Петок Вртат машини дома, да завршам се' денес и викендов...да се чешам. Детево под елка ставило лист и не можев да разберам што сака. Прогуглав и гледам пакет од една музичка група. Ноу. Еднаш порачавме и кога стигна, внатре имаше це-де, еден постер и текстови на песните. Слуша и онака на јутуб а не на це-де, така стои во фиока, текстови нека си прогугла и испринта, за постер ќе се снајдиме. Децава денес...Ние порано гледавме како за беспари да добиеме или поевтино, да се симне илегално, да се копира, позајми, се снаоѓавме. Сега за глупости пари се фрлаат. Стареам, нели?
Оваа есен е ко шушкава емоција. Љубовна, мирна...Помирна од изминатите 4,5 години можеби. Ко човек што обожава да планира, многу одмарам од истото. Дали научив да живеам во present? Ох колку е убаво и лесно. И вистинско
Денес почнав со украсување на домот. Доволно за да се расположам, инстантно Уште еден месец остана од годинава, каков и да е, не е можно да го подобри целосниот впечаток, но сепак се надевам на убави моменти
Ги расипаа semi de lino, цела линија изгледа. На крај краева, доста пари се изнафрлав за нив ама си ги отплатија сами, од што ги биваше. Сега ќе прецедам ленено семе, ќе наполнам коцки со гел од лен и у фрижидер. Играчки со мене , не. Ќе го вратиме старото волшебство
Baby, it's snowing outside... И од утре декември стапува на сцена, д моуст уандерфул тајм оф д иар. Времево ќе ми е главна атракција и муд бустер периодов. Заедно со сите други работи што ќе се прават, едвај чекам и веќе почнувам да уживам. Денес, денес е денот кога се будиш и гледаш снег вонка за прв пат годинава, и автоматски одиш на седмо небо. Океј, ако треба да сум искрена, вчера уште кога почна да вее бев надвор па не беше изненадување. Ама тоа исчекување и едно подигање од кревет одма тргаш завеса и ѕиркаш низ прозорец да видиш до каде е е работата- еден од ретките моменти во кои уживам без багаж. Ќе се потрудам да си останам на деветто облаче од снег, божицата во мене знае оти ми треба . Енџои:
Ми смо се мало Милице назебли. Еве сме, шмркави, никакви, ама ништо озбилно. Се мери сеа тоа цпр, па ќе видиме. Мада, искрено, интуиција ми вели не е тетка рори Ама ајде, ќе видиме. Ужасно е бурек кој нит е добар, нит е најлош на цел свет. Греота ти е да го фрлиш, а не ти прави мерак. Па ќе го зобаш безвезно. Стварно немам ништо паметно за кажување денес. Изгледав цела серија вчера, денес ќе почнам друга зашто нит за работа нит за бутур ме бива сега. А ми текна. Добро, народе, што е сега со феноменот мајстори. Ти вика ќе се чуеме во понеделник, незгодно ти е пак да го бараш зашто више 3 пати си ѕвонела (па уште претставувањето кгоа ти е препорачан од некого, јас на Митра колешката, ве баравме, за кречење на таа собата од 90 квадрати ), и среда е и го нема. Јас се нервирам, мајка ми ми се умира од смеење, тоа е ќерко, мајстор. Не разбирам..... ова кај нас ли е само или општо со струката им иде...
Денес сама на себе си дадов слободен ден. Релакс музика па божиќни филмови. Пижами топлинки каминче и кафе. Јадам пета мандарина дур не се испече тиквата. Следи топла купка денов ми е пуштен на најако. Денес е мој ден д.
Денес имав малку време (а како да немаш време станата од 6 со кукури и кокода ), па додека пиев кафе и плакнев очи со МекДрими се изналакирав во џиш боја. Да ти прсне око ако впериш поглед во ноктите. Но, кратко ми траеше восхитот од џиџето. Зедов да правам новогодишни честитки и се исполепив како прв пат да фаќам лепак во животов. Значи не ми е јасно, сум лепела картони, хартии, сенешто со канџи-нокти од неколку сантиметри, со црвен лак налакирана, а на ноктиве ни точка лепак, ни хартијата ушлакана, чисто и уредно, гајле си немаше ништо. Сега џабе имам кратки и педантни нокти, за ништо не ги бива, ни па мене ме бива. Зедов избришав и лак и сѐ, си пуштив нови честитки да ми се печатат и ајде се средив некако. Мојов вика, имало пrавда, еве гледале божествата, им станало мака па решиле да го наградат сепак. Ноктиве ми беа sight for sore eyes бре! Мислам ќе почнеа да светат кога ќе се стемни, ама штета не дочекаа. Сега за инат ќе си ставам некој цигла боја со светки, со лампиони, со привезоци. Ама па што убави честитки направив, ТРИ ДЕ изум. Купечките можат само водичка да им принесат на моите.
