Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Ден за одмор.

    Чајче и боенката пред мене.

    20201010_203447.jpg

    Си ја носам на плеќи тежината животот што ми ја накалеми. Вртлог од чувства на празнина, олеснување, па мачнина, па тежина, па...
    Не сакам да бидам во ова. Дајте подобри денови.

    Што ли ќе донесе ноќва. И утрешниот ден. И сите наредни денови.

    Што живот ќе беше.
     
    На tinka-mace, Рапунзел.*, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Ден почнувам како најблагодарно, ма не суштество, тоа е натпрiодно какво блаженство чувствувам. Утредента, не сакам да спомнувам колку спротивно може да биде. Баланс, ќе речат,
    Луѓево ја спремија зимницата, јас да си го спремам кантарионот коа ќе ми го снема сонцето.
    Зае*би баланс, ако нема радост, нели така. Си ја најдов на космик плејлист :music:






    Do you believe in magic?:*:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Денес се рaзбудив убaвa. Еднo oд ретките утрa кoгa ќе се рaзбудиш сo кoсa кo oд фризер дa си излеглa, лицетo чистo, oчите сензуaлнo пoспaни, без пoдoчници, умoр и кaпaци кo дa цел свет се виснaл нa нив.
    Пoчнaв пoчестo дa гледaм вo '"речник нa мaкедoнскиoт јaзик". Некoи збoрoви пoчнaв дa ги мешaм, зaбoрaвaм, дa не сум сигурнa кaкo тoчнo се. Дoмa се пoчестo дoдекa збoриме нa мaкедoнски упoтребувaме туѓи збoрoви зoштo пoпрвo нa нив ни текнувa, пa некoј oд стрaнa дa не слушa вaљдa звучиме кo -Јa уклучив дишвaшaтa и зaминaв сo кaрo. Не е претеризaм, сaмo си иде тaкa сo времетo.
    Oдaм дa јaдaм.
     
    На do-re-mi, edna_malecka, lumosmaxima14 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Дојдов до заклучок дека не треба да земам на сериозно личности кои не живееле подалеку од блиските и не се (о)самосто(иле)јни по/во секој сегмент.

    Светот од ахроматски ми отиде во боја и уште свикнувам.
    Тешкичко оди навикнувањето, се трудам да отворам очи и да не сум слепа.

    Треба да се шишам. Што значи дека треба да закажам термин недела дена унапред, откако ќе проверам како сум со превоз оти е во друг град, јер потенцијално најдов идеална фризерка за мојата коса која знае што прави реално и тоа е очигледно.
    Но пред се, прво треба да проверам дали и на цимерката и одговара, јер се договоривме заедно да одиме.

    Што и да се случува, очигледно можам да се справам со билошто без разлика на начинот.

    Рандом нафрлани и отбележани мисли од денешниот ден... :*:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. inna.22

    inna.22 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Денес како и секој останат ден ја премислував секоја можна одлука, макар и најглупавите и најневажните во мојот живот. Ах животе спуштена ролетно:punch:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Happy sunday.....on Mondayy|(
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    20 минути се вртев по дома во обид да си ја најдам шнолата за да ја штипнам капата за коса да ми отстои убаво шампонот против жуто пиле тонови.

    Кај ми е шнолата, абе пуциииии кај ја ставив шнолата, леле ја фрлив ли, абе само оваа ми е останата леле како ќе работам сабајле, најубава шнола, ми се укочи раката стисната на капава, леле-леленце. :sweat:

    Шнолата ми била штипната на косата под глупата капа. (highfive)

    Забелешка: да си купам нова капа што нема да ми паѓа до под нос. Или Билобил, ако воопшто помага. :worried:
     
    На KateKane, edna_malecka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мака ми е кога ќе се скарам со некој кој ми значи. Ама уште ми е помака кога ретроспективно гледам дека секој пат јас сум попуштала и секој пат сум гледала прво туѓото газе да биде на меко. Па не иде бе. Нема изговори што ми имаат смисла веќе. Далеку сум од цвеќе за мирисање, кој е да бидеме реални, ама мој мој преку мој.

    И така, после напорни неколку дена, денес е ден за одмор. Ме чека кафето со кокосово млеко, на мисла ми се колачите американски со маааалку арома на портокал од Њујорк слаткарницана, на мисла ми е и денот кога ќе се знае нешто повеќе за каде треба овој пат да се пакуваме. Но се тоа на страна. Нека врне, ајде, го чекам.
     
    На edna_malecka, Doozy и MeowMeow им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ме фана срам како пишувам домашно дојч набрзинка и оставив пошо тропав глупост до глупост. Како нашколо кога препишувавме математика пред да ѕвони. :bug: Само шо воа школо сама си го плаќам и не треба да се глупирам вака ама ај оди најди меѓупросторче во времето и за тоа пустото.

