Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Па 5 минути се мислев во маркет зашто на лебот стаиле датум до 21ви мај а јас убедена дека е 31ви мај. Малку ми фалеше да идам да прашам, па што вие им продавате на луѓето. После скроз ме фати некоја необјаснива анскиозност, си играв психијатар сама со себе во умот. Па си земав вегански сладолед на излегување да се смирам. Баш ден четврток.

    Смештај до кога да закажам, дали порано да откажам, до каде се со отварање на границите, дали ќе го тргнат тој државен карантин во Македонија, дали ќе си идам со авион и дали ќе ми ги собере сирењата што сакаме на мајка да и ги однесеме да ги проба. Светски проблеми. Он положил дел од возачки испит, сега има часови за земање, возбуден до бесвест. Јас си замишљам како ќе славиме положен испит и долгоочекуван accepted мејл во Скопје во празен стан измеѓу кречење и мебел составување со малина (или вишна) торта од НуЈорк и розе Александрија. Во меѓувреме, секој по дома со leftovers combined ручек и серија за да исполни тишина. Двајца во тишина за ручек е супер, еден е друга приказна.
     
    На Ginger^ и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.089
    Допаѓања:
    55.785
    Пол:
    Женски
    Ќе се шеткаше во природа, ама времето си имало други планови....|(
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Тазе истуширана со влажна коса на кревет со испружени нозе, во позадина песни на Колдплеј и припреми за гледање на Зоки Поки. Уживам под ќебе, без да се потам, во обиди да не мислам на ништо што би ми предизвикало главоболка.

    Викендов ќе биде затишје пред бура, или тогаш ќе ce започне.
     
    На Purplelilac, dayla и Ginger^ им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Баш шкљ ден. Не зашто е врнежливо него зашто ептен немам мотивација и енергија за ништо. Се чувствувам исцедено.

    Да имавме рерна би правела торта, carrot cake ми се врти низ глава. Немаме рерна, немаме торта, нема ни кој да ја изеде тортата да беше направена.
     
    На dayla, Ginger^ и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Роси тивко , времево есен а баш ме смирува. Разгледувам сандали и пак се одлучувам за балетанки. Стууди бре, какви голи прсти.:)
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    На крајот од тунелот наречен поустМС, се гледа светлинка. Значи одма полесно се диша после хормонско торнадо, кое здраво го вади и носи насобраниот гнилеж.
    Ги мразам ваквите циклуси, некои полоши од други.
    Прво се ти е розово, после се цмиздри, па се преминува на високи левели хејтање ака кулминација, и после повторно во обратен редослед до разплет ака нормала. Страшно.

    Слободно можам да кажам дека во такви услови тие неколку дена, можам да направам "лоши" работи и да не ми биде мака, без да чуствувам грижа на совест како разумно битие.
    И, после секој имам ново откритие за себе, нови должини до каде можам да одам со своите способности, особено терање по мое. :smirk:

    Да сумирам, женско во жут пре/поуст/дјурингМС е опасност по живот за околината.

    Еве сега пиев кафе уз бош муабет со персона која израснав ама сме различни како ден и ноќ и се гледавме многу ретко, па покрај сите разлики се потсетив колку работи би направила за него и го сакам.
    И колку работи веднаш имам сила да ги направам на момент, а се буткани под тепих долго време.
    Клише до клише додека не испливам на површината, тоа сум. :makeup:
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се зачитав книга што истовремено е и прекрасна и ужасна. Со детални описи на непријатни моменти, со поместување на граници на човековата непријатна страна. И синојќа 4 саати не можев да ја спуштам. Да не знаеш на што си.

    Денес прв ден без маска надвор и некако језиво ми дојде. Иако само трчав, пак инстинктивно ти доаѓа да не бидеш во близина на луѓе. Ги читав меркиве во МК и се прашувам со кој памет се менаџира ситацијава. На почетокот стварно бев позитивно изненадена од пристапот. Сега сум више без коментар.

    Понеделник ли е, вторник ли е. Битно ли е.
     
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес безброј пати пишувам, коригирам и бришам. Некако ми е тешко да си ги изразам чувствата и мислите, а обично тоа ми се случува кога во главата ми е хаос. Добро, не баш хаос, хаосче. Ќе се справам некако, и многу потешко било...
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    ... доживеав вжно себесогледување. Ама онакво болно искрено, со болка до срж, со сите прекорувања и без никакви изговори. Се изнарикав. Овој пат ако не се опаметам, никогаш нема да ми дојде памет.
     
