Емоционална лигла, погледнав апликација, има зошто. Ако го ставиме настрана тој податок, доста продуктивен ден. Даде буст во правилна насока, придаде некаква самодовореба каде немаше, воља за да се продолжи понатаму.
Како му се израдував на дождов, се осетив ко Лото да сум добила. Среќна, среќна, мислиш се оправил Меркур после сто години. А не дека ќе правев нешто посебно, пак ќе седев под ќебе, ќе лигавев кафиња и ќе зјапав во таван. Сега истото тоа, плус мирис на дожд. И шлакатарничето пред влез, мммммм.
Ми фали време за книга, лесна, непретенциозна. За меѓу две бањања во море или измеѓу враќање од плажа и поладневна дремка.
Си одбрав купаЌи костими, сега ми иде да седам спремна со куфер, со шешир, со сè, лајк а госпоџа долу во влез дури не ми стаса пратката и одма да заминам на одмор во истиот момент кога свечено ќе ми го врачат пакетчето. Стеј стронг, систа. Преј фор Мишела.
Театрите затворени, кугланите исто така. Филмови изгледани, или не се за гледање. Нема предавања, освен едно во планетариум. Што да се прави во градов негде надвор,освен да се јаде и пие?
Каков ден човече... Цел викенд држам говори зошо не се купува поклон за 8-ми Март, минимум две недели уназад го пеам дм катадневно пошо се дрзна да ме праша шо сакам да ми купел (ништо, оти не се купува поклон, дури ни чоколадо не сакам да ми купи ), и на крај најлицемерно отидов у ДМ и изнакупив поклончиња за сите жени у потесна фамилија + за сваќата. Тоа се тие двојни стандарди и двојни аршини. Каде со тој памет на Европа? Андре па ќе има концерт у Скопје, знам кого ќе носам овојпат на Андре @Peco ај да те носиме и тебе Има денови како денес, кога си викам, фала Богу имаш два грама мозок... ама факт е дека немам. Имам интуиција. Ќе бев у карантин и ја ако не одложев некои работи... ај ќе се одморев малкуцка Битно фала Универзуме, знакот е прифатен и разбран, I ain't doing shit here anymore. Мачката се продрсна од јадење денеска. Ама начисто се продрсна. Па тоа мјаукање, траќање... чиниш од преклани не е јадена. У меѓувреме, добар дел од уличните животни се прејадени од месни нарезоци, а гладни за малку љубовче. И то. Си купив еден фустан шо нема смисла никаде да се носи на друго место освен у матично, за сопствена или туѓа свадба. Ама ептен фино ми стоеше. Може па треба почесто да се носам како за у матично, шо. Мислам тоа Меркурот заврши, нели? Може да се вратиме на нормалното лудило сега.
Еве, благо збунети, од општиот хаос. Си седам и си чекам: - мејлови да ми вратат; - термини за интервјуа да договорам; - да се наканат да активираме профилот за да тргне работата; Чекам и мистичен мејл од Визаир дали ќе ги откажат летовите Братислава-Скопје, дали треба карта за воз да земам, дали сирењето купено за поклон ќе треба сама да го јадам. Убаво вака чекањево. Кафе испиено, сега ќе читаме и куцаме. Хајлајт деновиве ми е пешањето по пола саат дома-работа/работа-дома заради генијален подкаст и зашто у глава си го уредувам станот. Денес цвеќиња бирав што ќе редам и што ќе се сади на терасичето. Можеше тетка ми у Германија чери доматчиња да гаи зашто нивните се како пластелин, можам и јас. Храна дома има, има и флаша вино, па ајде, доста е валјда.
Ми треба чистење на умот. Дефинитивно. А тоа секогаш го поврзувам со чистење на станот. Како подлога му доаѓа изгледа. Спремање на терен, Why? Место mindfullness 1 час, мене 5 часа ќе ме фати со се'.
Станав уште од рани зори, свечено да си ја пречекам пратката од сомнителен бутик ископан на фб. Да не се зезаме (иако делумно е ваистина ова), станав оти сонував глупости па се поштедив од луксузот да си го продолжам глупиот сон ако презаспијам, па сега ни памет ни убавина работата. Рано е за второ кафе, за спиење време нема, треба убаво и детално да ја истумачам за што да се секирам денес. И да си доработам опашки од таму-ваму. Колку ме мрзи, на раб сум да испозакажам на фризер да се исфарбам во некоја флуроесцентна лилјакова и Били Ајлиш да позавиди на ремек-делото. Битно пратката ќе стасала после 16ч, ќе окапа принцеската од чекање ама ќе се тешам дека early bird gets the worm. Кој ворм кои дрндупки, битно да се каже некоја мудрост.
