Што ми се деси, што се задеси немам појма ама нешто ме трефна се размрсулавив на Стар Ворс како некоја нетокму. Па тоа липање, мрсул-парти, бруки. Едно комбенце да си викнам на домашна адреса, сама ќе си влезам без притисок, ноу раш, ноу биги. Ми пројде така малку кога се разлигавив по едни штикли, како мало девојче по Барбика во принцес фустан, е баш така. И овој момаков мој, вика - цуци овие ко за твоето стапалце правени, да ги зимаме уште утре ако не. Еве се залетав да ги земам, ќе пукнам, па ако треба и боса ќе одам ама пари не давам, за овој месец толку од хировите. Ама другиов нема ли да ги купам, мамето нивно. Те го дека е први. Штраааак, штрааак, штраааак како штркла после со нозете летви. Дисклејмер: дома ќе ми стојат за украс, освен ако не се настегам у Кам да идам да си пазарам со ципелки. Па и ќе се настегам и у диско ќе одам, проблем ли е.
Денес сфатив колку сум неоптимизирана неделава. А шо па морам цело време да сум оптимизирана? Затоа и сабота ќе си работиш. Јеботе и Крисмас и све. Денес исто така сфатив дека форумот има work from home emoji - Ајмо и други пациенти, овај, колеги, да го присвоиме емоџито.
Сум заборавила да го извадам ластичето од пилето пред да го ставам за печење, она што му ги држи тоа буткиците. Резултат - гумирано пиле
И денес се мачам да дочитам е-книга. Не е тоа тоа. Да вртам страница по страница можам цел ден, ама ова не оди и не оди.
Денеска уште ме држи расположението од вчера, а воедно со нетрпение го чекам и утрешниот ден. Но не заборавам да уживам и во сегашниот миг Убав ден е денеска
Да постоеше начин да се врати времето и да се прескокне одреден временски период, тоа без исклучок ќе беше денешниов ден... За две минути се отиде у ку*ац ...
Денес сум тажни4ка. Како да ќе раскинуваат овие у серијава, а зацапана сум во нив леле мајко. Ај бидете си, ќе средиме ќе ја наредиме некако, што дека не ви оди па, пфффф. Вака се немам лигавено од времето кога пукна тиквата меѓу Серена и Ден. Навистина претажно.
Некогаш напредувањето значи да се вратиш чекор назад за да направиш чекор напред. Ми требаат минути без сето она кое се сретнува насекаде, без обичноста, недопрени од сите кои потонуваат во сопствените зборови упатени кон други. Никогаш нема да сме свесни кога нашето поглавје станува здодевно, чуено, видено, ако одново и одново го препрочитуваме истото со восхит за (не)оригиналноста. Време е за повеќе.
Вртaм тв и гледaм нa мрт сoбрaни еден куп дечињa и еднo јa пее ,,Last christmas". Глaс ни зa лек немa и се клaдaм декa oд тoлку децa тaму сигурнo имa сo пoубaв глaс штo мoжaт пoубaвo дa јa испеaт, oвa нa некoј глaвуч дете е сигурнo, a?
Се нацртав во кујна во 6.30 рамно, да пијам турско кафе ко да не сум видела кафе во животот. Ама сериозно крв ќе капнеше ако не сркнев кафе во раните зори. После пак си легнав да си го дособерам сончето уште еден саат. Дива лига. Закон било тоа електричното за кафе, се осеќам многу просветлено. Сега има госпоџа главна да се сторам, со звук на сркање што пробива и звучна изолација, со бапските филџани поткршени за вечи дојам, со пет кафиња у ден...ма родена сум за буџетарка. А јас не, најн, ноуп и не, претприемач...еве ти претприемач.
Петок кежуал го пешачам до работа, со ранец и со ниски чизми кои се исто толку тешки колку сите други високи, со висок лелеав реп, кој го правам 15 мин за да изгледа лабаво.Кога ќе стигнам, ме чекаат ханибали од сите страни, како последен ден да е на топката и првото кафе го пијам сега, со чувство дека стоело во замрзнувач од вечерта. Откако ќе го испијам така добро оладено, ми текнува дека обавезно негде се иде за викенд и јас треба да направам некој сендвич, евентуално пита за по пат. После работа договорено кафе, едно од многуте шо ги прокрастинирам секој ден. Време? Пуштам музика па нека гризат колку сакат.
Цела недела откровенија. Денес укапирав дека варам копанчиња и купувам специјална мисиркино-зајачка храна за пола улица мачки. А баш се чудев како јаде толку многу. Епа не јадела само она. Ова мутлево само со мене се сили и апе, други кога му јадат од чинијата стои мирно и гледа. Иста како мајка и'. Смотана. Ај да беа улични и фини, со задоволство ќе ги ранев. Ова лошотилак мачкетини од комшии, 'ржат како кучиња и ми го плашат мачето. А џигерот никој не ми го јаде. Ни домашнава, ни комшиските. Па ти Дузи, овај, Џани пак клокоти го 2 саата на скапата струја. Таман ќе мотав поклони, ми снема салотејп. Денов е измислен да си легнам.
Денес вежбав потрошувачка самоконтрола од купување тракатанци што не ми требаат. Аииии, јуначки издржав и сама си се чудам како додржав цел ден, ама многу е тешко на моменти. Сакам снег да заврне, доста веќе сивило.
После цела недела у кафани денеска се разбудив со најфилозофската мисла на миленијалците, а тоа е 'што правам со животот'. Битно перформанс имав вчера, срам ме јаде коа гледам сториња и видеа. О п р а ј. С е.
Денес нешто ме тера на плачење уште по сабајле. Не знам дали поради крајот на оваа година или поради она што ме чека на почетокот од новата. Смислувам план како утре да се изгубам на 1 ден...
Си трајваме у темава, а? Денес тепачка по маркети. Ми се темни од помислата. Ќе печевме свинско со суви сливи. Аха, важи. Оди тепај се за замрзнати пирошки сега. Ама не можев и тоа да го мислам, а богами ни дм. Дај шта даш ќе биде. А нешто и уво ме поднаболува. И си потшмркнувам, ама тоа оти ми студи, не можеме да се стоплиме. Прекрасно. Живот на просечен peasant во Мк зиме.