Денес нешто ме стега во гради. Корона ли е, на психичка база ли е, прслукот тесен ли ми е... Замислував изолација - гледање омилени серии и филмови, готвење вкусна храна, вино, торти и сладоледи. Реалност -читање по цел ден за вирусот, расправање сo секакви по нет, грижа на совест за секое парче благо пикнато во уста и гледање како полека но сигурно се таложи појас од сало. Измеѓу и малку шетање по букинг со надеж дека цените нагло ќе паднат и јас меѓу првите ќе начекам лофт со поглед на море за ич пари. Not happening.
Кoгa ќе се сруши митoт -нaшите дoктoри се дoстa ценети вo стрaнствo? Oвa смaјливo штетa штo немa пoгoлеми oчи дa ги зaврти дo тaвaн. Дoaѓaш oд Бoгу изa леѓa држaвa сo никaквo искуствo нa сaлaм aпaртурa, сo oбрaзoвaние тaквo кaквo штo е и тебе некoј тaму те гледa кaкo Бoг...пoтсети ме зoштo? Уште кoгa ќе кaжеш oд кaде дoaѓaш те гледaaт сoмнителнo сo oглед нa тoa декa се свесни oти дoaѓaш oд држaвa кaде диплoми се купувaaт. Зa пoчит требa дa се дoкaжеш, мнoгу, мнoгу пoвеќе oд некoј тaмoшен.
Сум сoнувaлa кaкo шетaме вo пaрк, гужвa, нaрoд, лулaшки...ми текнaлo oдеднaш декa требa дoмa дa сум пa трчaјќи сум oтишлa вo кaзинo и сум седнaлa нa aпaрaти. Сум дoбилa 4 исти oвoшјa и нa сред рaдoст пaк ми текнaлo декa и тукa не требa дa сум. А никoгaш не oдaм вo кaзинo Вaш судијa. Фб мaлку рaзубaвувa ден, луѓе се нудaт дa купaт нaмирници aкo некoј е вo кризa, нудaт бесплaтнo свoи aвтoдoмoви и стaнoви зa медицински лицa дa не се врaќaaт дoмa кaј свoите oти се вo жaриште, пoмoш нa стaри, пoмoш нa инвaлиди, aвтoмoбили свoи нудaт, видеa снимaaт сo пoзитивни пoрaки...мoже мaлку пoдoлгo требa дa сме вo кaрaнтин.
Денес или ќе одолеам на желбата да се ошутам во косата или и самата Бритни Спирс ќе ми позавиди. [ ] е толку ми фали да земам апаратурата и да се зашлакам, па је*ала ме и балајаж и попиздицин техника. Тааак-тааак три-четиринаесет четки и ај таму. И после косата жуто пиле, пченкарна девојчица. Има инфаркт да ме стрефи, па после оди објасни се дека си отишла од срчка, а не од корона. Леле ај, да се наоѓа друга занимација. Аборт мишн, ќе седам таква, шубавка сум си.
Денес со мачкава никако да се договориме кој јогурт ќе го пиеме. Она сака Баланс, јас сакам од новиот Екстра, па правиме компромис и двете пиеме Бучен Козјак. Баба ми (85+, преживеала други светски рат и моментално е во камиказа mode) е ифрит лута оти Венко секој ден бил на ТВ. Само истите бројки ги кажувал, немало смисла, џабе испаѓал. Успат ја најдов како се качува по внатрешни скали скоро лазејќи, иако знае дека не треба да се качува сама по скали. А како ги симна трчанката надоле, на слепо да не речам.... е за тоа не сакам ни да зборувам оти еднаш ќе искршеше глава... Физички е и повеќе од спремна за рипање и скакање, ама шо не гледа, шо праиме? И викам, кај одиш сама по скалите, ако паднеш нема да те примат во болница сега. И ми вика, ИХ, па не одам ја у болница секако, директ на гробишта ќе одам. Не знам шо да кажам, еве стварно. Разбирачка со стариве њама. Успат, трипати УА за сите фирми шо безмилосно си ги отпуштаат вработените во ек на пандемија. Да јадат леб и заби сега или како?! Нели многу јаки стартапи бевте, нели стартап култура, нели стартап вредности... или тоа само кога е арно важи, кога не е, гитла надвор? Мислам дај, 2 недели останавте без работа и крахира фирмата. Не можам да си објаснам како сериозни фирми работат без заштеда од барем 3-6 месеци, а пропратно постојано вработуваат нови и нови и нови луѓе. Ај ми се трансферираа фајловите. Чуси
Пошо газдата треба да си купи стан, ете затоа. Кај нас има брзи пари и "бизнисмени". Знам за една сериозна фирма каде му плаќаше на синот на директорот часови за да научи да вози јахта. Ова пред некоја година. Лепота. А тек колку такви има...
