Денес станав волку рано после кузнае колку месеци. Од март можда волку рано не сум станала Или еднаш станав за на факс нешто. Нема везе, ми се спие ми се плаче На страна што личам на вампир
Денес сум некако хиперактивна Уште да го искористам овој наплив на енергија за корисни работи, би било супер.
Вчера сакав да пишам, отворив и заборавив... Ама еве се тера денес денот. Од 6 и пол будни (гритингс кучкари, а и мачкари богами, и тој во 6 станува), пола ден истеран, работи завршени. Некако имам чувство деновите ми се полни со завршување ситни работи кои всушност си се трупат и си бараат, си повлеквит што би се рекло. За ситуацијата ноу комент. И за загадувањево, со години сум го пропуштила овој период во Скопје и није ово у реду народе. Не маски, не филтри, не иде работава. Баш си размислував на точак прееска, па за ништо не би сакала голем стан или куќа во Скопје. Нешто мало, да те собере, и другото, штедење за шетање или викендичка надвор од тука. По можност со мала градина и овошни дрва од стари вариетети јаболка и крушки. И ајт со здравје. Сега ме чека калинка, подоцна може и дуњи ќе се варат да замириса станов на есен како што доликува.
Денес сум тажна и малку разочарана, малку и исфрустрирана. Не можам да допрам до луѓето во мојот живот. Не ме слуша никој, невредно е моето мислење а невредни се и моите дела. Никогаш добра, никогаш вредна , никогаш подржана.
Таму некаде постои верување дека се' што ќе зацртам го остварувам, и секогаш е по мое, до кое се држат моите. Што е точно до одреден степен, али ако мислат дека истото е лесно изводливо/изведувано до сега, и нема милион компликации, решенија и адаптации по пат, не знаат ни половина од реалноста. Тој факт е најчесто искористуван во ситуации да ми се трие нос во смисла "Ете го постигна посакуваното (пак)."- уатевр, ин а но нонсенс уеј и ролање очи атитјуд, па и лутина од горе. Да, скоро секогаш е "мај уеј ор д хајуеј", ама и секогаш има основа да биде така. И место да се фаќате секој пат за тоа, може да се фокусирате на резултатите на пример. Чисто како за промена. Па ако ве интересираат повеќе детали, да ја дознаете и позадината. Во спротивно не коментирајте ништо ет ол. Фала на (не)разбирањето
И вие вака у сред пандемија си стискате желби во кафе секој ден за работи за кои што свесни сте дека има малку веројатност да се случат ама тие 3% потенцијал не ви даваат да помислите на нешто друго? Одлично тука сме. @Snow-Star друго ми беше на ум да пишам и го читнав твоево и жено ДА, ЗНАЧИ ДА. Последниве неколку месеци вратена во МК толку многу го чувствувам истово. Прва јас кревам два прсти и кажувам да, за многу работи треба да ти се посреќи да бидеш на право место во право време, ама, и големо АМА, да не бил целиот твој труд дотогаш и решавање да бидеш на тоа место во тоа време џабе. Зашто тројца да стоите еден до друг, никогаш не знаеш што е пресудно на еден на му се "посреќи" заради некој квалитет, вештина и сл. И уште кога ќе речат "еејјј што убаво ти се погоди тебе". Зашто такви сме бе, само тоа што е крајното го гледаат сите, никој не те прашува низ што се си поминала, што си жртвувала, колку пати си се преиспитала и уште се преиспитуваш. Заради ова едно 4 групни чатови имам блокнато на месинџер... Од денес па за наредни 3 години нема викенди. Т.е. нема распоред викенд-не викенд. Има распоред работа-одмор зашто се фатив за орово и ќе го терам. А уште ми е нереално малку...
