Денес сфатив дека мачката ми е емоционално поповрзана со еден страк праз отколку со мене. Цела на мајка ПМС во карантин, лудилото почиња. Мака ми е да зборувам со други луѓе оти одвај се воздржувам да не се издерам. Само за по маркети се дерам, мислам, стварно не се разбираат од збор. Еве јас ќе одам. Не и не и не и не. Успат си купив лигавчиња и ќе си правам маски од лигавчиња. Фактички, само треба врвци да си зашијам или да ги искористам постоечките за да си направам такво за ушите, другата големина е таман. Мојов мозок е некогаш многу чудно место. Сакам да се нервирам за секојдневни глупости - од типот, мачката не ми јаде сува храна, хелп - а не за тоа дали ќе испаднеме сите на број од карантинов. Некна не знаев кај ќе го носам еден фустан шо си го купив, а како мине време, сериозно размислувам да почнам да си го носам низ дома. Карантин со стил
Денес, супер сме. Со цимерката скроз сме се искоординирале во размислување, правиме калкулации дали и кога да отидеме да испазариме за минимално излегување. Гледам Британија ги ставиле на lockdown ама им даваат по едно излегување дневно за прошетка/вежбање а ние две се мислиме ти се исплати ли да излезеш за тоа? Колку треба дезинфекција пред/потоа? Да не зборам дека во комплексов излегло имало двајца позитивни, се вратиле по дома па пријавиле дека се позитивни, шуќур бар не информираа да знаеме. Praise the Lord што не ми се запознаваа нови луѓе во февруари и имав ограничен круг на луѓе тука. Заклучок, ни легнал карантинов, тераме. Се готви, фали рерна али тоа е, каснете некое питиче, печен компир за мене. Ми се одјаде секаква нездрава храна, ама баш секаква, една чоколада со 80% какао две недели ја тегавам. Одлично. Си нарачав селекција од Ordinary ете со тоа ќе се занимавам. Пола планови за наредните месеци скроз пропаднаа, разбирливо. Си викам може и јас претерав, се закаав за 30 проекти, ова ќе ми дојде како заслужен одмор. Денес е млада месечина медитирајте intentions for the month. Имам убав календар со фазите на месечината и така пратам време, зашто деновите ми се скроз измешани. Резиме, тоа е што е.
Преживувам голема промена на животен стил, што ми предизвикува огромен дополнителен стрес во целата оваа ситуација. Како ништо да не се променило тука, само оди кон полошо. Толку разочарувачки. Или пак сега кога знам каква личност сакам да сум и каков начин на живот сакам да имам, незамисливо ми е некогаш повторно да треба да живеам тука. Самата помисла ме утепува. Само на одреден период. Ако не се органзирам сега и не направам план на долги стази после кризава веднаш до почнам со акција, ќе го испуштам и последниот воз кон мојата дестинација. It's up to me. Прашање на живот и смрт.
Го пуштив Birds of Prey и си реков ајјјјјјјјј каков eye candy. Ова ќе го биде. 1 час подоцна: земав да скролам по социјални мрежи, се налакирав, си направив плетенка да си ја замаскирам нефенираната коса, си одбрав книга за читање, зборев на телефон. Филмов абер нема да заврши. Жива глупост. Треш на тони. Neeeeeeeeext. Кога ќе ги затепам сега љубич-лимонадите, последно нека е ако треба.
Војната се добива со битки, one at a time. Мило ми е што денес не дозволив за се спуштам под нивото и јас победив. Броење до колкутреба и назад е движечката сила. Утре, веќе денес, на ново.
Има прогрес, огромен. Веќе слободно чистам со нив на нозе. Кога ќе може да се излегува, гарант ќе можам и да трчам со нив надвор, јееј. Изолација рулз. После изолацијата ќе бидам паметно луда дама или лудо паметна лигла.
Поприлично досаден ден.. Ја заследив Лусиана Лопилато на инста. Почнала да личи на Бетмен Велит девојката
Вчера од досада почнав да гледам Gossip Girl. Денес идемо даље, сагата продолжува за 3, 2, 1. Ако не друго, барем ќе се изнаслушам стари хитови од средношколски денови. Ма да...и од малку драма никогаш доста. Не знам како сум се лигавела на дудуци како Чак и Нејт. И со вкусот да се видиме на суд, после карантинов.
Денес очајно сакам животов да е нормален, да си отидам во мојот град, да си завршам обврската што ме чека и да бркам друга, уште поголема обврска. А не како морон, дреми само. Заспав во 05. Станав пред малку. Се измив, зачешлав и пак се пикнав во кревет. Ако мрднам до маса да јадам и други изгледи за нешто паметно нема. Некој џогер успат (аман и од него веќе). А, пуштив машина. Добро, учинковитост на нивоУ. Ќе ме биде.
Денес... повратив од што ми се згади од сите гнасни слики што ми се извртеа во глава во една микро секунда. Цел ден се спремам да одам до продавница по храна и ми се гади од се' што купив. Мувите ми се чинат почисти. Редица пред КАМ ко војна да е. Редица пред аптекине. И сите стојат и чекаат да им дојде редот. Бљак, бљак, бљак. Тинекс... празни полици. Ваљда роба треба да добијат али, во толкав маркет, на цела атмосфера.... плус те згрчува. Се разминуваш со луѓе и секој од секого бега на два метра. Пред тоа ми сметаше што не бегаат, сега кога бегаме едни од други ми е....бљак,бљак. Се гледаме едни со други ко лепрозни, Ко короната од тебе ќе им се џитне па им се шират очите од страв и им се згрчува телото кога правиш чекор напред или назад. Ваљда истата сум. Скроз истата. Бљак, бљак.
Ја читам и пак забегувам во јапонска меланхолија. Убавиниии Може ќе го погледнам и филмот. Може ќе одам и во Токио, кога ќе заврши ова.