    Сте знаеле ли дека колач Бушава Ката ака кокосови коцки ги има у Острелијата и Њу Зеландијата под назив Велингтонс? Што би сега за такви да си сркам од тава и да се опретам цела ама њама. Њ А М А. Требев риба сеа, ај доста е. А и леќата бајаги ме израдува денеска.

    Утре е ден на млекото, сите знаеме што значи тоа. :smoke:
     
    На thelittle17, ivi1987, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Денов мех, вечерва подобро.
    Пижами, ќебе, уште едно ќебе, Рошен со кокос.
    Ќе си припорачам книги. Мисо. :l:

    И доаѓаат оние подобри денови. :angel:
     
    На MeowMeow и edna_malecka им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Денот почна рано рано со денсање на Севиџ лав и осмех од шестка до шестка, за после да се претвори во голем "meh".
    Обично тоа се случува, да.

    Навистина ми пречи што сум со толку тежок карактер кога се во прашање (нај)прости работи.
    Но истиот карактер ме води цел живот за да стигам каде сакам, соу...
     
    На Purplelilac и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Убаво ми е кога се будам рано, ама наспана. Без аларм.

    Туширање, кафе, книгите си ги зедов, си купив појадок. И еве дојде пладне.

    20201019_113358.jpg

    Пред некое време си купив соодветен прибор за цртање и се обидов да цртам за темата Inktober ама не ми одеше. Немам цртано многу долго време. Ќе си пробам нешто по мое, ако го бива, ќе видите во Вашите цртежи.

    Колку и да гледам туторијали за плетенки, не можам и не можам да си сплетам саглам, не ми фаќаат рацете. :|

    Да наредам уште песни во плејлистава.

    Ии јуриш во денот.
     
    На prominent, Ambitious и edna_malecka им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес е убав ден, имам многу причини за да бидам среќна :sun:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Денес на насловна на фемина сајт, блогерка која запржила ќебапчиња. Божегосподе, да се наежиш од затупеност.
    Заби ме болат. Сите. Кога се нервирам ми удира на заби, недај Боже да ме стрефи некој голем стрес, прво забите ќе ми отидат.
    Вирусот во полна пареа, почнаа акни да ми излеваат од маските, секој ден по 8 часа на работа, нон стоп. И очигледно уште долго ќе е така.
    Слушнав муабети дека шефицата често си пие, јас не можам да ја приметам, таква глупа си е нон стоп. Може тогаш кога е поочигледно глупа е пијана, којзнае.
    И то. Безвезе ден денес, се приметува, нели?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Денес официјално си земам деј оф и ќе правам се што се прави тогаш.

    Кафе во кревет, силно светнал ден иако е сонце со заби, и еден од ретките денови кога ја тргам едната завеса. Повеќе светлина и убава глетка. :smirk:
    Мора да ми стане навика.
     
    На Purplelilac и Doozy им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес е идеален ден за разбистрување на мислите, за одмор, за малку безгрижност во прегратките на саканата личност, за малку топлина и бегство од секојдневието.
     
    На Hugh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Рaнo ли е дa пoчнaм Бoжиќни филмoви дa гледaм и дa рaзмислувaм зa укрaсувaње нa елкa? Штo другo ми oстaнувa? Дoмa, тв, интернет, кујнa. Фрли и некoлку сијaлички зa декoрaцијa и ете ти Бoжиќ. Хaштaг fireplace, хaштaг cookieeeees.
    Кaснo ли е кaфе дa пијaм? Пoрaнo вo 9 нaвечер живoтoт ми пoчнувaше, сегa се плaшaм кaфе дa се нaпијaм. Петoк е, утре не сум нa рaбoтa, ќе ризикувaм, штo биде некa биде, еднaш се живее, yolo. Стaвaм ѓезве нa ринглa. I feel so naughty ]:)
     
    На annii, do-re-mi, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Гуд мoрнинг. Прaвa дoмaќинкa стaнувa вo 5 ипoл вo неделa |( Гледa вo тел, пa вo тaвaн, пa вo тв, пaзи дa не ги рaзбуди oстaнaтите aмa кaкo пo прaвилo бaш кoгa нaјмнoгу пaзиш, тoгaш ќе ти пaдне тенџере oд рaце и ќе се стркaлa пo скaли иaкo немaш ни тенџере дo себе ни скaли. Кaкo? Е кaкo де? Мистеријa. Вaжнo ги рaзбудив.
     
    На Biljarkata, Doozy, annii и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Медицински персoнaл oд Сaнте, зaлепени еден дo друг зa сликa нa фејсбук, вo време нa кoрoнa. Амa мaски нoсaт, aмa нa дoктoрoт рoденден му е и тoртa му купивме. Бoже Гoспoде кaкo мoже тoлку без oсет дa се?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Денес да останам жива ако може.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.