Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Секако дека за мене ќе пукни тапанот, ако не добијам нешто на најтешкиот начин, н е м е б и в а.
    Сменив позиција во фирма, фала фала, и на ваша глава. Арно ама, менторот што требаше да ми биде, заминал на боледување и ќе биде до богзнај кога. Малер ко што сум, најверојатно до крајот на годината |( Уште еден на одмор и ти Бригито снаоѓај се како знаеш и умееш. Ко теле се чувствувам. Не сум јас крива инаку, си има рок колку време трае обука и не е факинг недела дена од луѓе што сосем трето работат, ама фирмава изгледа мисли дека одличен и најбрз начин некој да научи нешто ново е да го фрлиш во оган.
    Ќе си работам со грешки. ТоВа е.
     
    На Doozy, mal.ecka, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lale-to

    lale-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Први септември како понеделничко утро на годишно ниво... :coffee:
     
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Први септември е, мислам дека дури сега сфаќам колку многу го сакам датумот, со колку убави спомени го врзувам. Го нема значењето повеќе за мене, сепак... први септември секогаш ќе важи за "први септември".

    Годинава нема општо да означува ништо, што е ептен... тажно.
    За мене.
    Не стандартна е по многу причини, и направи недостижни многу работи, кои колку и да пробаш да се/ги адаптираш за да ги оствариш, не бива. Или затоа што е огромна занимавка која нема да вреди на крајот за наједноставни нешта, или затоа што навистина скапо ќе платиш.

    Од друга страна, поцврста и постабилна не сум се чуствувала, ниту изгледала, во реалноста никогаш. Кога букавално се' е на риск, не само важно (и)релевантните сегменти од порано. Здравјето, за кое мислев дека ја научив лекцијата, но очигледно не сум и паовторно свесно си ставив трн во здрава нога. Етика, односи, финансии. Ништо сигурно во догледна иднина.
    Само верувам дека ја имам контролата. И одлучувам според тоа.
     
    Последна измена: 1 септември 2020
    На Doozy, Ginger^ и Sahlene им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Многу сакам есен, топол чај, пристојно сонце, гушкање, нови бои и да не морам да се брзам нигде.:) Се надевам дека ќе биде добро:)8)
     
    На Rubiii, Doozy и minne992 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Денес имам ментален и емотивен запек.
    Ме нервира кога е така.
    Чувства кои ми тежат, а нема како да направам да си одат. Мислам на решение, а нема, решение е времето, ајас нестрплива.
     
    На Rubiii, Sahlene и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Денес имагинацијата дозволив да работи. Затоа што не е се' сјајно, ама само со негативни мисли кон себе нема да стане. Има повеќе грешки, како и кредити кои заслужувам да си ги дадам за многу работи. А ги игнорирам, и дозволувам и некој друг да ги занемари кога се обидува да ми пробута други нешта за исти ствари. Можеби не треба повеќе да дозволувам тоа да се случува, дури и од тој еден единствен извор.
    Затоа што скоро сама (успеав/) успевам во се'.
    Нешто долго посакувано, теоретски лесно остварливо за мене, покажа дека доста време одзема за да се случи реално.
    И беше тешко, да. Уште има наклонетост да е/биде потешкотија. И ќе биде. Ама веќе имам претстава како така.

    Мислам дека сум на ниво на кое бев лани ова време некаде, највисоко до тој еден момент, можеби само побогата со искуства плус.
    Во ред, сигурно побогата со искуство. Затоа очекувам овој пат да продолжам само напред и нагоре моустли. Континуирано. Стекнат ендјуранс што прави.

    Се гледам во огледало. Облекувам пар панталони. Се сеќавам на влегувањето во друг пар. И носењето.
    И на блузите кои ги начекав и ги земав вчера. Иста марка и квалитет купив пред 2 години без 10тина дена. Овој пат 2-3 величини помали.
    Сакам да видам утре и еден дуксер како ќе ми стои.
    Продолжувам даље.

    Сепак, туку што изедов 100 грама чоколада со мелени кикиритки. Не сум јас виновна што е околу 25 денари, и ми е достапна под нос скоро по секое време.
    Инаку друго и не мора да јадам, можам да издржам.

    Утре треба да станам и да ги наредам работите за да направам пица. Верзија со митболс, и без оригано оти не можев да најдам во огромен маркет кога земав готово тесто. :d:
    И да прередам дреи, вадејќи и тенок јорган за употреба, за кој веќе каснам со едно 2-3 недели со исклучок на неколку дена минатиот викенд.
    И да побарам и најдам кутија и пад кои ги меркам.
    И да спремам испити.

