Денес петок. На рандом Х перЗони им текна да правиме рандом Х целосно бескорисни извештаи секој петок, ќе мереле перформанс, додека не го мерат тоа што им кажувам дека треба да го мерат Сакав да кењам дека не треба да го мериме конкретно тоа (туку треба ова другово) пошто ова првово е исто секоја недела НО си го гризнав јазикот, ок, ќе мериме. Дјутифули меревме месец и пол и кусур, гледам денес го изгасиле и го затвориле документот. Пошто е бескорисен, како што кажав. До толку сум petty, шо сега сакам да пишам едно пораче со I TOLD YOU SO, но не, ќе си пишам тука и ќе ми помине. Тоа совршено го опишува начинот на којшто работиме... јас кажувам нешто, не ме регистрираат, одиме по нивно и на крај пак се враќаме на моето. Значи упорно и упорно ќаскаат месец дена позади. п.с. Темава како СДК за несфатени
Дузи ма многу ми се свиѓа ова СДК за несфатени. Ми има скроз смисла зашто тука куцкам Од предлозите на јубут сфатив дека животот ми е сведен на: - разбирање основи на молекуларна биологија за да не се брукам кога ќе влезам во лабораторија (февруари, fingers crossed) и на скајп состаноци - обиди за тренирање на куче - обиди да сфатам како да се офарбам зашто шубе ми е да идам на фризер, сакам да се офарбам и молекуларна биологија ми е поедноставно за разбирање од фарбање. Кој сака да се мењаме објаснување методи на тестирање за ковид со како да станам плавуша од светла бринета, пиши инбокс. Иначе петоков, па реално сеедно дали е петок или не. Реално, стандард работна недела отиде запишана во аналите. Што и не е така лошо бе. Денес исто така ми се потврдува дека Меркур и Марс биле ретроградни цел претходен месец зашто еден документ што требаше во октомбри да биде не бидна. Од пред недела дена тргнале работите а јас денес се дознавам. Идам пена од еспресото да сркам, додека не ми ѕвонел дечко ми, за ова и за заплеткани слушалки сум осудувана. Сркачи на пена јунајтед.
Саботна генералка. Не сум сигурна дека намерата за чист дом ми беше искрена. Повеќе ќе да беше покривање за генералкава што ми треба во мисли. Се разлигавив деновиве со песМи кои не се препорачливи за мене во овој период од годината. И еве ме сега барам кај е север, кај е југ.. Компас нешо, правец да фатам. Правец џогер и слушалки. Три-четири, сега!
Кога ќе се закачам за некоја серија како пијавица, како паразит некој со сите пипци по список, невозможна сум си. Сите ми се симпатии, сите ги сакам, плачам и се мрсулавам како улава, rooting for all couples, целиот fangirl пакет. Малку ми фалат времињата кога студирав и кога имав газ да изгледам една цела сезона од некоја серија (од 20 и кусур епизоди) во еден ден. Како компир квакната на кревет и единствена активност - да стискаш на маусот за да пуштиш следна епизода. И после кичмата ме боли од нешто друго. Аха, теши се компирова златице.
Очите ме болат недела дена и кусур уназад. Пецкаат, ги напрегам, мижуркам и така во круг до немај каде. Не знам дали е од постојаното зјапање во екран, или од нешто друго, или комбинирано, ама вака не бива. Знам како бива, но во моментот немам услови. Надвор е ладно, отворив бунда-над-бундите и хулахопка сезона, што значи некој пат ќе се приумира од с'клет. Taка почесто. Исто е и загадено надвор, па шеткарењето на моменти е повеќе мака отколку задоволство. Плус, корона има. Цимерскиот живот оди во надолна линија. Јас сакам да искомуницирам со некои личности, онлајн и во живо, ама реално немам воља. Дури и кога имам време. На претек. Со домашните исто муабет не ми се прави. Ма со никој не сакам да разговарам. Ако имам што да кажам. Не сум искрена со себе. Т.е, сум, не се залажувам, ама како беше- биинг ауер оф јуар крап и оувркаминг јуар крап са два различни стадиума. Епа да. По принцип ништо драстично се нема сменето кај мене, само работите отишле некст левел уз и покрај целата ситуација, и сепак ништо не е исто. Ин гуд енд ин а бед уеј. Па тоа ми пречи, и доброто. Значи да, денес е нулев ден, уште еден во низата. Мислењето може е за во друга тема, ама овде ќе заврши ениуеј.
Денес ми е матно пред очи, и во глава. Ќе да е резултат на целиот хаос уназад. Само што денес не сакам да мислам ништо. Да се спремам, да стокмам едно шише со вода, да измислам што да земам за јадење и од каде, и можам да почнам со мерењето улици и паркови денес.
