Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.433
    Допаѓања:
    46.689
    Пол:
    Женски
    20200425_104353.jpg 20200425_104238.jpg

    Пролет и љубов денес. Убава е пролетта, ама љубовта повеќе. Љубов да нема, ни боите не ќе се исти, ни мирисите.
    Во магија верувам, оти љубовта е тоа. Што ќе допре, оживува.

    Колку се сакаме бе. Веќе ми фали. Чекаме следна тура гушкања, бакнежи и остало.
    :inlove:
     
    На Cherry blossom89, mal.ecka, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.751
    Мадам денес реши на пазар да иде зашто пазарот на отворено отвори. Уште мадам пред 11 да станеше, па да стигнеше на пазар пред да си собираат тезгичките монтажни. Си свртев круг, си тргнав накај дома, со надеж дека од слаткарата која конечно отвори ќе си земам парче некоја безобразна торта и ќе си ја мацкам дома уз дотолку безвезна романтична комедија. Бат оуууу нооууу, пред нос ми затвори слаткарата, сум ги гледала тортите низ излог ко у филмови. И прозорот ќе го замаглев, ама маска....

    Со дечко ми имаме заеднички пинтерест борд за уредување на станот, мислам ова е наредно ниво на long-distance-relationship. Која боја на шкафчиња ќе ни одговара на зелениот кауч што јас го имам замислено е една од причините зашто у 11 станувам сабајле. Купатилото три месеци го средував пред спиење у глава, мислиш спа е у прашање а не кутивче од 2 квадрати. Ама како сум го осмислила.....

    Иначе што е бе со миленијалс и растенија подома чување? Мислам знам што е, и супер е, ама дај олабавите со купување тропски растенија кои се увезени и кои дечиња во тропикот мораат со пестициди да ги прскаат за ние на Инстаграм да ги ставаме. Па бар тоа лесно се размножува..... Џунгли ќе правеле они дома....
     
    На Cherry blossom89, dayla, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Женски
    About Saturday night, сосем случајно го фатив лајв стрим-от на Dj Babura Junior на rooftop-чето на Сити Мол и права журка си направив за мерак. :D
    Па коа фатив тој денсот од Макарена, со сите салтанати со пеење колку ме држи глас, цел комшилук ме разбра. И после тој со косилката ќе ми брмчи, морее епа еве слушај сеа. ]:) :rofl:

    Туку никад не ми текнало дека толку ќе ми се оди на журка. :sweat:
    Абе после ова има да испаднам дури и во најголема гужва и нема да се жалам. (poolparty)
    Ај нек идат во позадина, да се порадуваме деЦите :drunk: :d:


     
    На smooch, Herrera, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    14.007
    Пол:
    Женски
    Денов- тешко дишење од 100 направени чекори, после 3 дена не излегување од дома, читање глупости, гледање на глупав но могу забавен филм со Мила Кунис(мислам, повеќето и се такви, соууу...), одлагање одговарање на неколку меила поврзани со свашта и не потврдување на интервју кое се случува утре а не сум сигурна за што конкретно станува збор и сега се мислам дали да си ги облечам и јас кодурките со штикличка за да ми се поклопат у стајлингов пиџамаузблузанакраткиитренерка...
    А да, и гнетење фанки гирисини со кечап и благо, мнооогу благо... и многу грисини и кока кола...

    Сума сумарум- најјак пре-поуст карантински МС евр, е-вр. :d:

    Гледам ме надвјасува лудилото, убаво, убаво.

    Сега, дали почнам книга и да видам дали ќе ми задржи внимание, или да легнам да спијам е попаметно. Јер се стегам за утре, да видиме што ќе се дешава. :muscle:

    Се одјавувам со песнава :*: :
     
    На Cherry blossom89, Purplelilac, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.493
    Допаѓања:
    41.122
    Пол:
    Женски
    Колку среќа имам и колку несреќни луѓе има. Тоа.

    Друго, колку сакам да ми се погоди некое книгиче во ова неделно пладне.8) Тоа

    И ми се пие лимонада.:d: Т О А:ninja:
     
    На Cherry blossom89, Purplelilac, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    11.860
    Пол:
    Женски
    Денес имам неопислива желба за фул мејкап, кожни панталони и штикли и да пијам Џејмисон без лед на шанк во омилениот кафич додека палам 8-ма цигара по ред.

    Не знам од каде овој порив за деструктивност во мене, со обзир на тоа што косата ја неам исфенирано 2 месеци, пудра немам ставено 3, штикли не сум носела од роденденот на другарка ми во далечниот јануари, а цигара не сум запалила точно 67 дена. За вискито... не можам да го кажам истото :)
     
    На Cherry blossom89, Blue.Sky, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.751
    Во ред, очигледно е општ поривот за желба за некоја журка, дури и кај луѓе што не се фанови на журки. Пред некој ден добри 40 минути на Абба играв низ соба, за деновиве имам удрено мерак на Never had a friend like me кореографијата да се научи, више си зачував видеа на Јутуб и идеме.