    Изгледа сагата започнува сега суиити :d:
     
    Последна измена: 5 септември 2020
    На Purplelilac и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Додека пишувам пред очи ми е потписот на членката над мене а најнеомилен потпис ми е на форумов, па малку неУрозна сум :D Веќе неколку денови како сакам да пишам ама си реков ќе почекам некој друг да напише под неа да не ми е пред очи дури креативно се изразувам 8-| ама јок.
    Луѓево ја мешаат мојата љубопитност и желба за нешто ново со -амбициозност. Не сум амбициозна луѓе, ни титула ме занима ни статус ни бутур. Тоа што одам по малку напред е заради црвите во газот што не ми даваат мирна да седам. Нус производ на мојот темперамент.
    Изгледав 6 сезони од една серија во последниве неколку недели. Како не ми е гледана досега се чудам?
     
    На Bozica1980 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Цел свет како да ми е на плеќи денес. Оваа е немирна и спиена сум само 6 саати и плус изгризана сум. Дај тие заби нека и се сменат, аман више. Сакам да се истепам со некого зашто мислам само тоа ќе ми даде волја и мотивација. Глупава администрацијо бре! Еден е*бан документ ако ми го зае*е малтене животов, не знам што ќе направам. Не знам ни што ќе можам да направам зашто мислам ќе се поврати една депресивна епизода. У превод, да си спремам постелнина која трпи 4 недели да не излезеш од неа.

    Да ми дојде некој сеа да се објасниме колку е прекрасна оваа чудесна Македонија.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денес слушам реклама за Мекиците од Стража ииии...

    Прашање што ме мачи многу одамна - зошЧо Мекиците од Стража пробаа да се пласираат со чизкејк и еспресо на пазарот? Па ајде да бидеме малку уникатни, веќе кога се брендираме, па со мекица оди сиренце и кисело млекце - по можност не од 90 денари ама ајде друга тема - и локумче и домашен џем од шипинки и боров мед, не еспресо и чизкејк.

    Некогаш стварно немам со кој да си направам муабет за вие работи. :bandit:

    Ин адр њуз, многу ме весели кога некој ми се потсмева, а мисли дека не го гледам. Значи џаци и роѓаци, да се правиш глуп (понекогаш) е најкорисната вештина што може човек да ја научи. :yawn:

    Ден на млекото е утре, а битолските млека веќе не се дел од акцијата. Booo hooooo, all good things come to an end :worried:

    Очигледно сите имале осмина влав во нив кога станува збор за пет денари поевтино млеко. :D
     
    На Nausicaa, mal.ecka, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес ми е ден за размислување.
    За анализирање на некои мои одлуки.
    Зошто баш сега, кога коцките почнаа да се редат, барем навидум, јас станувам толку незаинтересирана што сама на себе сум си туѓа... Не се препознавам.
    Некои чувства избледеа, се појавија други. И ништо не можам против тоа.
    Сама на себе ќе си бидам приоритет, друго се' е минливо. Колку и да не сакам да го прифатам тоа.
     
    На poenta и Sahlene им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Денес, па и изминативе денови ми се мота мисла колку е убаво што виртуелниов свет можеш да го „прекинеш“/затвориш кога и да посакаш.

    Нема збор со кој можам да опишам колку ме прави среќна тоа.
    Во еден миг ти предизвикува стрес, разочараност, напнатост, а веќе во друг само со едно иксче се' се менува.
    Повторно си развлекуваш блага насмевка од задоволство што си подредуваш мозочни вијуги, а желбата одново да си вклучиш луѓе од сегашноста покрај себе само расте.
    Доволност во сопствена режија. :f:
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Тоа вредното џуџе од Снежана што си копа руда во тимбава ко да е на спидови, ма така би му ја ѕвекнала една, да го онесвестам да одмори малку.
    Брачед бе, се откорна од копање, мајка му стара, саде дијаманти. :tmi:

    Толку сум мелахнолична денес, што ете, криво ми е за фиктивното џуџе рудар, не сакам да му бидне нешто да го мислам, па само малку да го буцнеме колку да не е без ич. Да му текне да затвори офисот за денес. Или да земе продолжен викенд. :worried:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Зошто неУрозна, и зошто си чекала Бриџит? За ваков сериозен проблем има многу едноставно решение- почнуваш да ме игнорираш.
    И надежно нема да бидеш неУрозна никогаш повеќе. 8-|

    Плус, не вредело чекањето на крај, не си дочекала. :wasntme: А и изгледа не си се сетила да ја активираш опцијата за да не ти излегуваат потписите на членовите, макар времено, за слободно, креативно да се изразиш.
    Штета.

