Старата година заврши, новата почна, а мене секојдневието уште исто ми е, замисли. За малку ќе почнев нов јазик да учам, од досада луѓе свашта прават. Добро е што се свестив и откажав. Како можат некои цел живот да бидат нечие протеже, не ми е јасно. На почеток малку некој да те турни да кинисаш, разбирам, ама ова? Трамп го ѕирнав да видам што има да каже за кавгата со другарчето и не го дослушав, не можев. Ќе прочитам накнадно. Која фигура еј, колку глупи се ова Американциве. Ко нашиве додуша.
Прва вест утрово, починала Неда Арнериќ една од моите омилени екс Ју актерки. Сега песнава не престанува да ми се врти низ глава ..почивај во мир Неда.
Денеска ќе бидам добра кон себе, не само кон другите. Можеби ако ја пренесам оваа мисла во зборови, ќе ми биде полесно и да ја исполнам.
Демек ќе чистевме, цел ден го поминавме валкајќи се. Загаденово ме одвраќа цел ден од шетка, гнасно. Среќа па зароси, се растрга. Можеме да шетнеме. Деновиве имаше некои родендени , ги честитав само. Да не бидам и јас како Кери Бредшо кога и ги украдоа Маноло Бланик од 500 долари. Кога и текна колку ја коштале изборите на другарката. стан, веридба, свадба, едно дете, друго дете, трето дете.У рок од тие години тебе 5 родендени , имиња , дипломи ти поминале. Ама не се стан, дете и свадба Па трај си, не се задолжителни твоите. Да одиме да подишиме, редок момент.
Денес си резервирав одмор. Во февруари, на плажа. Дали е прифатливо да се качам на маса и да играм? Во читална. Оди сконцетрирај се сега, а ко да не полагам утре. Ама утре за утре. Денес ми е топ.
Денес за прв пат после долг период се разбудив без нервози и се чувствувам секси ма да знам дека кај и да е некој ќе ми го заебе денов ама нема врска.. барем утрово ми се погоди Имајте прекрасен ден сите
Денов вклучен на центрифуга, а брзините ја мешаат програмата. Класата ефикасно ја заменив со макотрпно. Не сум јас за постпразничен одмор.
Денес цел ден правам планови за викенд и во 23ч ми текна еден “ситен” детал- А на кој ќе ги оставам кучињата?! И така, викендот уствари ќе биде ручек и шетање на неколку саати... Ако се најде некој пет френдли ресторан (да видам да не верувам) може и со нив П.с- ако некој знае ресторан или кафич во Скопје и надвор од него во кој може да се оди со куче, љубезно ве замолувам да ми пишете.
Пркосно денес со извик, бушава азбука... А толку не ја милувам печатната буква Ш колку што грациозно израснала во дупла статива. Повеќе или помалку, опортунистички шут за човечката маленкост. Сурово-објективно декларирана изјава во форма на признание и недостик од штембил, не сум добра ни кон себе.
Кафе Ли кај Млечен, вчера едни беа со самојед до нас на маса. Има и маче во кафичот, многу е мирно само кучето твое да не го брка
Денеска, скроз непостоечка концентрација и главата некаде во облаци. Моменти на целосна безгрижност и расеаност. Среќа што немам обврски. Од утре ќе му ја мислиме
Фан фект: Кога треба да учиш, се' друго е поинтересно. Буквално. Цел ден седнувам, и никако да седнам. Ќе плачеш Сноу, ќе плачеш после. Нат рили, али ќе има хистерии во секој случај.
Густа тишина и страници на расклопување со алтернативна расправа пуштаат зрак на новиот план. Набилдан оптимизам...
Зошто сум олкава сељанка што и во Недела попладне и доаѓа да рокне турбофолк и да пее? Мој си фаворито - ито - ито. Идам да се убијам.