    На Rebecca_R и Snow-Star им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Нова фризура- одма влегов во new hair, don't care фазон. Изгледам супер; исече повеќе од тоа што требаше како и секогаш, ужас, сакам долга коса, за фарбање, боб, бенгс, уствари само на степени и за во реп; но изгледам слатко, косата расте, фризурата е супер, *пауер пози цел ден*...

    Реалноста е, поима немам во кој фазон сум веќе, само сакам да дојде јуни и да се изгубам од тука за да почнам да дејствувам, безаразлика на кој автопат ќе завршам на крај.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Се смрзнаааав

    tumblr_n9s9vgLHIZ1smcbm7o1_500.gif
     
    На Cherry blossom89 и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Поглавје од Одисеја

    Пловидба во пресврт...
    Стрелата на лакот оптегната на максимум.
    Корабите ја променија насоката под дејство на невремето.
    Тренингот за ултра погодок премина во еднонасочна рутинска вежба да ја погодам метата.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Денес тројца ми кажаа дека изгледам уморно. :|
    Навистина сум, само не знаев дека толку се познава. :?:
     
    На Purplelilac и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Безвредни, рој од оси... Е такви ми изгледаат некогаш луѓето.Ама баш исто изгледаат, зборуваат, се облекуваат се однесуваат..... идентични кловнови во црно жолти одела, кои гледаат да те укасат.
     
    На Purplelilac и poenta им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Деновите почнати на "лева нога" обично секогаш завршуваат како најделотворни и исполнети. Не сакам да се карам рано- рано, ама пак и не сакам кога се греши за едно нешто сто пати, веќе говорено и објаснето.
    Сега кога сум посмирена, можам да мислам на некаков бранч и кафе дури. :mm:

    Еве и хорскопот го прогнозира јуни да се поклопи со моите планови, да го почнеме месецот со добро. (fingers)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Денес дилемата е меѓу дали да чистам или да одмарам и да читам нешто. Станчево плаче за рибање.
    Ме фаќа паника бре! Иам 330 нови книги симнато. Знаете што е сивоња? Јас сум.
    Имам лимит по ип адреса, vpn симнував за да ја подпомогнам оваа болеС за да можам нелимитирано да симнувам.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес ќе игнорираме глупости на луѓе зашто не вредат да се нервираме. Дечки ако сте на некоја "функција" или општо за било што ако други луѓе зависат од ваш одговор, мејл, порака, краток состанок, вратете им со време. Не знам, порано не размислував за ова многу, ама ова ми е исто како доцнење без усул на средба. Па не знаеме што се треба да среди другата страна, осет треба да се има зар не.

    Иначе, прекрасен ден. Како и многу други. Да живеевме во Италија плус повод за славење ќе беше. Има тука нека тајна веза, знам јас. Ќе одбележиме со свежа паста во доматен сос. Перверзиите од сладолед од локалната продавница (ванила со salted caramel и макадемија :rock:) се за друг ден, да не се претерува. Мука ми е што ќе се прави за сладолед летово во Скопје да бидам искрена. Ни Џино не е тоа што беше. Ќе мучкам дома и така имаме некојси апарат за сладолед (од непотребни работи ОВА).

    Ајде, сега едно списоче за работи за денес што треба да се завршат и едно по едно да ги средуваме.
     
    На annii, Purplelilac, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    20.670
    Пол:
    Женски
    Денеска, многу досадно|(
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Одделот наш почна да пропаѓа од неспособно водство. Од метење работи под тепих, дојде време кога ѓубрето веќе не го собира под тепих, башка почна ужасно да смрди. Главните за да спасат глава се прават ѓомити изненадени дека не знаеле што се случува а со тоа сами си пукаат во колено. Не може да си одговорен а да не знаеш што се случува. Тоа е главниот показател дека си лажго, незаинтересиран или тотално неспособен. Во случајов сите три.
    Јас на почеток се секирав а сега почнав да уживам во хаосот пошто знам дека една природна селекција ќе направи. Мораше да се случи за да дојде до промени, макар и пропаднале комплетно. Сопки, интриги, ножеви летаат на сите страни...интересно.
     
    На annii, Purplelilac, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Од нигде никаде инстант ги дополнив серотонински залихи...
    Немам право на приговор дека расположението ми е down, а уште помалку кога крцкавите коцки ми се синоним за измешана игра со букви;)
    За вкусовите не се дискутира:)
     
    На dayla, annii и Rebecca_R им се допаѓа ова.