Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Откако сабота ми е ден на млекото сега, светот е во хаос. |(

    На моменти ми фали малку... како да кажам, религиозност? Спиритуалност? Продуховеност? Не за друго, понадежни се тие луѓе од мене.

    Имаме една далечна роднина, секој ден и почнува со bible study, две јаболчиња и оревче. Па ќе оди да си копне во нивчето, па бајбл стади, па дошло време за ручек, некоја манџичка со зеленчук од градината, малце лепче и проџе дан бе. 90 години има, машала.

    Мене со што ми почнува денот? СО Ш Т О? :drunk:

    Како да немав доволно драма јас, киднапирав и две мачиња пошто... дебили. :@ Многу долга приказна. Да не сака некој да ги вдоми? :bandit:
     
    На Biljarkata, Ginger^, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Мислам луѓево што се зачленуваат во разно разни клубови и организации и групи и слично не е затоа што ги занима конкретно она за што се залагаат тие групи туку или од досада или од тоа што им фали друштво или хоби или очајни...или приглупи, некои, пошто им одзема и време и пари а немаат апсолутно никаква корист за возврат. Освен замислена, во нивните глави им се случува трансформација невидена а всушност објективно да погледнеш од страна, скоро и да не мрднале од почетната точка.
    Цезар салата во план за вечер, на секои 10 минути гледам на саат дали дошло време да почнам да ја правам, ама рано е. Во меѓувреме микс од постари диско песМи. И на нив им дојде ред.
     
    На Oxymoron, Lilit и boomsleng им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се чудам како издржувам во ова шити опкружување.
    Сра*е луѓе, сра*е можности, сра*е размислувања.
    Егоизам и чекор подалеку.

    Трпеливо ќе исчекам.
    А потоа себичноста ќе ја преземе круната.

     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.412
    Пол:
    Женски
    Конечно одлучив да ставам крај на една вештачка творевина исплетена од сомнежи и манипулации а разубавена со спомени и насмевки кои привидно ѝ даваат надворешен сјај.
    Нека стои ова тука да ме потсетува да си останам на зборот.
     
    На prominent, Oxymoron и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Си купив нова ташна и сега ме фати некој бес д̶а̶ ̶с̶и̶ ̶к̶у̶п̶а̶м̶ ̶н̶е̶ш̶т̶о̶ ̶н̶о̶в̶о̶ да си го демолирам плакарот и да си купам милион нови, непотребни глупости.

    Ептен логично. Оти нели, окапав од шетање, дома не се прибира лепотицата. Поговото па со тој тип на облека, мислам подобра инвестиција нема да направам.
    Ќе скапе облеката во плакар.

    Ама кошулчињата, сакоата леле какви се. ;(
    Ќе си се дотерувам на онлајн состаноци, што има врска тоа дека надоле сум во хеланки со мечиња, ѕвонци, светки, малце со распарани конци и рабови готови да експлодираат од стискање погрешен програм при перење.
    Битно трепките расчешлани, кожа блеска, кошулчето од соништата наденато. Лепотица една низаедна.

    Порака од мене за мене: оди ма легни си, малку така. Ај легни си. :D
     
    На Blue.Sky, prominent, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.984
    Пол:
    Женски
    Денес си го изгледав пак видеото од пред две недели и сум го испуштила делот од неколкуте секунди. Ми го направија денот. Леле, не се салам. Едвај чекам да дојде среда! :inlove:
     
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес ми пречи тмурното време.
    Ми се шета некаде, а ме мрзи да се спремам. Изгледа дека ќе си останам дома. Но тоа и не е некоја катастрофа, барем за мене.
    Ме фаќа некоја меланхолија за летото што измина. Чувствувам како да не сум го искористила ,,како што треба''.
    И за да не испадне дека само се жалам, добив убава вест во врска со работното место т. е. идното работно место, бидејќи ми следува унапредување.
    Не е лош денов! :)
     
    На Ambitious му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Си завршив еден куп работи шо ми висеа над глава.
     
  9. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Денес, исто како вчера. И како секогаш..
    Ни на повидок промена во себе-деструктивноста.
     
    На eliesaab и dayla им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Временцево е супер, топ, да се растеретиш од непотребни емоции, непотребни алишта во плакар, непотребни планови? Зошто, ради страв? Од сега -Does it sparks joy? Ако не ми спарка, ич не го мислам, па нека бидам поразлична во општеството и понатаму:D
    Туку, како ќе се преживеат овие ретро планети, ковид и остали напорни људи?! Како?!
    Не ми спарка ништо од оваааа.....
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Слушнав преѓеска во кола една песна што ја немав слушнато одамна и реков кога ќе си дојдам дома обавезно ќе си ја пуштам на јутуб неколкупати. Сега заборавив која беше и јанѕа ме јаде.
    Почнувам ново хоби. Ако ми задржи интерес ќе ми се исплати и финансиски за неколку години. Ама огромна е и веројатноста да се откажам ради немотивираност и фрустрација пошто си бара и време и фокус и истрајност. Ќе видиме колку ми е досадно. Прекасно се сетив дека губам време на небитни работи.
    Прво, песната да се најде...
     
