Денес да ти било ден на прегратките. Јас ги сакам оние кога се поклопуваш како слагалица.. ко да така треба да биде.
Слушнав како кажува Џава за Јава.. Хм... Не, не можам да престанам да јадам рајс кејкс. Значи не престанувам, се додека ги има.
Претпоставувам дека љубовта е таква…магична. Допири, бакнежи, моменти, разговори, планови за иднината, заеднички сонови….тоа е најубавиот дел од мозаикот. По некоја расправија, па пак од почеток – зближување, бакнежи, страсти…. Денес нашата љубов не е ни од блиску она на што се надевавме, она за кое размислувавме, се трудевме, планиравме, реализиравме. Денес си некој друг. Денес си некој туѓ. Денес не те познавам. Денес не ми веруваш, денес не сакаш да ме бакниш, не сакаш да ми затрепериш во прегратка, не ти недостасувам….денес имаш сосем поинакви планови за нас, не се магични, не се од љубов поттикнати. Денес не сме “ние”. Денес не те познавам. Денес не си мојата насмевка, денес не си мојата позитива и не си мојата сила. И денес те љубам. Иако не те познавам. Сеуште памтам кој беше за мене. Иако можеби никогаш повеќе нема да бидеш тоа. И не само тоа што го рече, уште многу многу полошо од тоа да дојде, јас пак ќе те љубам. Оти со тиe зборови ја изгубивме иднината, ама со ниедни зборови не можеш да ми го избришеш минатото. Не можеш да ми ги земеш спомените, не можеш да ми ги убиеш чувствата.
Денес сум дете во детско друштво. Агенда за роденденско дување во иднината и отворена желботека Исполнувањата се вклучени на најголема брзина. Може ќе провее нешто што е мое
Денес... сакам да не ми влијае сивилото. Сакам што помалку да ми влијае било што. Сакам ко во Ad astra, на само станување од кревет, правиш психо тест и системот ти шприца што ти треба да се оправиш.
Денов - клоцни ме да кинисам. Ако може Сизифовиот камен да ми се струполи да ме ѕвекне како ваљак и да ме смачка како stress ball, може па ќе се опраам така. Не знам од каде извира овој мазохизам, па јас сум флафи маче глуварче, распеан Покемон, не знам од каде ова сега, ко да нисам одавде.