Толку шашави ми се последните денови, што се издвојуваат во целиот поредок на шашвост. И на добар, и на лош начин. Зависи од гледна точка у дадена секунда. Моустли добар, затоа што веќе стварно не толерирам ничии срања за добро што не е мое. И тоа е моментот кога шит хитс д фен. Бидејќи толерантноста ми завршува на 2ра лична и директно следува црвен. Што од друга страна ме ограничува у поглед луѓе, али ако не заслужува, нема да се движиме во исти кругови кога не мораме. Што реално значи дека комуникацијата се минимализира до нула. И после стварно морето е мирно. До следната бура со ист чамец. Сега, од дневни дилеми, дали да излезам да си ги направам чекорите кои нема да можам да ги правам уште многу долго, или да си седам на топло и да спремам храна за утре? Излегувам ит ис. Ноември е.
Одмор ми треба, од настинати и потенцијални Ковидосани човек не може ден да си земе, ред не доаѓа. Со 60-70 посто персонал работиме, кога ја слушам шефицата на секој состанок -Ќе ве молам дајте 150 проценти од себе ми доаѓа 150 проценти од бесот мој да и дадам. И не гледам подобрување, допрва ќе фали народ, грипови идат, деца ќе одат или нема да одат на школо па мајки дома ќе седат...планот е останатите да цркнат од работа. Сите со додатни обврски и притисоци па секаде избива нервоза и нетрпеливост. Денес, исплакав едно малечко.
Арни? Па онака. Се гура? Се гура, ама фали. Јебига. Ко река да ме носи деновиве. И која глупача, на 28 и пол години да заборавиш да јадеш цел ден и после да се тресеш и да ти се лоши.... идиот бре.... плус со маскине, цел ден надвор, цел ден на мене, муцката цела ми беше мокра. КН95 ќе носела она. За глупости се жалам реално. Ама и не се глупости. Да заврши состаноков ( во 7 вечер, побогу), да се њушнам во кучево кое се легачи или мачорот ако се накани да дојде и да потонам.
Ме фати мерак за Павлова, мислам го чувствувам вкусот и осеќам како ми крцка и ми се топи во уста. Деновиве магистрирав на темата како да се направи проклетата Павлова, ама само теоретски. Во пракса...stay tuned to find out more, во следната епизода Кујнски хирови на млада невеста. А друго такво ако не ми успее, е тоа што ќе пукнам од плачење за зајрето фрлено во канта. Прв пат кога замесив тесто за пица пред некоја година, нешто ми беше сомнително (пошто нели предрасудите за мене самата ми вриштат и шанси нема мене нешто да ми се погоди од прва (а ко за чудо па секогаш се погодувало, дури и кога сум мислела дека нешто сум утнала)), се подув од плачење откако панично го фрлив тестото во канта. Од маса во канта - шлап! А отпосле сфатив дека комотно сум можела да го ставам какво такво за печење и уште толку ме дотепа ова сознание. И наместо да си кажам, е арно де за едно брашно ли си, ќе успее нареден пат, си знам сега што треба. Јас НЕ - дојде крај на светот, да се збогувам со мојата кујна. Плачев како да ми се срушил светот, цел ден ми се расипа. Одма тука етикети, сам себе си го залепил - леле колку сум неспособна, зошто вака, на макарони ли ќе живеам. Во такви ситуации се буди глупакот во мене и кука за такви големи глупости, што после не можам дури да се сфатам сериозно. Еве, цел ден се туфкам дали ми се жртвува табличка јајца и дали пуци мој е спремен за уште еден мал мој кујнски слом. Он битно спремен, статичен миксер ќе сме си купеле, да не ме болеле раце.
Денес успеав да ги завршам обврските за рекордно време и ми остана еден куп слободно време. Со слободното време доаѓаат и мислите, сакани и несакани, заедно и со некои спомени. Помислив и да пишам една порака, во последен момент се запрев за да не го направам тоа. Можам да кажам, добро е што некои работи останаа во минатото, иако мислев дека од денешна перспектива ќе ми недостигаат.
