Батали Нова година, дај 8-ми Март. Ниту за испитна не се планира толку колку што испаѓаат планови за после тоа. Досега прошетани во мисли Барселона, Милано, Амстердам и Лугано. Кај и да е ќе се прогласам за отселена.
Кoлку гoдини пo ред велaм декa oвaa Нoвa без рускa ќе јa пoминaм и еве ме пaк сецкaм. Причинa -немaм ништo другo зa спремaње пoштo се купенo ќе ми е a сaкaм дa се нaјдaм вo кујнa кaкo битен дел oд дoмaшнaтa нoвoгoдишнa aтмoсферa. Плaнoви зa другaтa гoдинa -здрaви и живи, без дрaстични прoмени (oсвен нa пoдoбрo aкo веќе мoрa) дa шетaме пoвеќе...тoa. Oдoх.
Денес со дм ќе вдомуваме мачор од стационар, 10 години стар, наа толкав, се вика Боли и е маза невидена. Ќе се гушкаме тројцата уз мезе и вино. 2020 ич не мора да дојде. Денес совршено е и вака.
Денес со драги луѓе дискутиравме околу промените кои сакаме да ги направиме. Секој си кажа за себе и воглавном тоа беа промени во навистина суштински и важни сегменти од животот. Јас денес ама баш не бев расположена првенствено да мислам, а ниту да разговарам за се она што вистински ме мачи, па си одбрав една ( споредбено со одговорите на другите) површна тема. Сакам помалку да купувам козметика! Која е потребата од 4 пудри, 3 коректори, 5 руменила, 4 гелови за туширање или млека за тело? Да не зборувам колку лакови за нокти, кармини и моливчиња за уста имам. И тоа сите се во некои слични нијанси. Решив до почеток на летото дека не купувам буквално ништо, туку ќе ја трошам целата залиха. Ќе направам една чистка и потоа со строго дефиниран список ќе одам на шопинг. Па не може веќе на секое одење во ДМ да излегувам со милион глупости и сметка од минимум 1000 денари! Еве првата резолуција во Новата година ми е ова!
Има денови кога ќе се видам у огледало си викам damn, 10/10 would bang. Има денови кога се осеќам ко компир со две раце и нозе и си мислам како воопшто постои вакво суштество. Денес е еден од тие денови.
Денес е сабота, а јас (се надевам за последен пат) со огромен страв и немир го исчекувам петок. Само да осамне тоа петочно утро, па со кој и да е исход.
Спиење до 12 е луксуз. А за воља на вистината го практикувам (скоро) секој викенд, оти е мм дома. Ме буди на рати само за доење. А кафето си стоело на масичка од 9. За да биде идилата комплетна, повторно завршив со чај. Од кога му се спремам на црното турско, бре! Дај веќе еднаш опушти се! И цигара. И по некое коктелче. Денес ми фалат пороците во кои уживав. Та почнав дури и да го замислувам денот кога ќе им се вратам. Може и ќе ми помине. Па ќе бидам безгрешна. Има безалкохолно. Да го дружам демек и да "мавнеме" брза географија. Увек ме победува. Како за некој што доста самоуверено "истресе" Танушевци, а мислеше на Тангањика у дел езеро, нормално е да губи. А зошто ништо не ми се прави денес, освен што ми се седи дома и ми се ужива стуткана под ќебенце, во хаосот од играчки што "магепсува"? Ако стварно излудам еден ден од ова, цигари да ми се носат во институција. Со право ќе бидам порочна.
Се мислев денес дa јa згoтвaм Бaдникoвaтa вечерa и утре сaмo дa пикнaм вo рернa дa пoдгреaм. Амa, мaж сaкaл фреш фрoм ди oвен a негoвaтa желбa нели мoјa зaпoвед е, пa зaтoa утре ќе се гoтви. Дa мирисa Бaдник нa сaрмa, рибa, грaв и дoмaшен леб. Едвaј чекaм, oмилен прaзник ми е
Денес... вртлог на емоции. Ден-година. Ме тишти светов. И можда треба да се свртиме кон conspiracy theories, луѓе гуштери и остали срања. Не сме ние за планетава. Не ја заслужуваме ни под разно...
Баш убав ден. А и перидов е како создаден за да се правам мутава и јас еднаш во животов. На кој му се брза нека поита, јас ќе си се движам покроце.
Денеска ми е прекрасен ден. Не зашто е празник туку зашто мене ми е празник во душава, и нека потрае вака.
Годинава паричката се падна кај шо не се паднала со години Кај мене после 9 години, а кај мајка ми од кога дипломирала, после повеќе од 25 години. Ќе ја уживам годинава и ништо друго не правам
Бев ли до маалската пиљара да си купам пиперки уште од рани зори - секако дека да. Ми се јадат полнети пиперки, ми се плаче. Тоа што никогаш немам правено полнети пиперки па да не зборам. И некако ич не ми се потресува дали ќе ми оди зијан јадењето, па нека испадне и каша чорба, битно јас пиперчиња ќе си наполнам за ручек. И ќе си ги изедам. Големата филозофија па, запржуваш таму, полниш, затвараш и ајт со здравје. Вака кога не се замарам, најубавите јадења ми испаѓаат. Родена да бидам во к ми е д ми е расположење.