Ко што знаеше да рече класната: од училишен прибор - немате ни добра воља. Денов и да не се случеше, немаше ич да ми смета. Хормони и умор до небо. Риби во осма куќа на Меркур ретроградно на најјако. Или како и да е...
Јас кога немам работни обврски: ќе пукнам, готово прогласете криза, кревам знаменце се предавам, ќе умрам од глад, ќе загинам. Јас кога имам работа: не можам да се сконцентрирам, не ми се работи, леле а за утре да си оставам барем дел (уствари може и пола), нешто не ми оди работава со оваа аудиокнига можеби треба да си најдам подкаст па ќе ми тргне. Нема разбирачка, нема погодување. Останува да си ја тужам оваа „државна администрација“ страна во мозокот, па видимо се на суду.
Денес го свртев цел град за да барам едни пусти конзерви за госпожа мачка. Пошто е многу галена, не јаде од конзервите од маркет, ги сака само тие од ДМ. А во ДМ како за беља нема никаде од нејзината „боја“. И мора да пројаде сега од овие... или од нејзината „омилена“ сува храна. Значиииии, сабајле и' ставив да јаде, увреџено лежеше до храната на грб со згрозена фаца у фазон, што е ова, робинке?! А М О Р И, те ранам во ек на пандемија, двапати одам специјално да складирам за тебе конзерви, она... На крај, јадеше мекица. М Е К И Ц А. Епа џвакај теста кога нејќеш конзерви.
Денес сфатив дека всушност сме најглуп народ што постоел некогаш на планетава. Шлајмот е собран во една земја. Ти им затвораш школи, градинки, универзитети, им даваш слободни денови од работа, а тие застанале по кафиња и се жалат дека им било досадно дома. Кафичи затка. Мајки зеле децата по игротеки и паркови пошто требало да се истрчаат децата, па успат муабети со Трајка и Славка да си направат. Битно дома да не се и битно се губи од наставата. Или доаѓа од странство и не се изолира туку оди на кафенце со пријателите. Хехе пролетна шема тераме. Со него закачил вирус од Италија битно на кафе е господинот и цел град во карантин. Нека се прекине забраната за настава и ајт сите по школи и работи. Кога не знаат што е карантин и изолација, тогаш нема потреба да се прекинува секојдневниот живот.
Разносувам чевли со 5цм дебела штикла ( ), прв пат до сега, кога ми звони телефонот на полнач во друга соба. За 10 чекори освен што глава ќе скршам, одам како тенк и разбудив луѓе по пат. До крајот ќе гледам видеа како да одам грациозно во нив без да пробам, уште не сум на тоа ниво, и ќе читам од книгата.
Денеска прогласувам дека имам се' купено што би ми требало во следниов месец-два, вклучувајќи и не знам колку кила храна за мачки. Ако дое зорт, и тоа ќе се јаде, јбг. Комшијата почна со неговата хеви метал журка. Секогаш кога има емоционална криза, ја морам да ги слушам Лордите како се дерат. Not this time buddy, ве слушав лани цело лето како се млатите од ќотек, ама сега нема да ме масираш. Сите имаме емоционална криза сега, живците ми се на минимум. Одвај чекам да те пријавам, та тебе, та и другите будали што не' реметите низ маало со години. Идеално би било и еден цреп со марули да имав... ем ќе си копкав, ем ќе си јадев ама њама
Официјално е, не се навраќам да отварам затворени врати повеќе, без никакви (главо)болки. Нема простор за каење, се' што треба да биде зад нив- ќе биде. А кога ќе се соочиме лице в лице со личности кои се позади, можност за нов шах-мат потег. Секој според залуженето.
Светoт вo пaникa a јaс oтприликa сo три кoнзерви тунa и 2 тoaлетни дoмa. Си пaзaрувaме нoрмaлнo, пoтoчнo пoмaлку oд нoрмaлнo пoштo не ми се влегувa пo мaркети или излегувaм нaбрзинa aкo имa гужвa и еве ме сегa. Пoследнo кoгa бев земaв и еднo килo брaшнo, кoјзнaе кaквo беше пoштo белo немaше, тoa штo квaсец немaм мaње битнo. Нa рaбoтa oдaм, пaметните се нa бoледувaње, будaлите не зaрaзијa, ние пoштените ќе нaебеме нa крaј. Целa неделa збoрaм декa и јaс ќе oдaм и целa фирмa ме рaзбрa и пaк не oтидoв. Други сaмo пoрaкa пишaт декa ќе ги немa. Вaжнo ние сo кренaтa глaвa декa вo кризa први сме. Глупaви.