Ако вака делува комитментот во светот на возрасните... тегаво, многу тегаво. Инаку, навистина ми треба ремонт на костозглобно. Навистина.
Еднa кoлешкa oд друг oддел имa ептен сличен глaс сo Глaвнaтa пa слушaм влегувa некoј oдзaди и ме прaшувa -Кaкo е Бриџит, кaкo oди? Мислејќи декa е кoлешкaтa си пoчнaв дa редaм мaјки и шaјки зa дoдaтните oбврски и рoкoвите невoзмoжни. И кoгa слушнaв -тaкa е секaде, 150 прoценти, блa блa...џиз'с Амa, си прoдoлжив сo жaлбите и oд утре имaм пoмoш. Ај уште мaлку пa Бoжиќни и Нoвoгoдишни прaзници, дa кренaм нoзе вo вис и дa мислaм декa oд Јaнуaри се ќе е пoинaку.
Добар ден од денот што трае три дена, оти оваа будала стана во 4 сабајле. Им го собирам на веселите мои соработници стотка. Не знам дали луѓево мислат оти тоа што што сум фина ме прави глупава да сфатам некои работи, или па може мислат ми фали дупка во мозокот што ме попречува логички да си ги спојам работите, па ајде удри јаче манијаче. Качување на глава е демоде, одиме јако со пенетрирање во сите дупки што постојат! Сè ќе се обработи до даска! Бог да чува. И треба да бидам Баба Рога, за некој таму да сфати оти нема да ме онадува како што си замислил пошто изненадување - не сум глупа бе бате. А ни падната од Марс. Епа сега јбг, нежниот лебед ќе треба да оди у пензија изгледа пошто крајот не се наоѓа покрај вакви запоставени бисери. Aj да отидам по филџан кафе, оти ќе ми текне на деталите, ќе почнам да ја касам масава.
Ти се туфкаш дали да идеш на лекар крвна слика после 7+ месеци да направиш, како на гинеколог да отидеш, а и на забар треба, незгодно ти е, не е најхитно на цел свет, па да друг место да не зимаш може поише му треба, па на ризик по дома да не изложуваш, тие у кафиќи и молови дремат. Маскине за украс, за раце се пипкаме, нема галје. 90% од времето искрено кренав раце од се, ама од време на време па не да ми иде да земам да ги шљапам сите по ред. Нема пандемија што ко род ќе не опамети, ја да ви кажам. Друго, зашто бре сте ставиле мејлови ако никој очигледно не ги отвара истите? Мејл е прекултурна работа, не е телефон да фатиш некој на мочање или у сред плачење кога ич не ти се збори со никого. Си пишал мејл, да не ги замараш велика администрација во едно од 10-те кафиња дента што ги пијат (и после се чудиме зашто немаме имунитет и леле како секоја зима 5 пати болни, а живееш на кафе, бурек и макарони), и не, ни абер од одговор бе. Бар два реда, не знам, не може тоа, прашај ваму. НИ-ШТО. Оти од мерак ви пишувам ја, не зашто секој ден се туфкаме. И така. Битно кафето од Тчибо е одлично во кафематот, имаме исти шампони на два различни континенти и за денес толку.
Денес I want to break free .. ти доаѓа да се дотераш и прошеташ, па доле на подот удобно да се сместиш, па си ги нанижеш во глава сите убости и глупости од деновиве. Што бидна бе? Ќе почнам во астрологија да верувам, само поради надежта дека наскоро ќе е "боље". Така рече една, ај да и верувам(е).
Денов почна обратно, легнување во раните часови, нервози, покасно станување, неколку пати будење, испонашање по телефон. И ме потсетија дека денес ѝ е роденден. Како не забележав... Одма денот некако се подоправи. Мислам дека е единствената за кој би направила се' без да размислам. На моментот. И дека ми е единствената личност за која ми се поврзани најдлабоките емоциални голови. Среќен роденден, и да го славиш уште многу години по ред, здрава и среќна