Не ли ти кажав? Како бе не ти кажав????o Ова е многу добро, политичко вадење у ситуација. Ќе треба да го научам. Абе нели ти кажав дека денес не идам на работа????? Како бе не памтиш.....
Која креативност како за крај на година Прпл ... па па ... аплауз ќе ве молам. А да си се свестев за ова во едно дамнешно временце кога си вежбав гимнастика, шубавко ќе беше. Ама нема сега ни да ми се тргне од ум дури не завршам на ортопедија. Океј, ја имам првата резолуција за иднава година. Ќе биде јако осеќам. Брејк а лег ќе биде буквално. Неврмајнд, на-на-на-на-на-на-на.
Многу си ја сакам ја мајка ми, супер ни е се, ама не сме више за живеење заедно. Денес по 30ти пат се објаснував зашто немам никаква намера да носам прслук по дома кога једино излегување ми е куче да шетам со 4 слоја облека на мене. И плус боди носам бре, тоа и моиве ги слепува. Со момакот рецимо никогаш го немавме овој проблем Понеделник ли е, битно ли е. Кренавме елка, пробно без украси некој ден, да видиме дали ќе остане во вертикала. Некако со мерак ја чекам 2021 да ви кажам. Ќе ја биде, ја осеќам дека ќе ја биде. Иако, реално и искрено, 2020 не ми беше мене најлоша година во животот. Жал ми е што на многумина им беше, ама знам и многумина што ја сметаат за лоша зашто не можеле на одмор до Грција да отидам. Карен, значи не. Ајде, уште нешто паметно да направам за денес има време до 10 и пол.
Си гледaм aпaртмaни нa мoре зa oдгoдинa, уште исти цени Штo требa дa се случи дa нaмaлaт ценa, Апoкaлипсa? Кoгa ќе зaврши дрaмaвa сo вирусoт, кo oд лaнец пуштени ќе сме. Кaде сите oвци тaму и јaс. Кo нa сликите сo еден куп луѓе нa плaжa и 20 сaнтимa рaстoјaние меѓу нив, ете тaму ќе сум. Блaк фрaјдеј, aкции, пoпусти и oстaли будaлaштини? Сaјн ми ин. Првa ќе се бутaм. Вo Мк се пoкaнилa некoјa теткa штo едвaј јa пoзнaвaм дa дoјде дa ме види? Некa дoјде сo целa фaмилијa, не е прoблем. И нејзинaтa теткa некa јa викне. Не ми се верувa штo збoрaм, aмa...I need people!
Некогаш така имам желба да верувам дека постојат професионалци во дупкава и после тоа имам моменти на просветлување како овој сега кога сфаќам зошто сакам да ја прелетам што побргу. Порака, повик, порака, порака, повик, порака, повик, порака во која само што не опцув. Отприлика толку треба додека некој си ја заврши работната задача во вукојебинава. Професионални дибеци со нула посто талент и одговорност во минус. А резултатот?! Ох резултатот. Слободно може да се запали. Ете толку на ништо не личи. Ама да, секогаш е вака кога е под туѓи услови договорено. Плукни - залепи, замачкај фасада и остави после секој нека се снаоѓа како знае и умее. Зошто само за тоа ги бива, лажење, муабети со хехенце IQ и чукање в гради „Еве јас тоа“. И токму затоа си ги сакам работите мај уеј ор д хај уеј. Работам на тоа и така и ќе биде во иднина.
Се залета денов некако. Ме изненади непланирано и сега малку ме здрма анксиозност. Си се удомив, си се навикнав некако на се' ама изгледа не планирал така да ме остави универзумов. Ќе се пакуваат пак куфери (куфер, еден, знаеме минималистички да се спакуваме), ќе се учи пак каде има убаво кафе и добар кроасан. Само нека остане се' за после празниците. Уште не сум спремна, најмногу психички. Имам еден список со Life admin работи. Работи кои не се итни ама треба да се завршат за сечие добро. И сакам да го поминам пред идење овој пат, барем едно 80%. Знам дека на никого нема да му биде сеедно овој пат, ама сите знаеме дека мора. Знаеме и дека е на ограничен период, знаеме и дека е инвестиција за иднината. Стискам палци дека ќе се стабилизира светов за овој пат да биде подобро.