Секогаш кога ќе решам да се доверам некому, за жал се убедувам дека сум згрешила. Денес, уште еден таков пример. Молчењето е злато, секаде и секогаш.
Една песна ја слушам неколку дена по ред, ама не ја ставам да не помисли некој дека љубовник имам, таков е текстот (@JuLleE ) Се жалам одвреме навреме од работата и луѓе мислат дека ми е тешко. Што е логично нели кога некој се жали. Не ми е, само таква сум, доброто си го чувам за себе, лошото го ширам наоколу Мексички тортиљи, мусака и десерт во чаши на мени за викендов, тоа ќе ми е доживљај наследниве три дена. Се дебелеам енд ај донт гив а шит.
Денес сакам да ја ставеш песната, да видам шо текст е Не ми прај вака, да ме копка за песната Бриџо не врти, да не сакаш нешто да кажеш?
Памтам ко ги оговаравме оние што ставаат сомнителни љубовни песни и сега кога и да сакам да ставам песна се сецкам, гледам прво текст да не мисли некој дека за швалерот ставам Тоа е, со свој камен по глава.
Гледав некое видео вчера и се зачитав за нумерологија (procrastionation 101). Имало некој 9 годишен циклус и годинава мене ми била за креативност и self-improvement. Па и ми беше да ви кажам. Направив една студија за изминатите години (procrastination 102) и некако се ми се поклопи. Види сега Милице, јасно ми е мене се тоа дека мозокот си работи да најде смисла и каде што можеби нема ама некогаш овие работи мене барем ми биле од корист. Некако ми прават некоја структура во животот/годината/денот, далеку од тоа дека тоа е црно и бело, ама супер се. Наредна година ќе сум се фокусирала на hard work & long term goals и да ви кажам и тоа ми има смисла од развојот на настани до сега. Некако возбудена сум за планирање на наредна година (од лани-преклани го почнав ова и топ ми е). И така ете, петочно. Завршува зумов, тоа што сум тука е доказ колку беше добра последната презентација. Ми се јаде сутлишај со топли вишни одозгора и реално, нема нешто што ме спречува да го направам. Елка немаме накитено, тек тоа ќе е журка со два ѕвера кои уште немале прва нова година.
Денес... конечно собрав храброст за нешто што го мислев со месеци. Па, не било толку страшно. Човек не може да знае додека не се обиде
Nikako da sobere hrabrost ova moe srce .,da kaze mars u pm. Izdrzuva den ,dva tri i veke pocnuva da . Se prasuvam kako do sega ne se pretvori vo kamen Posakuvam da bidam nesto sto nikoj ne moze da so skrsi ,no tesko i sporo mi odi Se lutam samata sebesi
Секaкви рецепти усoвршив aмa не нaучив сaлaм пoмфрит дa испржaм. Пред нaјблискиoт мaркет стaвиле еднa мaсa сo нaтпис ,,Акo имaш -oстaви. Акo немaш -земи. Некa бидaт прaзниците убaви зa сите". Финo. Се мислaм дa јa рaскитaм елкaтa и дa јa нaкитaм oднoвo. Тoa е oтприликa врвoт нa мoјaтa креaтивнoст.
Денес, одличен ден. Сфатив дека со работењето од дома се заштитувам од катаклизмичкострофични eventi. Врло веома добро.
Погледот пред мене ми ја опишува неделава што измина: Сонце над градов, а напред такво сивило небаре таму некаде се спојуваат небо и земја. Д ајрони... Подминати станици, туркање и растурање на простори, поправање на туѓи грешки колку што се може... Сакам да излезнам да прошетам, ама се мислам сивилово да не дојде наваму и да истури... Туку што има да мислам, да излезам пак ако врне да врне. Дали ПМС ме лупа појако месецов 2 недели порано не знам, ама страшна мука е лудилово во мене. П.С. Веќе почна и тука да се стемнува, најс.