Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Смачено ми е од сите суплементи. С М А Ч Е Н О. :envy:

    Како беше таа бушавата поцинкована на улицу, шо си дуваше во маската и и' се замаглуваа наочарите...... епа таа сум. :worried:

    Значи душата (и здивот) ми мирисаат на суплементи - мајчина душица, нане, оригано..... кога ќе се запијам едно, па друго, па трето, еј, еј. Ејјјјјјјј. Фала Богу омегата не труе на риби. :fubar:

    Се осеќам како некој да не' дупи во здрав мозок сите.

    И одиш да мочаш, мочката флуросцент, свети во темница. Да, само шо си си ги измочал сите витамини, ајде утре пак. :bug:

    Да не кажам од магнезиумот шо се дешава, знаете сите поцинковани шо сте. :devil:
     
    На *Ench@nted*, g8lQQk, tinka-mace и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Денес животот ми се продолжи од еден спонзориран пост додека се таласав заскролана по нет.
    Леле, дури и турско кафе си сварив во таа чест! Го сркав со залет, со звук, филџанот строго држење со две раце, целосен пакет.
    И филџан свртев дури, и се замислив дал да барам тетево да види што вика талогот. Ќе ја биде работава или јок.

    Инаку, таман помислив дека никогаш нема да се искасапам во кујна, дека мене нели никогаш нема да ми се случи таква глупост затоа што многу внимавам (јас, превнимателната и не знам каквата готвачка), ко да си ја викнав белјата.
    Моето куварско его е на кислородна поддршка во моментов.
    Си го исфилетирав прстот така фино, ми дојде да си го одгризам и да си ја скратам маката. Епа така е кога едното око гледа во серијата да види до кај е МекДрими со разводот, другото овци пасе, а у главата се мозга кој со кого требаше да се спари до крај на сезонава. :worried:
    Го натапкав ко да галкам мало маче, ги избројав сите ѕвезди и така.
    Сега не сакам ни да го одлепам фластерот, ќе ѕиркам што му се случува и ќе си мантрам: ајде залепи се и поминувај, побрзо ако може, оти не знам да функционирам со поглупавата рака. (lalala)
    Ај сега едно винце, за мојот прв самоизведен хируршки рез. :drunk:
     
    На *Ench@nted*, tinka-mace, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ми одлета и денов и неделава некако. Го гледав новото видео од Медуза за пораѓањата, како бре на жени на стомак им се скокало?! Не знам луѓе, стварно не сум дечар ја, али мислам и покрај тоа кога ќе ти кажат како све се пораѓаат, и низ што се поминуваат жени во, па и по трудноча, не знам, стомак ми се собира од помислата. За матката па да не збориме. После си викам, зашто многу знаеме е ова. Како беше она не можеш работите да ги одзнаеш, многу имаме пристап до информации.

    Дали ако здрвам сега еден микс цеден со спирулина магично ќе ми се отворат виугите и концентарацијата? Мене неделата во сабота сабајле ми завршува, треба да се прогура оваа ноќ.

    И се мислам, се' е зашто ми фали. Не за големи работи, него за мали. За пазарање, за менување постелнина тазе перена, за пиење утринско кафе и вечерен чај. И да за ме заузда да не бидам кретен што цела сезона The Crown у три дена ја изгледа. Јебеш ти даљина.
     
    На Mishela, Sexybaby86 и Doozy им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес успеав да се изборам со себе, на некој начин. Успеав да потиснам една моја не толку добра страна, и макар и на сила, да го направам тоа што е правилно. Објективно правилно. Мислам дека не згрешив. Времето нека покаже...
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Кoлку нaпoрен ден денес, си дoјдoв и мaвнaв 2 чaш(к)и винo дa прoслaвaм штo зaврши.
    Кaкo дa чекaa сите прoблеми нa рaбoтa дa се случaт бaш денескa. Тaмaн еден си пoчнaлa дa решaвaш, се јaвил втoр, пa трет. Пa првиoт грешкa си гo решилa, пoтoчнo сo гo дoзaебaлa пoштo хaoс и не знaеш нa штo пoпрвo дa мислиш пa пoпрaвaј гo нaнoвo.
    Амa бaрем не е дoсaднo.
    Викенд е и oвoј решив дa гo минaм вo гoтвење, јaдење, мезење, филмoви и друштвени игри.
    Другo и oнaкa немa.
     
