Седнуваш со некој, порачуваш пиво, тој сок. Па го тормозиш оти сок, а тој колку скромен толку огромен, не ја ни спомнува вистинската причина, кажува нешто грлото го боли. Си одиш дома и ти текнува уствари дека мака си има човеков, пие терапија и затоа избегава алкохол и се осеќаш ко гомно. Ќе си пукам в колено, кој идиот сум на моменти и осет немам за очигледни работи. Ќе се помразам тро за да ми помини.
Денес се изнервирав на работа, малку контрола изгубиФ па си почнав по ред. Среќа директорот не помина во тие жути минути оти ќе наебев. Надвор од јурисдикција ми е. Некогаш се осеќам како Меси во некој клуб во замирање. Останатите играчи качиле по 20 кила плус и наместо тренинг ги кренале сите 4 во вис со пиво во рака, чипс на маса и гледаат Кардашијанс. Меси е црната овца. Да, умре циганката што ме фалеше. Не сакам да работам во таква атмосфера, барем просек некој да држиме, ама не, селска лига стануваме. Неколку квалитетни луѓе си заминаа, останаа оние што тераат по линија на помал отпор и тоа станува новата култура на работење во одделот. Чекам убави вести до крајот на месецот ама глумам песимизам за да не се разочарам. Скришно, скокам од радост.
Значиииииииии Седам и смрдам на Ајакс фет де ла флеур (или како и да се вика) оти некој недоделкан го отворил во маркет да го душне, па не го затворил... а јас го грабнав во кошничка. И да, истече врз мене, врз патиките, врз храната... додека укопчав што се дешава, го имав веќе во косата и на лицето и на маската. БАШ е забавно да одиш на 40 степени со Ајакс фет де ла флеур на маската. Е ми го сменија Ајаксот, да... ама целата храна ја фрлив кога стигнав дома пошто БАЗДЕШЕ на фет де ла флеур. Кажав ли дека отидов специјално до таму за тоа пршутчето на попуст?! Тоа е, осмина влав кога си, ќе одиш 10 километри за пршутче на попуст, ќе се полакомиш на фет де ла флеур на попуст и на крај ќе ти излезе низ нос попустот. Буквално. Луѓево се некогаш да земеш и да ги делкаш со тапо ноже за путер.
Једини чоек ли сум шо прави нон стоп брз тест за ковид кој се состои од себедушкање макар и на јавно место. Денес иам корона. Така се деси ете.
До крајот на месецот? Денес бејби Уште малку ќе сум песимист дури не се стави потпис и печат. Сум заборавила да се радувам ко што треба
Интервју по интервју добиваш, работа по работа, и ги губиш ради неадекватни формалности... бесна сум. И разочарана од системот. ... до наредната шанса претпоставувам.
Денес спремив за фрлање едно петнаесет кила скрипти и записки, па тоа сум пишувала, сум пишувала, упм... Ме потсети колкав огромен труд вложив за да сум каде што сум. Некогаш мислам се' ќе заборавам. Може и затоа срце ми се кине што сиот труд морам да го фрлам во канта, или едноставно сум никаков сентименталец. А немам кај да ги носам. Можда и не сакам. Со два куфера сум дошла, со два и ќе си одам. И така си ручав сладолед и вино, и си ја впивам собава што ми беше светлина две години, а ги одбројувам последните десет дена во неа. Ќе ми фали најубавиот и најзелениот поглед во градов, бесконечноста на реката пред мене и сите патки и лебеди што ми беа бесплатна терапија. Светлината, птиците и штурците што ме будеа и заспиваа, двата гулаба што си ги припитомив, ќе ми фали точакот и мирот. Ќе си фалам јас, тука, во оваа верзија. Мразам, мразам кога треба да си го спакувам животот во два куфера и да си одам од место што ми било дома, знаејќи дека никогаш нема да се вратам на тој меридијан. Знам после е лесно... ама сега не е. И така, некаде до крајот на денов и шишево вино ќе смогнам сили, ќе се се симнам до долу и се ќе фрлам низ ветер. Си викам тоа што ми е најважно си го носам во себе. И два куфера.
Денес ми се јаде бурек ама од оној фиктивниот Халоспеви, халоспеви за Апашиев, овај Апасиев де... луѓево се толку очајни за промена, шо дај шта даш, без да знаат дека вистинскиот престолонаследник на Ким Јонг Ун се родил на Балканот. Некој ја прочита програмата? Филозофијата? За што се залага? Јок. Ама кул е да го споделиш на Фб и Твитер Али да бевме народ шо чита немаше да бидеме тука кај што сме така даааааааааааа... Ај нек се занимаваат со 250к еври4и кај се прошетале од една у друга банка, додека Ленка ниже тутуни и врти пута пет. Али типот не треба да предава право, може лекции да држи за маркетинг. Интересен е за слушање, у секој случај. Добар сторителинг, кажува баш тоа што требЕ да се слушне Денес ми се оди у Нов Зеланд, ако може на најјужната точка од јужниот остров... е таму, топ би било.
