ќе ја носиме, нема друго. Да се чисти или не, прашањето е сега.
Тие што ќе добијат новогодишни поклони од мене годинава, се сомневам дека пак ќе посакаат да ги дарувам. Диос мио еспирито санто & вирхенсита линда, ама ако ова се пакувани поклони...мајко мила, се надевам дека никогаш нема да се вмешам во некој таков бизнис. За живи срамови сум, НЕКОЈ УРОК МЕ ИМА ФАТЕНО, јас не бев волку трапава во рацете. Треба можеби да захефтам картичка за извинување, оти самоутехата дека "содржината и помислата се побитни" не палат. Нешто вознемирена сум, не сум во елемент годинава.
Кој рече дека се радувал на полно сандаче мејлови насабајле? Реторички прашам. Пошто очигледно тој некој никогаш не се разбудил со полно сандаче мејлови насабајле. Тенка е границата меѓу очајна домачица и претприемачица. Во еден момент си работиш, во друг ставаш запршка на гравот. Кој каков филм ќе си направи, у таков ќе си живее. Ете така. Ти и' пржиш јајца, она гуштери јаде. Го ископала од којзнае каде и после пролив, епа пролив. Или запек, нешто од тоа. You can take the cat out of the street but you can't take the street out of the cat. Спојлер Се шалам, ок е. Предатор си е предатор.
Денес сфатив дека очајно ми треба некој блутут звучник, да можам раат да си одржам концерт додека се туширам и фенирам коса. Вака не се постига. Де таму стави го светиот телефон да не му паѓа вода, де ваму пикни го, па не го пипај со мокри раце, абе ми идеше да го џитнам у умивалник па таман да грмне цел кат од појачањето. Нема ли да си купам, уффффф.
За тоа низ какви ствари поминувам и се издесија, супер се држам. Изгледа сум пораснала, или ми е сеедно. Не, не ми е сеедно, уште се замарам. Штом се замаркам, не сум ни пораснала Ооооох
Ми се увртува обично една песна или стил на музика во глава и цела недела само тоа слушам, па после нешто друго и така. Оваа недела срам ми е да кажам што (ова ко да го имам кажано повеќе пати) Последен работен ден за оваа година. Уште малку да отвориме виното, да си кажеме некој убав збор и да пуштиме мозок на пасење
Денес, цел свет во обид да е интересен. И премногу слободно време не е на арно. Ми честитаа роденден, ми ја пофалија косата и ми отворија врата два пати во изминатава недела. Ок, ту мач крисмас спирит пробабли. На дневен ред, а литл лес драма енд а литл мор сарма. Ај ќе се испратам.
Денес сабајлечки се успав,сум исклучила аларм.Стигнав на работа ,изигравав мајстор едно пола час,а остатокот тапа,нема кој да те опцуе шо се вика.Всушност не знам што се мислам кога три дена со ред е така..дал ради славите,дал ради парите .Ама се надевам нема викендашки да има повици за со болка...Денов трае се надевам ке има промени...