Денес се нервирав цел ден. Има уште половина час до полноќ. Се надевам дека свекрвич спие бидејќи имав премногу од нејзе за 1 ден.
Денес не сум видела толку гужва во градски парк - пољубила сам паркинг што се вика и назад. Кој ме тераше да мислам дека времето е убаво демек ај никој не се сетил...
Денес чинам повторно дишам, после којзнае колку време. И не можам да се изнадишам. Надвор некој чуден топол бран, а мене топло на душичката, мириса на дожд, и повторно се смеам. И ќе си пуштам музика и ќе пијам вино и играм низ кујна со мачката во раце, дур го чекам да се врати од работа, а после и него ќе го гњавам од љубов. Денес е ден само за тоа.
Денес решив да го почнам денот здраво и си сварив цикорија. Па и дотурив млеко. Па еве, пак си варам кафе.
Денес ти е роденден ,а јас неможам ни да ти честитам .Одамна не е како што беше еднаш ќе морам да се помирам со тоа.И фала му на Бога,останале луѓе кои останале доследни на своите принципи ,и пријатно се изненадив.
Еден од оние денови кога ти треба копче премотај, и секогаш кога дојде моментот да станеш од кревет, да кликаш на него и да го преспиеш цел ден. Мислам, толку лудаци како денес што привлекував, сите глупости што ми се случуваа... немам коментар. Утре ќе биде подобро, веќе денес
Денес открив дека тарана било закон работа за ждеркање. Шо не кажувате вакви за опции па, се осеќам како третина од животот да ми минала во информативен мрак за некои работи. И секако, со душа чекам сабајле да дојде, пак да си ждернам таранче.
Денеска успеав да останам сосема смирена и присебна во ситуација во која верувам дека 90% од луѓето би избувнале. Браво за мене, браво. Значи сум можела. Нема да покажам слабост, тоа е
Денес пак срушив рекорд во пешачење се изнаодив и сеа уморна сум, ама ако! Убаво е и да си уморен понекогаш баш со звукот на дождот ќе се спие мерачки.
@Mishela тарана е закон.... па со урдичка и патлиџанче и краставиче Денес да се ровари или не, прашање е сега. Краситко надвор
Така, така. Тоа комбо го правев, лепота од оброк. Со петлите сум станала денес, само за да се најадам тарана. Нема лабаво. Денес немам работа и ќе бидам замарант. Така да си знаете.
Отсекогаш сум била од луѓето кои го сакаат дождот. Како со него да ми се одлеваат сите насобрани емоции и потоа сум мирна. И денес... Мирно е. Вдишувам свеж воздух и уште еднаш на сино мало ливче си пишувам белешка, потсетник дека има повеќе од ова што е сегашност. Не заборавам на себе. Не го оставам девојчето со големи соништа да се изгуби себеси во чекорењето кон истите. Се е подобро кога сум среќна со себе. И одеднаш нештата се појасни.
Од утре вијугите ги ставам на mute... Денес научив дека за да ме препознае некој треба да носам иста облека Кој знае уште каква мутација на Homo sapiens ја гази земјата и перцепира личности на подвижни закачалки додека некои дебатираат за следниот метеор?
@Doozy и мене ми даде идеја. Јас така си ја јадам хељдата, киноата и леќата. Сега уште еден нов оброк во менито ќе имам..
Сериозно размислувам да си вдомам уште едно маче. Да си се дружат и да си бидат другарчиња со моево, да не седи само по цел ден, а и да приберам уште некоја јадна душа од улица. Наводно, ќе помогне и со апењето ако има друштво. Нема да ме апе мене, бар планот е така. Well, еве како луѓето се решаваат на второ дете. Ај да се стационирам на едно место и да приберам уште некоја животинка. Најстрашното е што и дм ги подржува сите мои хирови за мачки и кучки, за да ги извадел емоциите на површина. Договорено е да оставиме мачето да не' одбере нас, не ние него. Веќе можам да видам како спиеме сите наредени на спалната Забегав
Достигнување на денот е кога проја со спанаќ и сирење, изгледа како макаронси. Пастелна зелена боја и воздушно мека кора.
Си ставам ќебе врз глава и сакам само да го преспијам денов, неделава. Ќе има мрчење, знам. А можеби слушалки се решение. Фина опција за да се преживее.