Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Денес си врне ли врне никако да престане,бар ми ги навади цвеќињета.

    п.с. Иначе тапа е денов го отепав овде.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.249
    Денес мигрената се всели во мојата глава. Порача кафе, па побара номигрен колку да ми направи шега. Не сака ништо да јаде, ама затоа три пати повраќа од сабајле. Вика дека и е многу убаво кај мене, одамна не била.
    Сега нешто бара вентор.

    Времево ме убива. Мирис на влага...
    Мислам дека летните дождливи денови се потешки од оние на пролет и есен.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Нема нешто што повеќе ме полудува од нотификации и мејлови... иако ми се исклучени. А ако се случи да заѕвони и телефонот, експлозија :@

    Драга Саветка, зошто добивам напади на паника од полн инбокс?

    Денес си размислувам за афтер лајф и како ако го има, би предложила некои луѓе да се вратат во форма на :bug:. И со планктон би била задоволна.

    Бездушни, безмозочни амеби со коишто сум приморана да го делам воздухот.

    Замисли колку треба да ти е тажно за така да се однесуваш со другите? :drunk:
     
    На thelittle17, edna_malecka, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Грозно чувство е кога си сонувал нешто убаво, и после 2 мин. истиот сон се среќава со својата обратна верзија во реалноста и преминува во најлошиот кошмар. Многу грозно. Особено кога се работи за врска која ти значи.

    Пре би да си остане како досега, да сонувам кошмари.

    Жива рана ми е тој однос. Не знам како се случи се' што се случи, и како успеа да го растури балансот. И не знам како да постапувам понатаму. Но сакам да се врати близината.

    Утрово е супер грозно, да видиме каков ќе биде денот... :d:
     
    На edna_malecka и Ginger^ им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Размислувам, дали сакам рутина и дали ја живеам. И ќе речев - Не, баш ми е шаренолик животот. :sun:
    Но, за разлика од другарка ми која годината ја поминува така што неколку месеци работи и живее во хостел, па живее на друго место и иде на работа во истиот град , па оди во друг град и работи 4 месеци на плажа па се враќа во друг град. И тоа целото замисли во Македонија.:D
    Јас, јас.....баш сум праволиниска во битисувањето:wasntme:
    Да бев на друго место, ќе менував работа, град, држава. А сега се задоволувам со менување на фризура, облека...менување дечковци го надраснав тоа:D
    Сега прашањето ми беше кои бои да ги измешам за да добијам посветла лешник нијанса?:devil:
     
    На Doozy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес плачев на филм, за првпат :tmi:
     
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    На репертоар е да се убедам се измолкнам од кревет, и да си направам кафе, па да испијам парецетамол. После да соберам алишта во случај да покоси надвор уште еднаш, и да се спремам да излезам за да шетам бесцелно низ градот. Се надевам дека нема да има поплави од кои нема да може ништо да ме заштити.

    Да го облечам аутфитот кој ми е во глава, и очекувам да изгледам перфектно во него. Косава, вкава каква што ми е некакво-никаква, ептен си ја засакав. Фризурава ме потсеќа на првите спомени кои ги имам, оти од тогаш не сум ја носела на овој начин. Али изгледа дека ми стои. Како расте се поубаво изгледа. :makeup:

    После ќе испазарам и ќе се вратам за да составам едно СиВи за апликација.
     
    На Doozy, poenta и dayla им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Сумирам впечатоци.
    Многу е битно во животот да знаеш кога да се тргнеш понастрана од некои луѓе: црпители на енергија, љубопитници за прашања кои не ги засегаат и најесенцијално баратели на сожалување т.н. вечни жртви.

    Со првиве е страшно тешко да си во чекор со тие пет милиони теми за кои треба да ти раскажат во една милисекунда, развлекувајќи го секое делче од приказната со безброј епитети за понагласен ефект.
    Уште полошо е кога имаш некој таков близок, па мора нели да имаш разумен екскјуз за да се поштедиш од главоболка.

    Јес дека генерално комуникација ме исцрпува, ама па не и баш во секој момент.
    Некогаш сум стварно волна и желна за размена на искуства, случки, секојдневие, ама со овие бе за две секунди мислам готово, толку, ми отишла целата енергија. :bug:

    Вторите се оние кои најчесто направиле куп ср*ња со кои ти ја изневериле довербата, си ставила јасна црта дека продолжуваш комуникација само додека е неопходно, ама неопходното кај нив трае цел живот изгледа.

    Па така од нигде-никаде од време на време ќе те исконтактираат со најглупото можно прашање, за да веднаш потоа се префрлат на главното кое ги интересира.
    А најжалнички ми се тие кои апла си покажуваат колку немаат друга работа, па си пуцаат директно со прашањето кое те засега само тебе лично. Ни како си, ни што правиш, ни ништо бре, отвори си ја душата да не ти тежи интересот за туѓото бреме.