    На boomsleng, tinka-mace, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Сонував како цела вилица сосе заби ми испаднала а претходно крварела. Последен пат кога сонував како заби ми испопаѓаа, се деси нешто ми побеле неколку влакна, плус го добив првиот и единствен паничен напад во животот. И сега едно грдо чувство, за утеха си зборам -сонови се, престани да си поврзуваш работи со нив. Од друга страна...
    Добро утро! Убав ден треба да е денес.
     
    На mal.ecka, Lilit, Cherry blossom89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Показателот време на дневен ред испиша:

    1. Когнитивна сублимација;
    2. Духовна филтрација;
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Првиот снег ме завеа. ^_^

    Сакам да натрупа до под коленици.

    Таа зимска идила ќе е единствената светла точка. :l:
     
    На Ginger^, Purplelilac, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Утрово ми стигна порака дека имам закажано тест за Ковид :^) Се јавив кај матичниот да му речам -фала што ми закажал, ќе се тестирав, ќе одморев 3 дена, ама ништо, грешка било |( Ако ти стигнат резултати, игнорирај ми вели. Ахам, ако се позитивни ќе си седам 2 недели дома ]:)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Одличен продуктивен понеделник. Сезона на ужасно суви усни и раце започната чекајте арно се потсетив да шљапнам нешто. Реалноста ме подбира понекогаш, ама некои работи треба да се исчекаат. За сега, она што искрено ме радува е една удобна зима (парно во вц во стан :l:) и да се смеам кога кучето ќе види снег за прв пат.
     
    На hermosa, Doozy и boomsleng им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Денес станав со мисла дека го зезнав системот во главата откако вчера ги исплакав сите возможни и невозможни работи што ми излегоа пред очи. Остана уште компирот што почнал да р'ти да го поплачам, ама не ми текна. И си реков - јессссс, нема повеќе, отиде. :rock:
    Но, дали?! Ми се пушти саундтракот на Frozen на Spotify и ете ти белја работа.
    Пева и плаче, ко насловот на тоа видеото на Кукавица од Цеца. :worried:

    Ако утре ми се погоди некое дете што нема да поднесува пеење, сиот овој потенцијал ќе ми биде за ништо. Кога не си станав пеачка со време, нека ми е.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денес, од #ковид проблеми издвојуваме...

    ...како би сркале сега сите еурокрем од фамилијарното пакување? Треба значи посебни теглиња за секого или живеј опасно, сркај од исто тегло со останатиот дел од фамилијата. :drunk:

    ...кога ќе ти се деси на ветеринар истовремено да имаш посета додека успиваат нечие куче, и ќе фанеш да плачеш за кучето и за луѓето што не ги познаваш пред ветеринарот што веќе доста добро го познаваш, каде одат солзите и мрсулите? Во Н95 маската, во Н95.

    Се дешава :devil:
     
    На Blue.Sky, *Ench@nted*, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не е секој за во зграда. Ама стварно не е. Па не може до толку да не можат да разберат вратата од клетиот лифт дека треба да ја затворат позади себе. И уште, не се затварала убаво а него го мрзи да се сврти да погледне. Идете брее..... Постари луѓе има на горниве катови, па и да нема, не знаеш кој може кој не може да се качува толку спрата. Кретени.....

    Среда беше ден за прокрастинирање така? Одлично, посветени сме му. Вчера ме удри некоја меланхонија, така безвезно се почувствував. Плус гледав некое видео баш за burn out и теоретизирам дека тоа ми се случува. Milenial to the core. Може и едноставно да ми е се смрзено и омрзено ама тоа не го чепкаме.