Се нервирам вака кога за проста работа рецептот е очигледно погрешен или недоволно објаснет. И после имаат луѓе комплекси дека не знаат да готват, па како да немаат. Ќе ја оправам тортава мислам, се што имам направено е јадливо и фалено (освен едни, едни ужасни колачиња што исто, рецепт до точка пратиш и на крај ти иде да се расплачеш). Утре имаме една мини дружба, одбрани луѓе, сите што од дома не сме мрднати. Ме радува некако ми пријаат тие наши собиранки. Големи дружби ама ич ич не ми фалат. И не ми е јасно, зашто бе да нема еден карантин за нова година и божиќ. Јасно ми е дека многу мали бизниси се во криза ама луѓе, па стварно нема логика сред пандемија да се собира народ да вакви глупости. Ама ајде... Ми олеснува што нема прашање и дискусии од типот што ќе правиме за нова година. Не ми е он тука, иначе знам точно што ќе правевме, како и секоја ќе гледавме филм и ќе си легневме во 11 и супер ќе беше. Годинава во 11 ќе си легнам зашто нека иде некој на кучето да му објасни зашто на 1ви јануари во 7 не треба да се иде на мочање.
Значи, ту мејк а лонг стори шорт, од досада и бес нарачав годишен хороскоп. Знам, знам, ајм дет лејм. Али наталната карта шо си ја DIY на интернет странички, вика воркахолик, па ајде да се преслушаме на годишно ниво со стручно лице. Годинава саде со такви окружена, growing and shit. Мал проблем, астрологот је у Србију, па док пошаљем новац мало повуци-потегни... па јел чеш ти ово разумети (чу, чу, не брини ти, полиглота брате), па ај вака плати, па ај така плати, ај од тука пушти пари, ај од наму...... пет дена патуваа, едни ги вратија, други не ги примаат. Јеси сигурна да још желиш да пребациш новац, јесам јесам... На крај ангажирав другачки од Србија да го платат мојот годишен хороскоп од нивната сметка, а ја да им пратам нив пари преку трет сервис. Е тоа е веќе некст левел лејм, пропаднав у земја додека објаснив шо ми треба. Астрологот се изнасмеа, ја се изнасмеав, другачката се изнасмеа, дечко ми рече... ок, стандард ти. Очигледно, за некои болки не ни треба астролог да ни ги каже. П.С @tigerlady ние чекаме мајстор од август, џас сејин'.
Значи каква Србија, какви бакрачи. Имаш Сузан Милер, astrologyzone.com. Жената е првенец, секој месец преведувам на жени у години. Со докази од повеќе страни, одлична е. Ич не е лејм, и мене ме чеша газот за наредна година. У наука сум, знам дека е делумно автосугестивно ама имам едно искуство со астролог што ме има потресено од тоа колку беше во право. А работата беше црно на бело. За мајстор, заклучивме со другарка дека ако се собереме 10 жени и живееме во комуна далеку поекспедитивни ќе бидеме. Да ти чувам место?
Денес ми се цмиздри, на големо. Одамна собирам, и исто одамна сакам да си олеснам, ама помина времето кога можев слободно да си се исплачам за се, и да ми помине. Веќе ни солзите не доаѓаат лесно упм. Два дена по 200гр. чоколадо изедов, утрото го почнав со 2 кафетина и целата абдоменално препарирана. Надвор цел ден шврља, бар да заврнеше и да наврнеше, вака ме иритира. Значи, до каде сме со менталниот брејкдаун, крокодилските солзи и мрсулите? Не се трпам...
Денес пак се уверив, кога им требаш веднаш се појавуваат. Ама само тогаш. Кога тебе ти треба нешто, случајно, никаде живи ги нема.
Денес само да се забележи на календарот дека собрав сила и психички се спремив да измијам и исфенирам коса. Толку ме мрзи, а во исто време не можам да се поднесам да се гледам таква ко бушава метла натопена во Ајакс за чистење. Борбата беше реална, како што би кажал Гугл транслејт. А мене ми беше доста од борбите со фенот, па ќе си направам чај и ќе поработам на оформување нова дупка на каучот. Уствари, ќе си ставам вино. Ќе славам затоа што е четврток и излезе новиот каталог од Стокомак и Кам.
Ќе треба новото go with the flow да го заокружам со излегување од комфор зоната Се' е извитоперено веќе
Од толку зборење за лиснато вчера, ме фати мерак за штрудла. Доказ во спојлер Спојлер Не знам зошто ми ги прикажува двапати.
Уште еднаш ако го пратам сам да бира правосмукалка, па свирнете ми една чврга, ве молам. Битно смукалото личи на НЛО, јееееееее а тоа што влече како да шмука преку сламка за сок нема врскаааа! Он ќе си ја чистел и он ќе си работел со неа. Многу било забавно. И еве си чисти и си пцувка сочно. Го чекам моментот кога ќе ни дојде полиција на врата оти ја фрлил правосмукалката низ прозор сосе црева, филтер и партали. Сречен ден. Леле не можам повеќе да се расправам со правосмукалки. Значи, ми се смачи.
Баш сабајле за ова се нервирав. Не можам да поверувам ова маживе кои антиталенти се за правосмукалка До толку појма да се немало..