Денес денот ми започна со главоболка(потоа ја смена), станав рано, на училиште бев испрашана Физика(ама си знаев јас ) добро поминав, си дојдов дома па убаво се наспав и надокнадив за изминатите неколку денови и еве сега денот ми е целосен, одморен..
Денес ме разбудија рано, ми се јавија за разговор за работа. Денес цел ден сум натака навака. Уште треба да одам на кафе, а вријам во себе, толку сум напната.
Денес, сакам да разговарам со некој. На убави теми. Без карање. Денес сакам да го разговарам со него. Сериозно. Чуден е. Денес одвојувам многу време за себе си. Денес ќе си ја средам собата, и ќе го сменам распоредот на креветот и бирото.
Мх мх мх... Денес, уствари вечерва сакам да си имам една посееебна вечер со милиот Уште од сега се мислам како да го организирам тоа што сум го замислила. Хммм Ќе биде интересно!!! И така... возбудена ко тинејџерка на прв состанок Сама си направив филм и сега за сега сценариово се оставрува!
Денес помина денов... онака, полека, од чиста мира...а, јас пустата бел ден не видов. Битно се подновив малку, колку-толку. Денес денов ми е од оние кои никогаш не ги паметам. Нулта ден.
Денес е типичен неделен ден цел ден по пижами, малку читање книга, малку гледање телевизија, сите собрани дома си одмараме, мама прави ручек... уживанција