Денес добив долгоочекуван повик, кој всушност не реши ништо. Само ми донесе повеќе дилеми. Посакувам да не бев толку нерешителна. Сите се плашиме од грешки, од загуба, од несоодветен чекор, но кај мене е доста изразено. Нека биде што биде, јас немам веќе нерви за губење.
Денес за почеток глава ме боли, се надевам до крај на ден душата нема да ме здоболи, оти така некако иде. Пу бе.
Денов ваков ко емоџиво: Тажна пирошка. Ми се иде да си ја врзам на глава чалмата наложена со компир и да се поздравам со денешниов ден, пошто мислам доволно беше.
Си порачав колаген, вит д, омега 3, маШ едни 100 во 1, се подновив со креми за затегнување и против брчки со вит ц и ваква и онаква киселина и ќе пијам и ќе се мачкам опсесивно првите неколку недели. После ќе заборавам, ко што ми се заборавени и серумите од Ординери. Ноктите важно крш. Не денес, утре ќе ги средам и не иде ред. Косата стигнала за фарбање и нов шампон, во последно време секое влакно накај своја воденица си тера. Депилација чека на ред, стапалата не знам, не ме интересираат во зима. Кожата пак сува, пак треба некој гел за туширање од xx евра. Жена, нон стоп да се средуваш и пак ко несредена.
Ми се спие ми се плаче. А нема зашто. Отспав 8 саати, легната пред 11 уште. Испив кафе, јадена сум, и само се мислам дали да спротнам една дремка. Нема, ама на мисла ми е. Не сум метереопат, не е до времето, не разбирам више до што. А може и зашто денес нов кревет треба да стигне па универзумот ме спрема ненаместен да го пробам. И вие вака имате епизоди со корона, најопасна работа е леле ако и пренесам на мајка ми до абе знаеш доста луѓе што прележаа ете не е така страшно. Да ви кажам, потајно мислам еден полициски фино ќе ни дојде. Судете ме, ама ко деца сме, ни треба учителка да ни каже кога ќе ѕвони да идеме на одмор, кога може да идеме да мочкаме, кога треба да си дремнеме. Сабајлево ми е одмор, попладне ќе се работи. Ем некако повеќе ми одговара така денес, ем .... The Crown излезена е
Денес...сфаќам колку брзо минува времето. Како вчера да беа некои работи. Други пак, како да биле во друга димензија. Извадив елка и лампиони и ќе украсувам. Едина се радувам на елката дома, оти најмала.
Denes ne zavrsiv nitu edna rabota. Edna Gospoza sto go dobila mestoto vo SFRJ, blagodarenie na tatko i, mi go upropasti denot. Zaradi takvi kravi i goveda site se iselija od ovaa drzava. Eden den maka ne videla u zivotot, a na mnogu lugje zlo napravila.
Денес уште еднаш се докажа дека денот не се познава по утрото. Мрзливо, сиво и студено утро, просечен ден, но прекрасна вечер. Убаво ми е
Некад си викам блогеркиве што се вакви со оскуден речник и неспремни дудуци ... е оти грото сме таков народ. Без осет, без сенс, со лепење муцки место добро осмислен говор и аа, а аааа на секои две секунди. Друг пат си помислувам тоа се издвоени дебили, работа која најглупавите ја работат. Ами не треба мозок за тоа, отвори само уста и коткодакај. Сите се исти, како групна слика од школо кај шо сите личат еден на друг. Абе не личат, туку не дели никој од другите. Или можеби еден, двајца .
Цел ден размислувам за една досадна обврска што ми претстои утре, ми стои над глава како темен облак и едвај чекам да дојде утре за конечно да ја завршам. Не ми се чека веќе и се надевам дека нема да има одложување. Вечерва ќе се обидам да одморам малку, иако од мисли нема да можам око да склопам.
Денес т.е. од вечерва ќе спијам како бебе. Си го наместив креветот, сега треба да спијам во него. Час вртење, час мрсули. Нема да има мрсули сепак.
Денес сум лигла. И сфатив колку уствари сум затворена. Се борев некој да не е на еден начин, а јас на друг да сум ти била. Со една реченица ми се отворија очите. Ко цел филм низ глава да ми пројде. Се освестив на време. Среќа. Иначе многу ќе изгубев. А имам богами што да изгубам... Стварно имам. Денес сум лигла и се умилкувам дури. Ама не она лошоно умилкување, туку да "ќарам" уште некој поглед, допир, бакнеж... Денес не сум "јаката" . И убаво е и вака Денес видов и лик што го немам видено со години. Поише од пет. Кога сакав да довикнам некако ми дојде као-ај бе кој ќе стои на улица за муабет "кај си шо си" плус со дете сум. Ама мило ми падна.... Убав ден беше денес.