Знаете што е прекрасно? Во 10 и пол да си легнете и во 6 и пол да станете. И прва работа пола саат шетња на куче што на листовите од дрва што паѓаат се радува. Ја не знам кој не лажел дека е кул да остануваш буден цела вечер. Срам ми е да признаам дека верував во ова. Како јако е тука а у во 3 во 4 сабајле да легнеш. Бегај бе таму. Пред мајка ми легнувам, 10 и пол 11 најдоцна се трудам да биде и се од мене ќе дадам вака да терам. Сабајле друг ми е денот и толку поодморна се будам и поубаво спијам. Кул ќе била она.... Почитувана публико, супер ден денес. Благодарни сме за се што имаме, другото ќе си дојде. Одамна ја не сум била есенско време во Скопје или стварно годинава е посебно убава? Толку малку дожд видовме, времето е милина. Ако не шетаме стојам на тераса и гледам во далечините, сва среќа станов е на локација и висина што никогаш нема да можат погледот да ни го ускратат. Од ден на ден се менува боја на дрвја, преубаво. Идете скокајте низ листови.
Денес ми е ден за носталгија. Стара музика, стари слики и спомени за некои минати времиња. И добри и лоши... но важни за мене. Си ветив, сепак, да не се задржувам предолго таму, во минатото. Претстојат убави денови, ќе го свртам погледот натаму.
Денеска, само денеска ќе го поминам денот без да настојувам да ги решам сите животни проблеми одеднаш. Денеска, само денеска ќе се приспособам на околностите, наместо нив да ги приспособам на своите желби. Денеска, само денеска ќе се посветам пет минути на добра книга. Храната е нужна за животот на телото, а книгата за животот на душата. Денеска, само денеска ќе го направам она што инаку ми е многу тешко:ако сум повреден/а нема за тоа да зборувам на сите страни. Денеска, само денеска цврсто ќе верувам дури и ако околностите покажуваат поинаку, дека горе некој се грижи за мене. Денеска, само денеска нема да се плашам. Слободно ќе се радувам на се што ми носи денот. Денеска, само денеска ќе направам добро дело и ќе молчам за тоа. Можеби ќе ме обесхрабри спознанието дека вака мора да биде цел живот... Затоа ваков/ва ќе бидам ДЕНЕСКА, САМО ДЕНЕСКА...
Многу сакам луѓе шо имаат хоби. Некако посреќни се, многу и тоа. Има еден чичко кај што минам секој ден, има дворче два на два... абе целооо го наполнил со рачни изработки. Фејк бунарче со гуми од коли, фонтаничка, ламбички, китки, порцелански галапчиња, жаби, пилиња... едно мини црквиче се шутка лево-десно, зависи од празникот. А толку му е мало дворчето, не може сите наеднаш да ги има, ги ротира експонатите. Абе сам ако не си го напраиш филингот, кој? Сам ако не си направиш изложба, никој. Како бе ја немам едно такво нормално хоби? Сите хобиња ми вклучуваат тригернување на некои перфекционистички и ирационални потсвесни стравови и ставови.
(Глупави) Фикс идеи ми се како добро утро, не знам ќе ми пројдат ли будалаштините некогаш - реторичко е прашањево. Ми светна брилијантна идеја, пошто воздухов и буфтањето очигледно не ми одат во прилог за трчање, а трчањето ми е единствена активност која придонесува да станам рано и да не дуфтам ко заклана, да си купам трака за трчање. Ќе си купам што ќе си купам, ама кај ќе ја ставам е прашањето. Уште она фали во пештерава и се ќе биде комплетно. И дечко ми не ми оди во прилог, наместо да каже ај не си играј мајтап, не се будали, ало освести се, ене кај е пролетта, земи паузирај, он вика - леле супер, па и јас ќе си трчам, супер идеја било. Рекламите пак за спортска опрема и сваштарии ме дотепаа во поим, ги научив сите модели и спецификации. Да фатам да миксам Павлова и да не му ја мислам многу-многу. Утре може некоја уште поглупа идеја ќе ми текне.