    Ќе тркам утре до канцеларија, да видиме каква е атмосфера, дали да почнам веќе да се враќам поредовно. Прекрасна пролет е надвор, секое излегување и посебно трчање во парк-шумава во близина ми прави толку мерак. Малтене тешко ми паѓа дека летово во Скопје ќе бидам после којзнае колку време и целиот тој бетон ќе не саунира.

    Ме чека овесот и јагодите. Ништо посебно не се деновиве ама се посебни. Април ми летна, и иако можеби гледав повеќе серии од што требаше и читав повеќе книги од што требаше, ич не ми е криво. Сме заслужиле и ни следува.
     
    На Cherry blossom89, Blue.Sky и Purplelilac им се допаѓа ова.
  8. dayla

    dayla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    3.971
    Пол:
    Женски
    Денес успеав да кивнам со кафе во уста. Скроз неочекувано. Заврши на мене (во око), на кутриот мачор, на биро, на лаптоп, на цел кревет, значи која инерција и кој агол го погодив.

    Јас една минута: :|
    Мачорот:

    [​IMG]
    Ќе речам елајте на кафе, ама не знам дали е сигурно. Добро утро. :coffee:
     
    На Cherry blossom89, Blue.Sky, glittergirl и 5 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.384
    Допаѓања:
    28.901
    Пол:
    Женски
    Хм... Денес бил денот кога прашалникот си доби одговор.
    Се видов себе си во твоите зборови.
    Молчам и анализирам.
    Се смешкам низ восхит.
    Колку сме ние идентични?
    Признавам дека не ми се допаѓа сликата што ја создавам на големото платно, ама таа сум.
    Ми годи...
    Егоизмот има дом.
     
  10. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Denes nemam plan nitu realizacija ,ke spijam .
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.751
    Истрчана, истуширана, кафенисана. Сега ќе биде и овошната салата, и седнуваме работно. Сонце пука, птици пеат, ама денес е ден за дома. На цимерката и е роденден, уз трчање и земав кафе и некој слаткиш, и се слави ја гледам, ама нема избор, па да ја расположиме малку. Си се пофалив, а и по рамо ќе се потапшам. :angel::angel::angel:

    Крај на месец, ден за monthly review на финансии, на цели за месецот и нови навики. Од јаннуари почнав со ова, секој месец си правам како планерче, на една страна, со мини цели за месецот и некои навики кои сакам да ги пратам. За сега ептен ми прија, еве 5ти месец. Кога видов претходниот месец колку денови сум успеала да повежбам, дури и минимално, со оглед на карантин, ептен некако ми дојде убаво. Според дм, ова ми дава шанса мојата желба за контрола и пратење на детали да дојде до израз, и не се жалам некако. Дали е ова подзнакот Девица што ги добива своите пет минути? Колку и да знам дека од аспект на факти и докази астрологија нема благе везе, забавно е. Не доволно забавно за тетоважа или кичеста шолја да имам, ама забавно за читање.
     
    На Cherry blossom89, Doozy, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. jasbi

    jasbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.384
    Пол:
    Женски
    Vcera totalno demotivirana za se. Denes utrovo me razbudi miris na ubav buket ruzi. IMG_20200430_124925.jpg
    Sakam koga bez nikakva pricina ke dobijam i edna ruza, a buketov e melem za dusa. Sakam koga me iznenaduva, a znae i koga mi e najpotrebno.
    Denov ke e preubav, se nadevam ke me drzi ova raspolozenie i narednite denovi:inlove:
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.008
    Допаѓања:
    73.929
    Пол:
    Женски
    Не бе, јас не знам да замезам како човек. Да се налапа како да не видела, да собере сè како буре без дно, да дигне чашата во две голтки и ај со здравје.
    А шо убаво си насецкав кашкавали, ролнички полнети со крем-салата, овошја, глупости. За што? Ќе се натови за 5 минути и после разлаз.
    Епа разлаз, ај сега да си легнеме, нема више папат. :|
     
    На Blue.Sky, Doozy, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    14.007
    Пол:
    Женски
    Берам плодови од досегашните обиди да бидам поотворена и поадаптибилна. Место да барам перфекција, барам идеална средина спрема мене, and things happen.
    Можам да кажам дека направеното спаѓа во потешко постигнатите работи во мојот живот како резултат на тие 2 карактеристики.

    И сум задоволна од резулатите, има голицкање во мене после секој успех, колку и да го негирам.
    And once again, I'm okay with everything.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    24.940
    Пол:
    Женски
    Недела е ден за да не може човек на раат да си испие ни кафе по сабајле во тишина.
    Мора да се демолира нешто, да се рушува, чука, еве и заварува.
    И цело маало мачки се нервозни, се тепаат заради овие неосетниве.
    И ги разбирам скроз.
    Раат да се немало. :sweat:

    Ми треба нешто као во село, ама и не баш ептен изолирано.
    Нешто кај што ќе можам да слушам по некој звук, ама не и да сакам да затепам некој.
    Се гледа крај не ми се фаќа.
    Тивкоте. :bug:
     
    На Cherry blossom89, glittergirl, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.751
    Скроз чкљ ден. Може и зашто сум ден пред овулација ама само може.

