Некои денови толку не ми се работи, сакам само да седам и да не правам ништо, па ако може и за тоа да земам дневница ако не па. Није добро.
Ги извадив на сУнце сите несработени обврски кои ги имав у последни 3 месеца а ги трупав под тепих ...ако ми е ...пукни сега
Денес ме фана некое мини-олујче, ме наврна, се исушив на ветерот... и еве сега не можам да го вртам вратот лево десно. Шубаво. Мачката е како хобит станата. Ако ја ранам по нејзино, ќе има прв појадок, втор појадок, прв ручек, втор ручек, прва вечера, втора вечера... со три ужинки успат И неа ли да и' бројам калории? Исто така сакам да додадам дека мразам бескорисни состаноци и луѓе што не слушаат што им зборуваш. И луѓе што каснат на истоимените состаноци Денес исто така, напишав уште едно есејче по германски. Абе коа ќе дое зорт, ќе шпрехаш. Лереринот ме спрема за Ц1, ја се спремам да се селам во Канада по една година. Живот компот, ти го мачкаш, тој тече. Случајно или не, имам и ВПН, па можда ќе го уклучам у Њемачка и ќе гледам дојч серии на Нетфликс, повише од моменталноте 5-те понудени овде.
Два дена по ред бев во никакво расположение, и денес, до попладнево. Одам во маркети, пазарам и сретнувам детенце што проси некое време на истото место, а јас не го одминувам. И ми вели Здраво другарке. Не можев, не можев, ете еден зрак на благодарност, на љубов што прави виножито во сивило. Е за тоа вреди да се помага, да се подаде рака. Сепак, доброто се враќало со добро. Не секогаш, ама еве има моменти кои ќе те натераат пак да го засакаш животот и да продолжиш да сееш добрина, внимание, љубов. Тоа (детето) мене ми го направи денот, па јас му возвратив. За да види и тоа дека љубезноста и благодарноста не остануваат незапазени и игнорирани. Е за ова се живее.
Цела недела на работа виси еден проблем и никако да најдеме решение. Сите можни опции ги проверивме и не па не. Сега додека дремам на нет и читам глупости за разонода, ми светна ко од ведро небо. Доктор Хаус момент. Чекам понеделник да се потврди дека е така и да си ставам круна на глава. Го прашуваме детево да одбери каде сака за ручек/вечера и вели -на скара. Ептен сме софистицирани.
Како и сите други денови од средина на јануари наваму, станувам на сила и се што правам, правам на сила. Каде ќе стигнам вака? Кај ми е крајот, а јас веќе многу работи не можам... Уморна сум, многу уморна. Од животов, од се.
Денес ми е stress free day. Ништо негативно не може да допре до мене. Се занимавам само со она што ми е мене битно. И подобро вака! Енергијата ќе ја трошам на нешто корисно.
@Doozy направена е тема за германски филмовииииии Многу сум среќна и затоа ме мрзи да чистам Шо ќе си ја тресам среќичката
Денес е убав ден. Всушност, секој ден кога сите тројца сме заедно, а надвор е сончево, за мене е убав ден
Полн фејсбуков со „Простете и заборавете, но не за нив, тука за Ваш мир" Бич тоа не е простување, посебно не во духот на празникот. Си има други зборови, на пример...игнорирање, надминување, созревање? Да простиш си способен само кога ќе го разбереш другиот и твоето простување му донесе и него мир, не само тебе. Едно парче баклава не оставиле да се купи. Со торта си поминав.
Дадов супер старт на месецов, добар старт генерално. Но се чуствувам супер исцрпено, и не мислам дека тоа се должи на настинката, не во целост. Ми фали енерџи буст. Морам да најдам нешто за да направам круг и да затворам систем за да не се губи. Моите 5 минути во денот, само за мене.
Денов- каснење, ситен дожд и шоља кафе врз рубикова коцка. Морам да се научам да не им придавам внимание и значење на небитни персони кои ги среќавам тук-там на дневна база, затоа што знаат да ме изнервираат и да ми го сј*бат денот (по сабајле) за да ми даваат нервозен старт за било што.