    На mal.ecka, Purplelilac и Oxymoron им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Спушти си Shazam апликација на мобилен, кога има песна ја отвораш аплилацијата, ја наоѓа одма по звук, ја меморира и не мораш да памтиш.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Колку прекрасен ден. Ама озбилно. Времево не може поубаво да биде, значи есен луѓе, есен му е мајката. Нека дојдат сите по лето луди да ми објаснат што е во истото толку убаво (освен ако не живееш на море, а од искуство да ви кажам и таму есен е поубава).

    Се шетавме, со песот, со новата фризура, со се по ред. Си правам кафе прееска и ме пукна еден gratitude wave. Ама баш за се. За кафематот и убавата пена што ми ја прави на еспресото, за погледот од тераса и зеленилото што ни се гледа, за некои убави моменти кои ги имавме и за кои и тогаш и сега чувствувам дека биле ко од филм излезени. Муабетевме со другарка ми и баш си размислувам сега. Она што го сакаме ни доаѓа. Ама навистина доаѓа. Само некогаш е скриено под такви камења и гранки и треба да се запрегнеме. И некогаш изгребани ќе стигнеме ама таму е, не чека, и ни се смешка.

    Одлични неделни филозофии зар не. Ама искрено, ништо повеќе од некој за кафето погодено да го испиеш не ти треба. Било тоа човек, животинче или цвечка.
     
    На Biljarkata, Sexybaby86, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес сфатив дека за многу нешта за кои порано (читај: пред некој месец) сум се нервирала, буквално сум кинела живци, денеска ми е сеедно.
    И мило ми е што е така, немам нерви ни време за губење.
    Со сила нема убавина.

    И еден совет од мене... ако се грижите за нешто, ако тоа не ви дава мир, помислете дали ќе ви биде важно за пет месеци. Нема да кажам пет години, премногу ми изгледа.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Многу ми е безвезе кога некој се одлучил да почне нешто ново и не се задоволува со -браво, честита, со среќа, само напред и слично туку бара постојано внимание, да збориме за плановите, да бодриме, да "поддржуваме"...посебно кога знаеш дека често едни исти ликови почнуваат мал милион работи без да ги завршат пошто еуфорија иде и си оди, а со неа и плановите за подобро утре. Ништо ново, на сите ни се случува. Заврши тоа што си наумил па на крај ќе славиме. На нероден Петко се помалку капа ми се крои со годините пошто ставрно не ми се вплетува во туѓи фантазии за на крај ако се изјаловат пак до бескрај да дискутираме каде тргнало наопаку. Ко да не знаеме зошто. Или не сме доволно истрајни и упорни, или јеби га, живот, нејќе да биде. Упростено. За повеќе не ми се вклучува мозок. И на крај ќе ти речат -негативна, или љубоморна, или идиукурац гајле ми е што мислиш.
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Денес ... ја чекам точката на вриење.
    Моментот кога на Том му излегува чад од уши .. е тој.

    Само сама сум си виновна.
    Земи си на глава што треба и не треба, па после ќе ми играат румба по нерви.
    Епа да, затоа што им се може и затоа што сум будала која секогаш го одбира она што за мене е најштетно.

    Ох.. па и прашањата зошто збор не ми се кажува.
    Подобро за сите е ништо да не кажувам, зошто наместо зборови пламен ќе излезе.

    И така, ќе помине уште еден скапан викенд.
    А од идната недела пак ќе си удирам глава од ѕид. :handshake:
     
    На Snow-Star и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Мислам дека очајот ме надвладува... и ми доцни. Добитна комбинација.

    Или пак не, само станувам уште по директна и искрена, безмилосна и сурова.
    Периодов ќе паѓа крв. Почнувајќи од мојата, па сечија друга по ред.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Saturn cheking in


    FB_IMG_1601902201939.jpg
     
    На Doozy, tigerlady и lumosmaxima14 им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Денес реализирав колку сум повтроно во аут со грижата за себе, секој пат се повеќе од претходно. Што реално не е така, ама кога почнеш нешто правилно многу лесно после се забележуваат грешките. И удараат уште посилно.
    Така да, морам да се стегнам за да не западнам повеќе со здравјето.
     
    На edna_malecka и Purplelilac им се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес се скарав за глупост со драга личност, а причината беше мојата акумулирана нервоза.
    Сега се' е во ред, разговаравме и ја решивме ситуацијата, но кажав зборови што болат, и сега колку и да се каам и да се извинувам, зборовите нема да се вратат и да исчезнат.
    Зошто молчам пред оние што заслужуваат и лош збор... а се истурам на оние недолжните? (facepalm)
     
    На Рапунзел.*, edna_malecka и Purplelilac им се допаѓа ова.