    Спиев 10 саати и не ми се ни стануваше зашто си терав фантазии у глава. Ми фали, ми фалат многу моменти заедно и мали искуства и ситацијава не дека нешто придонесува за полесно да ни биде. Свесно више не планирам ништо, потсвесно ни го средувам станот и бирам што боја би ни одговарала на темно сивиот кауч кој на двајцата ни се свиѓа. И сериозен проблем ми е тоа што бањарката моја е виолетова а тоа не ми се вклопува во боите во купатилото. Ќе прекинам веднаш.

    Почнав демек да работам, и еве седат материјали отворени, уште да им се придружам. Стопив 2 реда чоколадо во ѓезве, фрлив замрзнати малини и така си ги сркав. Жити неделата.
     
    На Cherry blossom89 и glittergirl им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.003
    Допаѓања:
    111.051
    Пол:
    Женски
    Денов од чуден почуден. Ги мразам клише ситуациите ама ги мразам и ваквите ситуации.

    Првпат честитав веридба на врсничка.
    И малку се избунив, не знаев како се честита уопште тоа ама се снајдов.
    Невообичаен дел од секојдневие ми е.
    Плус ми врати "да си дочекаш и ти, да ти играме и тебе на свадба дај боже", па кога ме фати една паника на 18 вака да ми вратат, првпат ми се дешава, па кога пишав "прво на дипломска, па на специјализација кога ќе славам да ми играте, ако чекате за веридби и свадби од мене да играте, ќе се изначекате"...
    Прво си викам малку срамота да не е вака шо вратив, после си викам што ми е гајле, шо ми посакуваат на 18 свадби и веридби, не е тоа мој стил, како да не ме познаваат...
    Му кажувам на дечко ми, се изнасмеа, вика не се плаши, не би те запросил ја на 19 години, не сум будала, па со се прстенот да ме исфрлиш од живот.
    До каде ќе терам со оваа бракофобија само, недај боже покана за свадба да ми стигне, ќе ме фати животна криза изгледа... :D

    И така...
     
    На mal.ecka, Jane Lane, BlackMistery и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    1.990
    Пол:
    Женски
    Само сакав да се надоврзам со тебе... Не само недела секој ден е таков кај мене.Ете да речам недела кога станувам порано и сакам кафенце да се напијам на балконот комшивката моја решена за генерално чистење и да ги испотресе теписите и тепхчињата на балкон да ми го уништи моето кафенце... и да ме обеле од прашина.
     
    На Cherry blossom89 и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.751
    Направив хумус (пак) и ме чешка што има уште во фрижидер. Прекрасна работа е хумус, посебно дома направен кога сè си правиш по личен мерак.

    Излезе дополнителен проект денес, излезе убава вест денес, излезе и некое мало планче за иднина. Се трудам да не се потресувам за тоа кога ќе се отвараат граници и што ќе биде во јуни, ама еднаш неделно ме фаќа мала паника. Чекање е толку непријатно чувство.

    Синојќа од непознати причини, толку ми гореа буквално образите. Легната во кревет, пред заспивање, се допирам и жежат. Стапалата мраз ладни, што мнооооогу ретко ми се случува, образите горат. Не знам ни како ни зашто. Да седнам да доработам за денес, и со мерак Озарковци да си ги гледам вечер.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    Денес конечно добив резултати од испитот што го полагав. Не знам зошто воопшто се сомневав во себеси, си имав во глава уведено некои глупости коишто конечно ми се разрешија и сфатив дека нема потреба толку да се напнувам за ништо. Ама пак од друга страна си мислам дека ако не напнам толку, нема да има добар резултат :( оти секогаш под притисок подобро функционирам. :^) Бог да чува. (facepalm)
    Денес разговарав со моите за опцијата да запишам уште еден факултет. Фала богу, ме поддржаа како и секогаш, не знам зошто воопшто се сомневав дека ќе ми речат нешто против. Сега само ми останува убаво да си размислам колку сум решена да успеам во ова. Искрено, се надевам дека нема да се откажам и ова да остане само желба. :$
    Исто така, денес се договоривме со брат ми од утре да почнеме со нов начин на живот. Ќе спортуваме повеќе :muscle:, ќе сменеме исхрана и то. Искрено, овој момент со години го чекав. ]:) Цело време си мислев де нека порасне детево да се зближиме повеќе, да лудуваме заедно (иако од секогаш сме биле блиски, друго е кога се има некоја заедничка активност ваљда).
    Иии од денес се заозбилувам со учењето, знам дека малку го игнорирав во последно време, ама за се` ќе си надокнадам. Доста зборев, време е да одам оти ќе ми избега книгата по Историја. :D:inlove:
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.