Зошто не се родив пери-носи човек, што најголема желба му е мир у светот? Испив поголема доза кафе и почна мозокот да ми шиза. Како приметив?! Добро што приметив.... Извесен период осеќав бистрина во умот и оп одма се фати Хмммм назад на омммммммммммм.
Ама има ли поубаво од мачор и кучор што ти спијат по дома на грб со нозете во вис? И кога ги чешкаш по стомак се местат поубаво да ги фатиш. И сфаќаш дека се опуштени и дека супер и мене и скроз забораваш дека едната сабајле го измоча тепихот а другиот бутна две саксии. Па се чисти бе. Ќе се повторам за да се потсетиме дека е една прекрасна есен, иако нели... се другово... На мисла сум денес, колку интересно е колку е индивидуално тоа учење од дома на некои битни морални вредности, во што вреди а во што не вреди да се вложува и како на деца од иста фамилија скроз различни може да им бидат приоритетите. И колку е битно да се биде интроспективен и аналитичен према сам себе. Сите сме имале по некоја драма во детство, дури и тогаш да била идеална сликата ретроспективно сфаќаме дека никогаш нема идила. Ама сето тоа мора да се надмине некако. Оти иначе, џаба нам све. Длабоки мисли ко за недела. Да си земам коштани варени и да не мудрувам многу. Мачоров сам нема да се гали.
Нa сетo пaзење, нoсење мaски пo цел ден, неизлегувaње oд дoмa, дезинфицирaње, ругaње нa рoднини и пријaтели пo фб зa слики oд сoбирaнки...мм зaминaл нa пијaчкa сo екипa без дa рaзмисли, имaлo нештo зa чaстење. Не ми се верувa. Сегa зa сегa сaмo не рaзгoвaрaм сo негo. Акo пoчнaт симптoми, пoстaпкa зa рaзвoд некoј дa ми oбјaсни.
Еурека денес, зошто сум станата веќе некое време напната, зајадлива, озбилна постојано...повеќе од обично де. Карантин. Нема прошетки, нема луфтирање, дружење, патувања. Колку влијаат на човек сега сфаќам. Од работа -дома, едни те исти работи ги зборам, ги мислам, правам. И ситници да се ги преувеличувам оти...што друго? Толку ми треба да се опседнам, си имам таква жичка. Затоа пуштам музика, малку филм, серија некоја...до книга не сум дошла, толку озбилно уште не е.
Денес куче се качило на маса и го изела стекот. Затоа не се размазува ни куче ни дете, не на маса, и на глава ќе ти се качат. Од денес мора построго. Денес решив и темава да ја прочитам, така цветна и полетна ми се виде...
Ахaхaхaхaхa. Штoтукa кaжaa декa тие 10тинa денa oкoлу Бoжиќ и Нoвa гoдинa штo требaше дa бидaт нерaбoтни кaкo секoјa гoдинa, oвaa ќе се рaбoтaт. Бoледувaње. Зaрaди психa. Кoј ги ...
Денес затварам сезона на шопингување. Се надевам дека нема ништо да се скине/скрши сега. Или во блиска иднина. The money ran out... Kinda. А утре морам да си го средам хаосот во собата конечно. Па да окончам со тоа и многу други ланчани работи.
Денес е магловито, сиво и гадно како сите претходни денови. А ладно е до бола На вакво време ни предавање ми се слуша ни бутур.Само сакам да спијам. Тек кога ќе фати да врне што ќе правам.Дожд и сивило по дифолт ме бутка во кревет и ме прави полумртва
Денес ќе биде организирај, па финализирај. Макар што така малку макичка имам кога ќе ми текне дека... хехе има уште доооолг пат до крајниот производ од ова карантинско час продуктивно - час влечачко расположение, ама па сама најубаво си се мотивирам. Особено па сега откако расчистив гужви со сечии бубачки, повеќе време имам да си ги доведам во ред своите. И мислам редно е да ги припитомам. Малку де, колку да не ми гризат мозок од јутра до сутра.
Колку добро ми работи мозокот кога ќе се спојам. Не личи на корпа за отпадоци веќе Утре фрајтаааг, не знам како да се натерам да џогирам на вакво мрачно,мирно, магловито/ ладно? време А тоа баш знае како да ми го направи денот Морам.