Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Ми се сони како пијам кафе со сладолед. Такво филмско налевање кафе од кафемат во шолјичката врз топчето сладолед, па тоа полека се топи, глупости живи.
    Едно станување, се фатив за мока потчето.
    Ко книгата од Дороти Кумсон, само наместо колачиња, сладолед за појадок. Во кафе. :drunk:
    Има да се откорнам од пиење кафе со сладолед летово дури не ми се згади и да не можам да го смислам. Шубавкоо. :coffee:
     
    На dayla, Ginger^, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Вчера ден на млекото (откако ми го кажаа дека this is a thing, осмина влавот во мене не може да се натера да купува млеко во други денови по цена повисока за 5 денари), денес ден за пазар. Уште утре да се јавев кај Искра во емисија и полека, но сигурно се претопувам во просечен македонски пензионер.

    Колку е позабавен форумов кога само си гледам слики кај лапалата.

    Уште да можев да ги лапам кога сакам и како сакам и се ќе беше супер. *тажно бутка брокулче низ чинијата*
     
    На Biljarkata, Ygritte, dayla и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Доаѓа момент кога имаш работа со некој од Брегот на слоновата коска, дејгиди. :?:
    Чудесијата не ќе беше толку голема, ако после кратко скролање низ фејсбук, налетуваш на некој си коментар, на група. И читаш, приказна, долга, тажна, морничава. За на крај во прилог, прикачува линк, од некој си не знаен, доктор кој ги враќал старите љубови и нејзиниот го вратил за три дена.

    Во прилог линк од докторов Офболи ако ви затреба некад :) https://www.facebook.com/DrProphetOwegbeOkhideAhkereDaniel

    Би сакала да ми го врати памтењето, да се сетам како си заслужив ваков шаренолик живот во толку ограничени услови.:D
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Си купив кратка сукњичка и ете, се утепа од врнење и ладно ми е да ја облечам.
    Толку од моите обиди за бидување згодна и неопходна. Повеќе среќа некој друг ден, денес ќе замотам и копани и наткопани во ќебе и ќе кротам. :rain:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Воздух под налегање...

    Најнов предизвик: Да се воздржам од процесирање и реплицирање на глупави персони и работи, и не исправањето криви дрини да го доведам на повисоко ниво, без да си ја зголемам моќта на игнорантноста. (fingers)
    Сулудо е идеализирањето на полемики. :| Особено со приглупи единки.

    Уште еднаш, најтешко се покажува остварувањето на нешто што мислиш дека треба да го направиш, место она што реално сакаш да направиш- во случајов пробаш. Затоа сега сум двојно натоварена од обично.
    И без никаква идеја дали пак е она што го сакам.
     
    На *Amethyst*, Ygritte и Ginger^ им се допаѓа ова.
  6. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Денес вежбав премногу, решив можеби околу 100 задачи (хемија), ги решавав во село, тука беше и тој и душава ми беше мирна. Време е за квалитетен одмор.
     
  7. Mr.Lover

    Mr.Lover Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Машки
    Уживање покрај реката Рајна :inlove:
    Да не помислите на некоја друга Рајна:D
     
    На Ygritte и Ginger^ им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    viertel vor 16:D и веќе имам размислено за цел викенд, за следната недела, животот:wasntme:мој, негов , наш заеднички .Значи денес, не сум имала многу работа:D
    Во недоумица сум дали да се пуштам пак во нешто или да ја одморам неделата што доаѓа:wasntme:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    се препотев сто пати
    прегладнев сто пати
    се пакував
    а сум толку многу среќна..
     
    На Ygritte, Doozy и ninja35 им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Го извадив кремот за сончање, она малку што ми остана од лани. Го тргнав капачето и пред мене за секунда се распослаа огромни песочни плажи со бранови до небо, храмови со чудни кровови и најубави градини, оризови тераси, лута, зачинета храна, преблаго кафе, тесни улички преполни со луѓе и тезги, продавачи кои ти довикуваат од сите страни, зелено-шарена недопрена природа... Бали...

    Скоро цела година од тогаш без еден месец. По не знам кој пат ќе кажам... Време ЗАСТАНИ!
     
    На Ygritte, dayla, annii и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    20 во 44, времето минува... Со секоја наредна се' се повеќе се изменува, почнувајќи од нас двајца. Смеам да кажам дека сме поминале и сито и решето заедно, и одделно, и сме имале здраво разминување во мислењата, какви што уште имаме, но евентуално надминуваме проблеми. Не секогаш сме си омилените персони на планетава, ама пак и во жути моменти не би те заменила со никој друг, а верувам и ти мене. Иако некогаш делува како да не се согласувам со нешто, не сум благодарна за тоа што го правиш за мене, го разбирам, навистина го разбирам, и после "разбирам" делот доаѓа мојот карактер и моите избори. Тоа веќе ти е познато сепак.
    Не си совршен, не сум ни јас, ама си добар родител на мене и тој факт не може да се порече.

    Во моментов можеби го изживувам најтешкиот период, фрла сенка на се' до сега, и грешам. Грешам за прв пат толку многу, што мислам нема правилно решение повеќе. Грешам и се надевам дека конечно ќе се откријам и ќе дојдам до тоа што го сакам.
    Само не ми се мешај како и до сега, и остави ме на мене. Без прашања. Оти не можам да одговорам, самата не знам.
    Не менувај ништо по ова прашање сега, те молам.