    Ми се иде натална карта да ми толкува некој. Да ми го гали егото едно саат време. Сум заслужила (којзнае дали заслужила). Идам чај да пуштам еден.

    едит: на тема милениалс, ќе може ли да добијам поддршка дека сме чувствителни на бучава? Значи луѓе, се ми смета. Ама ко кенкава климактерична жена сум. Од турски серии, до деца што вриштат, вчера ми падна срам од самата себе, девојче со посебни потреби имаше некој напад сред улица, она вришти, мене ми доаѓа да си излезам од кожа. Водителки на радио со глупави гласови што зборат на глупави теми (Да Милице, ти баш треба да зборуваш на тема имунитет со баш таа стручност. Па и мили мои кога ќе каже.....), некултурни луѓе во продавница и на улица....Ужасно....
     
    Последна измена: 25 ноември 2020
    На *Ench@nted*, tinka-mace, Cherry blossom89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Денес дознав некои работи. Не е нешто за криење или нешто што би се налутила, ама ме повреди фактот што други луѓе знаат, а јас не. Сигурно не е намерно скриено, ама никогаш не сум во првите што дознаваат нешто за најблиските. Секогаш сум на маргините.

    И уште една работа дознав што некој упорно ја крие од мене. Ама не сфаќа дека на лагата и се кратки нозете.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес е од оние денови кога избегнувам да враќам на повици, пораки, на што и да е...
    Сама со себе и време за рефлексија. Само еден ден, потребен ми е.
    Од утре ќе бидам старата јас.
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Се осеќам екстра просветлено откако сфатив дека Зара нуди онлајн шопинг.
    Се намерачив да се подновувам, ама па треба да се мрдне во гужвички малку за тоа.
    А гужви не дека од сега избегавам и воедно Сити мол отсекогаш мислам дека ми ја зема енергијата со брзина на светлината штом стапнам внатре и видам многу фигури размрдани и многу гласови измешани.

    Па затоа сега моментално за корпичка си имам стопеес нешта.
    Јакото ќе биде ако утнам модел и број. (poolparty):inlove:
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека си ги уништив двата единствени сукуленти од глупост. Значи колку сум изгубена во преводот за наједноставните растенија, не ми е верно дури.
    Орхидеите ми се лепотици, цветаат како луди (не ми е јасно како), а смотлињата сукуленти што бараат 0 посветеност, испогинаа како жртви во војна.
    Ај не пукнувај, ако можеш. :@

    Секогаш сум ваква наопачки подесена, најпростите работи сто пати ќе ги преправам или ќе ми се утне до степен на непрепознатливост.
    Чист пример ми остана еден предмет од факс. Eден eдинствен беше ваков за кој немаше потреба да се буба, се полагаше со книга и работата ти е само да ги најдеш законите и да ги препишеш. Значи да ги ПРЕПИШЕШ од книгата.
    Погодете кој падна на тој испит. :party::party::party::party::party:

    Сукулент бе да ти угине...:worried:(facepalm)
     
    На Blue.Sky, *Ench@nted*, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес се уверив дека волкот го менува само крзното. А јас уште еднаш покажав наивност, за жал.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Денес си го дополнив списокот со ствари за нг што сакам да си ги купам:!:

    после инвертер и гипс картон де :rofl:
    всушност испаднаа еден куп детски работи и гледам онака... 8-| каде сум заглавила уствари јас... (facepalm) дете... ситници. а толку усреќуваат бе :?:
    камо внука ми на вакви ствари да се радуваше... не можам нг подарок да и одберам јер фрштат таблети чуда техники .... :?:
    што кажав сеа(facepalm)
     
    На GrimTheReaper, Milobebence, Bella* и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Го средив делот што ми претстоеше за "Големата преселба на народите" дел енти, но уште се мислам какви честитки да склопам за Тенксгивинг. А треба и да се туширам...

    Денес ќе биде интересен ден... :*: