Многу ми е тажно кога ќе му се најдам за некој за нешто, а после уствари сфаќам дека типот или типката потајно не ме поднесува или од некоја чудна Х причина му сметам. Мислам, сасвим ок е да не ме поднесуваш пошто не може сите на сите да им се свиѓаме ама лицемерието ми е кринџ Налет, ко за белја па, секогаш у право време ги разбирам овие работи. Обично тамаМ навреме кога се острат да ми побараат втора услуга. Али лет ит гоу, и шаљи им гуд вајбс да си ја најдат среќичката во себе, пошо инаку... тажничко. Денес изодев добри 8 километри да најдам една пршута, па после го видов тоа овцата како ја колат на фејсбук и се преиспитав дали можеби треба да станам пескатеријанец. Ама тек тогаш ќе ми излезе низ нос и јадење и све, пошто невозможно е да бегаш и од шеќери и од јагленихидрати и од месо, можда па не треба ништо да јадам и да се шетам со инфузиичка. Некогаш се чудам колку енергија губам за нешто шо пардон мај Френч, само мине низ мене , ама после се глеам каква бев и каква станав, па ме мава реалноста и оке, идемо даље.
На поминување видов видео на ТВ од охридски плажи и без зборови останав. Па дали е нормален овој народ? Разбирам, да, стресен период беше (е) за сите ама до толку зорт за тие три дена/недела на тесни плажи, низ гужви, знаејќи кои последици може да ги има. Секое поминување покрај болницава преку улица језа ме поминува, брза помош цело време, луѓе чекаат надвор цело време. Немам поинаква емоција од разочарување кој кај и да е мислам во бес ќе премине. Среќа денешната лубеница се погоди.
Толку тапа ден, оддамна не сум имала а уште не е ни половина поминат. Скроз без веза ми е и многу подобро ќе беше да немаше причина, така бар ќе го отспиев. Сега ќе биде работење во покушај, дремење и чекање само од себе да се реши. Ептен неубаво ми е кога ништо не можам да направам за да се помрдне и тргне во подобар правец. А како баш во вакви најкритични периоди се наоѓаат треторазредни личности кои по цел ден ме бараат за небитни ствари, тоа чудо едно. Како да знаат да темпираат кога најголема мака ми се нивните прашалници. Треба и честитики да испратам, а скроз ми нема смисла вака без грам ентузијазам. Ме радува нејзината среќа бескрајно, па ваљда ќе се намолам да си ја вратам радоста и да зазвучам барем малку попријатно.
Ставив цвекла да се печат у фолија и лакирав нокти со бордо боја. Си седам така си матам со цефката во чаша со ладно кафе, дур го бркам мразот и гледам одозгора насобрани како материјал за фонтана, од лакот. Како восочна фигура у двор, па чаршафи се влечат од сегде, па од раката на момата некој вел. Од оние уметнички дела левел 600000, тука вирче ,чешмиче , жуборка. И ти викаат абе артоИте не можеш да ги разбереш.Како у Бриони на времето Изгледа утре така јас ќе се прошетам на работа кој ќе се лакира пак
Листaм кaде дa oдaм, кoј крaј дa гo фaтaм, нештo нoвo дa видaм и искусaм aмa дa гo нaпрaвaм сo мерaк, не рaди редa декa сум виделa или прoбaлa нештo плус, кo уaнa би пaтник инстaгрaмџијa. Им се вooдушевувaм нa oние штo вo секoјa рaбoтa знaaт дa нaјдaт убaвинa и дa уживaaт. Некoгaш пaк, ги жaлaм. Oти некoгaш е oчигледнo декa бегaaт oд себе и билo кaде, билo штo, е пoдoбрo oд тoa дa се тaму кaј штo се. Знaчи, рекoвме, нештo нoвo. Зиплaјн?
Влегов во фустан каков што барав, бидејќи специјално по фустан излегов во шопинг после повеќе од 5 месеци. Бројче што не верував дека ќе ме собере, но ете. Единствено, не можам да го закопчам кај градите. Утре ќе го барам во бутици по другите молови, и се молам да најдам една бројка поголем, во спротивно има шанса да се вратам и да го земам тој уз надеж дека ќе ослабам повеќе во тој регион против мајка природа. И да не го земе некој пред мене и тој број. Ова е производ на тантрум: Село гори, а Сноу се чешла.
Денес сфаќам деκа пρвите ρедови од мојот омилен κонцеρт се пополнети. Што знам дали вρеди да се неρвиρа човеκ што пρед нос му ги зеле фаρмеρκите κои си ги бендисал?! Навистина, што има да се збоρува понатаму... Гρевота!!!
Денес е сосема обичен, летен августовски ден. Ден во кој најдов безброј мали задоволства, и уживам во нив. Малку е потребно за среќа, доволно е да ги отвориме очите... и срцето.
Некои денови како овој, сакам само да заспијам и се да помине. Да заспијам и се да биде ок кога ќе се разбудам. Не можам да го опишам стресот и оганот во кој што сум во моментов. Сите водиме некаква борба, некои од нас - одлучуваат да стојат сами. Но ете, вака ќе си пишат да им помине. Ќе станам пак... и ќе продолжам.
Денес темпеρатуρите се спуштија и невρемето ќе се задρжи наρедните тρи дена...потоа паκ ќе бидат во благ поρаст...
Левел зироу уште еднаш... или пак не? Не сум во минус, што компензира до некаде, да не речам многу. Значи можам да почнам на чисто овој пат, знаејќи повеќе инфо за земање во предвид при одлучување. Уште попаметна и поискусна. Ај хоуп. Али да, денес ќе се чисти и обновува, и оклината, и себе си. Задолжително.
Денес? Се преселив во 12-та куќа на фантазија и идеализам. Од чуда посакувам летечка обиколка и перцепција на ништожноста од вивната перспектива. Реалноста е бесмислена, ама не сум ни за розова димензија... Каква ли е таа "златна средина" ако не е илузија?