    Посакувам да се чуваш најмногу досега, секогаш, да бидеш претпазлив и очите да ти бидат отворени. Здравје, среќа, финансии, се' што ќе замислиш- да оствариш.
    Среќен роденден
     
    На Sejfullai, *Amethyst*, Ginger^ и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Преку глава веќе од годинава.
    Една е*ена работа не може да мине без тешкотии и компликации.
    Една.

    Се' мора да оди накај невозможно.
    Десет дена прашање дали ми минале без нервози во цели шест месеци.
    Само глупости да се дешаваат, секој еден со господов комплекс да ти пое*ува живот.

    Епидемија која трае со месеци само затоа шо некои си се болни во главата.
    Безброј шитти денови минати во исчекување за да дознаеш шо да правиш со животот.
    Потресување за све и свашта за некој друг пак тоа да ти го пушти по вода у пм.
    Втор пат во самоизолација заради несовесни будали кои успеаа да испозаразат кај стигнат и кого стигнат.

    Уште некое ѓубре ако има да излезе на површина од годинава, аман нека се појави и да оди во пламен да не ја видам веќе.
     
    На Sejfullai, annii и poenta им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Неуморно надевање е лудост.Или лудо радување:^)
    Не е добро, да се фрли надометарот треба:D
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Читам за нов вирус во Казахстан што предизвикува пневмонија и е со поголема смртност од Ковид 19.
    Covid 20 Pro.
    Јас инаку со задоцнета реакција, дури сега сфаќам дека нема да терам одмор ко што замислував и наеднаш тешко ми падна. Ме удри реалноста по глава и еден темен облак сега ми виси. Толку време силна :D време е да одболувам како треба за да ми помине. А може само денот е таков шугав.
     
    На Nightwish11, Purplelilac, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Какао и д-р Хаус за завршеток на денот, уз сите измешани звуци од надвор, особено чкрипење на гуми и додавање на гас... ништо ново, али толку е поразлично овој пат...

    Единствено позитивно нешто од притворов е што нема да мора да се мешам со луѓе неделава, после хаосот кој се случува(ше).

    Нооо, карактер ми (над)град(ува)и... по не знам кој пат доаѓам до заклучок за тоа колку неверојатен е човечкиот мозок. Перспектива и самоконтрола, после промисленост, се предиспозициите. И добра проценка.

    И да, човек не цени доволно што има, додека (нема опасност да) не го изгуби.
    Али после тоа има можност за нова кулминација, тоа е главното за фокусирање и потење г*з.

     
  16. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Денес...
    - здробено...
    - разочарано...
    - згадено до повраќање...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Во принцип ги обожавам деновите како овој, кога се' што е замислено е и остварено, цела ту ду листа е чекирана, а и многу повеќе се направи. Турбо цел ден, ама... и покрај толкавиот умор што го чуствувам а само што мина полноќ, пак не сум мирна.

    Го имам искуството веќе, имам и замисла, имам и услови изгледа, епа ајде нека ми се случи. (Ќе продоложам да) Бачкам уште појако.
    Поспремна никогаш претходно не сум била, сардисана од сите страни исто.
     
    На poenta и Ginger^ им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Гз преку глава од сабајле... :drunk: Ама ете станува поразбуден денов. Вонка ладничко, дожд врне, јас џвакам заборавени Старбрст карамели и се присеќавам каде бев лани ова време...
    Нема со вкус на портокал, моите омилени, ама става и вака.
    Дуксерот 3 броја поголем повеќе не ми мириса исто, само купачите ќе останат на крај, до првото облекување. Али и со тоа сум океј.

    Ии веќе скоро година дена покасно, 2 за друго, сфаќам колку сум благодарна за оваа школа, знам дека ме направи човек, реалистично ме направи помудра и посмела, способна за се' што ми се случува и (ќе)
    продолжува да ми се случува.
    Ме зачудуваат вакви моменти кога толку многу ми гори под нозете, а јас не паничам туку останувам смирена. Браво за мене. :d:

    Уште 2 дена и се враќаме во реалниот свет бејби. :*:
     
    На Doozy и Ginger^ им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Денес многу сакам работата да е како пред корона. Не го сакам ова темпо. Ми фали се да е исто, да одам со ред.
    Што фали сите да сме коректни?
    Зошто при нешто договорено и зборено усно, би се правел некој како паднат од Марс?
    Правење на будала...
     
    Последна измена: 16 јули 2020
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Ни палачинки со домашен џем од малини, ни две мачки за галење не ми го оправаат денов. Уствари, пардон, периодов. Се обидувам да дишам длабоко ама косава ќе ми побели од нервози.
    Целиов живот ми стана една гигантска апликација. Апликации за визи, за стипендии, за пракси, за студирање, за... Мислам дека најголем успех ќе постигнам ако аплицирам за у п.м.
    Зошто не можам празниниве да ги пополнам со џем и мачешко предење?
    Многу работи ми фалат. Најмногу сигурност.
     
    На nevermet18, Purplelilac, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.