Денес? На колосек со летаргична леснотија после еруптивна вулканска магма од емоции До следната епизода судоку. Хммм...
Велат -уживај во животот и прави добри спомени за да на стари години се сеќаваш само на убавини. Никој не знае на стари години какви мисли ќе ти се вртат во глава и кои се моментите на кои радо ќе се навраќаш. Ако избегнеш деменција секако. Може да бидат работи кои не си очекувал дека ќе ти останат во глава. Кај мене веројатно е дека нема да бидат шеткањата, одморите, забавата. Од моментот кога се враќам дома заборавам на нив и не се потсетувам. Супер беше, помина, толку. Заборавам и кај сум била. Ме занима што ќе остави траг.
Се полевам со стандарди и принципи што ме држат во рацио оков. Меѓу не можам и не сакам, научив да не можам да виреам во глутница. Најсигурно и најудобно е во своја кожа по мерка.
Вчера ми се одеше во Истанбул, а денеска ми се оди во Белград. Што е уствари реткост, оти најмногу ми се оди во Австралија но отом потом. Да се искичмам од климата во бус/авион, да пијам разводнето еспресо на сумљиви автобуски, да џвакам некоја гумена пица сабајлето кога ќе пристигнам ама да биде totally worth it на крај. Па да го плеснам торбичето у некое Аирбнб со тераса полна зеленило и метална ограда пред да одам да шпартам удолж и попреку, ненаспана, бушава ама прилично фино расположена. Ме изеде монотонија ама ај.
Класична недела ќе биде денов, се уште се излежавам иако сум будна од 4 ч., надвор врне... милина. Има нешто убаво и во ваков ден, особено сред напорен период. Ми се пие кафе, ама немам кример и ред други работи оти 3 дена одлагам да влезам во маркет. Така да ќе морам денес, ама тоа и беше по план секако. Ќе се прави математика денес...
Заразена со глупи плејлисти на уште поглупи апликации до степен - леле love songs, ќе чекам понеделник вечер на полноќ да си ги пуштам песниве и да си плачам ко на времето. За што ќе си плачам само немам поим, ама ајде чисто така, да биде подраматично и попатетично.
Денес сум лутна на цел свет- без причина. Навидум. Ми доцни и не се издржувам, контрлата надвор не функционира внатре.
... бев многу расположена и весела и наеднаш се натажив некако, сега за се ми се плаче. Мразам кога имам mood swings
Гордост без предрасуди Его вивнато во висина... Како да некогаш знам за поинаку. Полна со себе, а забетонирана во длабочина. Кои ли демони се во игра кога паѓа круната? Мојата ни тектонски потрес не ја изместува
Денес е од тие денови у кои 3 пати у ден иам Корона. Ете тоа е денес. У 16.30 ч иам закажано депилација у Лилит козметикс студио енд спа, па ќе забораам на све од болка.
Денес му објаснив на лимонот кај му е местото у мојот живот. Пошто се понаша ко "дрво живота" последниов месец и веќе на нерви ми гази. Имено, после дооолго копање у меморија како дедо ми ги чуваше толку големи и плодни, после толку читање по странски форуми, правење се ко што треба (ахам, па дури и метални струготини најдов) тој пак по старо. вади нови листови, нови цветови и нови плодови. Но надолу сите лисја ги изгуби. Од 8 плода останаа само 2та најстари, најголеми и еден нов кој и тој ќе рикне кај и да е. Го пресадив за последен пат у саксија поскапа од ручекот дома, му ставив витамини и му ветив дека од утре нема ништо повеќе од заслуженото да добива. А тоа е-вода. За утеха си нарачав фустан со лимони. За се има чаре у животот.
Денес планерчето дојде на ред да се дополнува. Од продуктивност мислам дека нема да има вишок резултати. Каде и да е мораше да се пренасочи малку движењето на долги стази. Ново откритие ми е во кој правец сакам да ми се менува стајлингот. Мислам дека треба така да вметнам новитети, па и од предлозине кога скролам да излезе нешто фино. Чоколадни коцки и нова љубав. И тоа.