    Денес ништо посебно инаку до сега. :makeup:
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не мoжев дa игнoрирaм пoштo ми беше нa гoрнaтa стрaнa нa екрaнoт дури пишувaв пoд твoетo мислење нa лaп тoп, a не ми се исклучувaaт сите пoтписи пoштo некoи ми се свиѓaaт :D Еве сегa пишувaм oд тел и немa пoтпис :whew: Дa знaев oд тел ќе нaпишев.
    Немa пoтребa дa си увреденa, сo твoјoт пoтпис си имaм прoблем, сo тебе не.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Под "почнуваш да ме игнорираш" мислев да ме додадеш во членови кои ги игнорираш, така нема да ги гледаш моите мислења, каде и да се наоѓаат.
    Не сум навредена, тебе ти пречи мојот потпис, мене ми е супер, тоа е важно, и така ќе продолжи да изгледа. Али ако имаш проблем со мојот потпис, имаш проблем и со мене, оти тој не е ставен случајно и има поврзност. Логично нели.

    Така да, слободно можеш да ме игнорираш за да не се нервираш и пишуваш мислења за него во иднина.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    А, јас што да пρавам κога неκој ќе ме блоκиρа на фејсбуκ? Κаκва смелост?! Да се надовρзам.
     
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Многу ми се ефтини малите луѓенца шо во секоја ситуација, мора да се центарот. Ако не се, они мора да најдат рачка да кажат како нешто им е гнасно, нешто не е како шо треба и они се нај и се у суперлативи.8) Е таквите кога ќе добијат функција, многу лесно се хендлаат. Нивното постоење е оправдано, остварено и нема веќе ѕрцки вадење.
    Се' е рамно во долината.
    Евентуално други, не се у борба за функција , па тука одма у другом стању и се' му е посложено. Оти тоа што требаше да го прават , ги мрзеше и бараа изговори..е сега го имаат у ракавот, не треба да се бранат. И сите среќни , ја би да се бремени нонстоп и на функции,вака се' си е на место.:D
    Мали луѓенценца, комплексите ви се излечени. Дајте да прајме кафана :D
     
    На Oxymoron, poenta и Doozy им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Еве по дома, во зоолошката. Да не се урочам тргнаа некој работи. Па уште да излезе декември како што јас си го замислив па тоа сречи краја нема ќе биде. И после цел јануари а од административни и бирократски работи да не видам.

    Си куцкам по форуми наместо да доработам презентација. Кенкам зашто сакам да живееме заедно пак и да јадеме пудинг од ванила под сивото ќебе. Исто така се прашувам, дали навистина има 25+ годишни луѓе на кои им е мерак да си живеат дома? Не знам, некако чудно ми е што гледам луѓе кои немаат потреба ни желба да се издвојат од домот, да искусат живеење сами/со партнер. Да бидат свои на своето.

    Сум пропуштила бре и некоја наградна игра на тутунска и попустите во ДМ. Ако може да ми надокнади универзумот со телевизор награда од награднава на Гранд кафе, фала многу, пријатно.

    пс. Знаете што е погрешно и што ме нервира? Што потсвесно се радувам за нијанса повеќе кога ќе ми кажат дека ми се познава 'рбетот и клучните коски (далеку сум од анорексична, да не се лажеме) него од тоа дека ми е објавен трудот некаде. Ти благодарам о тоа општество од 90тите што воскликнуваше на преслаби манекенки и не осакати сите од тие генерации.
     
    На Doozy и Oxymoron им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Вчера изнарачавме многу глупости за јадење со намера да исполниме услов за достава (проблемите на мрзливите миленијалци кои не функционираат после 16ч).
    И нормално, само залет земаме. Ни остана половина за денес...

    Пошто порадо би си исекла прст него ли да фрлам храна, гравчето го трансформирав во тавче-гравче. Ми се иде да ставам шатор пред рерната и да му влезам со огромна лажица кога ќе се запече. :sweat:

    Откако го спастрив ми светна една мисла - гравче за ручек во петок. Баба ми се гордее со мене. :l:
     
    На 1209, Oxymoron, Blue.Sky и 3 други им се допаѓа ова.