Кажи другарка ако сака, мојата се спремила сметки во пошта да иде да плаќа зашто "Еве, таман нема гужва" а она други светски пат преживеала, земјотрес во Скопје, уз две деца и галје нема. Денес била љута заради снегот зашто кајсијата која пред два дена ја кроела ќе и пропаднела.... Обидите стратешки да биде стационирана со еве ти материјали шиј маски, пропаднале. Шо знам, валјда circle of life, трчале по тебе кога си била мала (мојава додуша онака, али заради приказната) па сега ти по нив.
Кога сме кај бабички.. муабетите секогаш исти, дечко дали имаш и таквимитиработи. Пред некој ден ме насмеа со најновата изјава. Ми вика „Бабино сеа немој да излегуваш со другарки, а и за дечко има време“. Ѝ викам „Абе бабо, а шо правиме сега ако имам дечко?“ Ми вика „Со писменца бабе или со тоа рамното (интернетот така го вика, зашто си го поврзува со лаптопот ) ќе си зборувате“. Конечно да ми се исплати седењето дома, па и баба да ме пофали. Батали дечки, мечки. А за да е уште позабегано, скроз би комуницирала со писменца со луѓево. Па ќе си купувам пликчиња во разни бои, па хартија шо мириса, па уште перото и тушот и спремна. Ај едно кафе и да се помислам како да се реши неделава по кратка постапка.
Денес се чувствувам чудно. Како да сум се вратила назад во времето. Или како да сум прескокнала неколку месеци и еве ме пак во сред зима, за која едвај чекав да заврши. Чуден период. I don't like it.
Денес најголема желба ми е да се разбудам или да се освестам некаде во некоја паралелна реалност во која ќе бидам flamboyant библиотекарка негде низ белиот свет. Да си типкам на компјутер, да редам книги, да се оправам со луѓе и табели по цел ден и да си збориме за книги, па и за шунд како Господин од Е.Л.Џејмс ако треба. Да пикирам некоја сомнителна група која дише прегласно, да им кажам руе бите и да си продолжам со работа. И така секој ден, до крајот на животот. Ди енд.
Денес се загледав слики од минатото во една група и да ви кажам, ич не се лошо ишишани. Порано ми биле смешни ама сега... Да фанам сега сама да се шишам ќе изгледам далеку полошо од моите сограѓани на почетокот на 20-ти век. Дм веќе рече си ги кацнал шишките па сега... Дарио нова песна имал бе, видовте ли? Не е лоша, ама како Швепс е, само за искусни.
Денес да ти било петок, а јас несвесно веќе ставив грав да кисне за една магична салатка. Slav to the bone it is. Им се чудам на сите што имаат блага опсесија со онлајд дејтс/ ручеци/родендени. Јасно дека сме социјални битија, ама полека. Плус најголем дел од муабетите се пак за коронче, малку напорно нели е. Ма сеедно, секој со своето на крај краева. Дм вчера ми се изнасмеа до солзи зашто во habit tracker наместо трчање/вежбање имам ставено movement. Зашто да, во овие 30 квадрати нема место за апсолустно ништо друго освен movement. Плус немам подлога за јога тука (планираше мадам да се почасти со нова, зашто старата бившата на брат ми ја нема вратено , па уште си избрав убава, со плута одозгора, да не ми лизга, али ќе почека тоа). И така на тегнење од кревет сме спаднати, владеам upward facing dog меѓу јоргани. Се' на се', одлично.
Сакам дома да сум опуштена и да не мислам за секој збор и постапка, ама очигледно јас сум примерот кој се зема да води. И радо би секогаш да водам, ама не можам да сум робот. Нема потреба да кажам колку мразам кога "ми се трие нос" за нешто, што и не е триење во буквлна смисла, туку завршува како оправдување кога некој го прави истото при грешење. Ми треба друга тактика за да го решам проблемот од корен.
Денес беше џин-тоник деј ол деј. Има да спијам како да сум во зимски сон. Па како тргнало, после карантинов ќе биде совршено време да основам еден АА клуб. И книги ќе читаме, придружете се, бесплатно ќе биде, све за љубав.
Ме надвјаса стравот, не сакам да се изгубам и да немам никаква идеја што понатаму со себе, како мнозинството околу мене. Поважно, дел од моето мнозинство. А не можам јас да знам место нив за да помогнам. Оти обично знам што и како, немам избор да не знам. А лудилово страшно ми влијае. Некои денови повеќе од други, а денес ме остава без спиење иако сум изморена.