Цел ден барам κнига за κурс по англисκи од петто-шесто одделение. Не можам да ја најдам. Знам деκа учев четиво на памет, професорκата не тераше да учиме на памет а, κаκо изгледаше κнигата и κаκо се виκаше-не ми теκнува. Ги пресметав κнигите со годините и испадна деκа сите ги имам а, од читивото-ни трага ни глас.
Мнoгу смешни ми се зa читaње oние штo мини дрaмa пишувaaт кaкo зaвршиле студии, специјaлизaции, мaгистерски вo земји кaкo Нoрвешкa, Швaјцaријa, Англијa...пa се врaтиле вo Мк oчекувaјќи сигурнo рaбoтнo местo пo струкa и гoлемa плaтa. Нели, услугa и прaвaт нa Мк штo се врaќaaт дa живеaт и рaбoтaт a Мк нив -лaден туш. Минимaлнa плaтa или вoлoнтирaње дури не се пoкaжaт. Тaкa и им требa, дa се свестaт кoгo идеaлизирaaт. Еден шaмaр или двa зa дa си придoјдaт и дa се пoтсетaт сo кoгo си имaaт рaбoтa.
Денес беше еден од поубавите денови во последниве години. Преблагодарна сум. Благодарна сум што е тој, што се тие, што сум тука каде што сум. Утре па ми е вториот роденден и денес баш беше емотивен ден на славење на животот. Животот, каков таков, е неописиво убав, измешан вкус на зрела капинка, измешан со гренадин и пелин.
Денес, не направив ама баш ништо, цел ден го поминав на компјутер и се чуствував загрижено и малку стресно. Продуктивност 0
Чекам есен, да распакувам есенско-зимски алишта. Ми се смачи од летово, пасивно. И следниов период да ми биде припрема за многу големи работи следната година.Како ќе ги средиме алиштата, така и рафтовите со планови. Не знам дали низ животов ова ќе ми остане, желба и мотивација постојано да се прави нешто. Или ќе заврши со враќање на нешто за неколку години?! Се е можно, како и да е годинава поодморивСакала или не...Мада мислам така имав испланирано, да одмарам и да не се замарам. Прочитав дека златната рипка постоела, па сега читам зошто Исус немало логика да е Јарец? Оф,добро. Сега само сакам да се опуштам и никому да не замерувам за ништо, посебно не на луѓе кои дневната доза карање треба да си ја исполнат на работа...без разлика кој е и зошто. Многу нежна особа сум Шу да праиме И сегааааа, ме чека многу следната година, многу.Ама на секое поле. Морам да се вратам на моите селф рутини, да се посветам , за да не ме удри срчка оти џабе после. Ама не може да биде полошо од 2019та што беше, како и да е. И ќе купуваме, и ќе штедиме и ќе менуваме работа, ќе учиме, и ќе правиме нешто друго И сето тоа за нешто поголемо за неколку години..И се така животот во проекти. Само да биде весело да не поцркнеме За тоа ја ќе се погрижам
За, разлика од вчера што бев загрижен и под стрес и ништо не праве, денес само ништо не правев и тоа ми годеше, се одморив и не ми беше грижа дали да направам нешто или не. Интересно е како еден ден а лош поради одредена причина, а другиот е добар поради истата таа причина.
Денес си завршив скоро се', си разрешив нешто од сабајле, па уште некои ситници што останаа. Прилично задоволна, после доооолго време.
Денес сфатив колку различно гледам на нештата, за разлика од пред неколку месеци. Се' поминува... дури и она што во моментов ни изгледа трагично и нерешливо. Изгледа времето навистина лекува.
Денес се чувствувам како буренце со емоции, ама онака ко на цртан филм, изрешетано од сите страни па на сите страни фрчат млазови. Не е ни лошо ни добро, просто е. Имам некое чудно чувство на мир, и ќе му верувам. А ла Бодлер, пливам во некоја своја верзија на естетика на грдото, и дур сентименталноста ми извира од уши, ќе продолжам да наоѓам убавина во се'. И ќе се расплакувам по автобуси, зашто и денес и секој друг ден, нема да знам за поинаку.