    И последните, а не помалку „важни“ се оние на кои треба да им наплаќаш ко за сеанса.
    Си зборуваш на нормални теми, се смееш нешто и тука како некоја молња на сред летно сонце ќе ти уфрли за нешто што му се задесило пред седум години, ти го има раскажано минимум петнаесет пати и секогаш има некој „зачин“ плус, за поинтересно нели.

    После тоа оф, оф, а сегашноста колку му е тешка.
    Леле леле, ќе полуди од тоа колку му се изместил животот со пандемијава.
    Еве на пример вчера требало да излезе на кафе, ама другарката му откажала зашто била во изолација.
    Оф тешкото, како ќе се пие сега кафе?!

    Не знам, ама еве и само од мислење на муабетиве и прашањава ми стежна во глава, а не пак да ги развивам во реалност и да ги реализирам.
    Ама ок е, ќе си фатиш работички и одма глава ќе ти се разбистри. :sun:
    Уз музиче, не во „друштво“. :!: :music:
     
    Последна измена: 11 август 2020
    На Bezobrazna01 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Се скував во фармерки денес.
    Вредеше ли? - Апсолутно, најлепотица на еден час.
    Белким нема да фатам цистит сега во име на лепота (и глупоќа), пошто мокра бев до гола кожа.
    Битно супер ми се фармерките купени на слепо, уреду е. :|
     
    На thelittle17, Bozica1980, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Видов сликичка од Бекстрит Бојс, 23 години како си постојат. Ме фати носталгија. Заплакав. (?)

    Прочитав кратка содржина од книгата која веќе две недели ја шуткам ваму-таму. Заплакав. (??)

    Синоќа се истурив од плачење на книга во која засега нема нешто толку трогателно ко за плачење, а мене ми е тажна. Со липање, со мрсули, со целиот крајбејби стартер пак. (???)

    Кај да стиснам фактори ресет. :worried:
     
    На Nausicaa, thelittle17, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.249
    Денес сакам да сум студент... како порано...
    Какво едно убаво време беше тоа.
    Безгрижно.
    Како сакам да се вратам назад. Дете, младост...
     
    На minne992, thelittle17, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денес расхотка по жешкото... редици и редици пред банки. :bug:

    Да си ги зедат луѓето парите, шо е сигурно, сигурно е. :worried:

    Покрај сексуално образование и емоционална интелигенција, да се воведе предмет и финансиска писменост. :(

    Кога го видов имотниот лист на Нинка вчера, така тажничко ми дојде. Баш ми беше океј лик, ептен е океј у живо, има човек што да научи... само, мислев сама си се изборила, а она итрица, само си продолжила таму кај што застанал некој друг.

    Да вртЕ парата, тоа е.

    Кај мене еве Фрајле вртат, врти и ова за аплоадирање... да се дешава нешто :inlove:

    Многу ми е јако како се гушиш на топлово од маската, прејако. Ако фанеш да зборуваш на телефон или ако одиш и зборуваш, нешто како на Еверест да си и ти треба боца кислород.

    Ќе си го г'тнам јазикот некој ден, ама те од корона нема да се умира.

    А богами и не ми се плаќа казничка, крштеваат по неколку корона-неверници со по дваевче, скоро па секој ден. :bandit:

    Дали живееме сите во ист универзум или некој е во паралелен?
     
    На mal.ecka, ivi1987, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Легендата вели дека за повеќе чекори, будала "дете" ќе спадне од автобус од еден крај на населба и ќе пешачи до друг во 3 часот на пладне. Комотно можев да уберам право од метрото, место да чекав автобус за неколкуминутно возење плус.

    Ама ќе излезам уште малку уште еднаш, 10000 да ударам па нагоре. (hollest)

    Сакам да кажам дека деновите се присилувам да ги правам работите...
     
    На Purplelilac, edna_malecka и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Денес сум претерано емотивна и цел ден се расплакувам без причина. Уствари, знам причина, не дека е само една...
     
    На mal.ecka, minne992, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    ... сум подобра од вчера. Ќе бидам и подобра од денес, знам! Ама ај нека побрза тоа најдоброто.
     
    На Oxymoron и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Микс од улоги од зори до самрак.
    Релевантен консултант, најдобра пријателка и најсакана тетка.
    Не сум ни царица, ни кралица.
    Жив аналитички ум...
     
    На Bezobrazna01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Денес сакам да лежам и да сум сама. Страшно многу ми треба одмор од луѓе.
     
    На SURF, minne992, poenta и 4 други им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес никој и ништо не може да ме изнервира :hai:
     
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да се навикнам на мислата дека постои еден свет каде сите одлуки ќе зависат само од мене, за да се случи и да биде сигурно газење по цврсто тло.
    Знам дека самостојно функционирам најдобро.
    Фак ит, организатор за сите времиња. :bow:

    Многу сакам кога ќе најдам некоја нова песна и ќе ја слушам 735121543 пати, додека не ми се здосади заувек.
    Ми врти од вчера заедно со мисла и чудно претчувство дека ќе се видиме.
    Среќно неделно тепање мозочни клетки со „шта би, кад би“. :bug:
     
  20. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Денес сакам да се изолирам од се.
     
    На minne992, poenta и turist им се допаѓа ова.