Хахахахахах се изнасмеав за правосмукалките. Шала на страна, последните неколку елементи од бела техника и апарати ги земавме така што со мајка ми отидовме во продавница и културно се консултиравме со продавачите. Остајте мажи убедени дека се знааат. Ако се погоди продавачот/продавачката и фино му објасните сакам ова и ова и производот ова и ова ми е буџетот што би ни препорачале? Мајка ми има и финта, ги прашува а вие што би избрале. И некако им значи тоа што ги консултираш а не се правиш паметна знам ја со колку вати треба да е нема ти што мене да ми кажуваш. Да чукнам во дрво, се што земавме годинава е навидум супер. Се преморив. Имам чувство дека денов вечно трае. Чудно ми е кога луѓе што ти биле блиски спаѓаат на едно познанство -ниво. Општ некој муабет, не дека не е пријатен, ама недостасува нешто. Различни животни развитоци претпоставувам, не знам. За некои ти е сеедно, за некои ич не ти е. Ама мора да се научи линија да се повлече. Ќенкам за сутлијаш со вишни и сакам убав филм. Толку од мене за денес.
Си направив смирувaчкa атмосфера во купатило, си пуштив добро музиче на јутуб и влегов под туш. После првата песна почнаа реклами, си реков -ок, минута или две, не се проблем. Не знаев дека ако не исклучиш ќе тераат до бескрај. Не ми се излегуваше нa секoе мокра до телефон и толку од моетo сензуално, зен туширaње. Ми стигнaa aпoвите oд iherb. Oдaм дa се пoдмлaдaм сo некoјa тaблетa кoлaген.
Вчера и денес со измешани чувства. Имам страв од иднина па си прам лоши филмови наместо се да препуштам и да уживам во животот....
Денес испофрлив кармини и моливчиња собирани, собирани, мислиш сликички од Животинско царство. Ко да мора да се имаат сите, страшно. Којзнае од кога купени, три пати ставени (знак прашалник за некои). Си оставив 2-3 од поновите кармини што ми прилегаат со сè и ајт таму. Годинава мислам дека заборавив да си ставам кармин, отидоа да дојдат од март навака ги заборавив и дека постојат. Таман си го најдов карминот заштитен знак и си реков тоа е тоа, се деси пандемија, се сруши светот, носиме маски и така. Си стои и он во кутивчето ко артефакт кој сведочи за едно минато време и како тргнала работава и рокот ќе му помине. Ми се иде по дома да си ставам кармин. Што дека седам во хеланки со мечиња и дукс, бар ќе бидам убава.
Како бе ми се избриша пиратската верзија на планерот што си го планирав за наредна година?! И го тргнале линкот и ќе си пукнам од мука сеа. Ќе чекала она декември да иде да го принта, гуска. Префрли си го одма на усб да те види Господ.... На тема корона (никој не ја начнал ко тема ама се чувствувам позвано и јас) под бр.1 по мене одлични мерки за угостителски објекти. Под бр.2 многу се проблем зумови и скајпови незгодно ти е до вц да станеш да отидеш. Посебно еден на еден кога се. Во живо друго е, вака некако не знам, ептен ми е незгодно. Па ќе трпиш, па ќе трчаш кога ќе изгасиш видео. Дали зашто последниот циклус нешто климав ми беше или што ама се осеќам ко да ме мава пмс а нема зашто. Се што може да отече отечено, не излегувам од соба зашто секој пат ќе ме одведе до кујна. Утре плус треба до банка да отидам (секој бог и божица да е напомош нема нешто пострашно од таа црна дупка) или ќе се расплачам или ќе се испокарам или ќе се пољубам (преку маска) со службеникот посебно ако е висок и црн и леле да и тој дел од пмс За денес од мене толку.
И вчера и денес се измешав со толку многу луѓе, а богами и утре, што онака на секое ми иде мало нападиче на паника. Али ок, дишиме. Све у року службе. Како што тргнало, Нова година или со сватковци или дома со ковид, нема трета варијанта. Да не се подречам, многу се подрекувам у последно, пу пу. Носам маска, пијам витамини и мантрам за добро здравје. Мачката на диета, има нова храна, не ја бендисува, нормално. Срам ме фана кога ја мереа на ветеринар, тежи како две улични. Сака да ја лапа таа со 30% житарки, епа нема, па плачки пред и после оброк. Плачки ако е внатре, плачки за храната, плачки ако ја спуштам од скут, плачки ако ја помрднам ногата додека спие........ драма квин. Цела на татко и'
Зашо ма срам @Doozy ја ги терам да ми го мерат да се воодушевувам колку ми е згоен.Што би рекла мајка ми, мачор ако не си го згоиш како ќе знае дека го сакаш. Кучето ми е манекенка, мачорот е со облини. Баланс мора да се има. Сум нарачала поклон за мајка ми, кандирани кори од портокал, рачна изработка од едни девојки од Охрид. И греота, не иде и за себе нешто не, па си земав мармалад од лимон (потајно се убедува дека ради лимонот е здрав). Едвај ги чекам. Ќе топиме темно чоколадо и ќе ги мацкаме и како зајчињата од портокал од на време од Европа ќе се. Оти среда е среќен ден си надополнив кредит (нема боље работа од припејд) и чекам сега колата од наградната игра да ми се падне. Џипче бе, па таман ќе ми дојде. Не личи на оваа нога од метар да клекнува во ниски автомобили. I like my cars the way I like my men, tall and dark. Дечко ми смета дека оваа изјава не е наместо but I beg to differ. Доста продуктивна денес, банка не беше толку страшно, сеа идемо даље со денов. Имам чувство дека е три а не 12 и пол.
Ѓаволот немал работа, па си нарачувал глупости на Али во 11 ноќеска. Денеска среќата на едно мало, бело памукче толку ми ја наполни душата, посакав вечно така среќен да е.
Подароци стигаат на работа од соработници оваа недела, во очекување и следната Неделава ќарив еден куп чоколади, вино, честитки, календари, пенкала, тефтерчиња, чорапи , маски, украси, лампиони. Отидов да прашам што ќе праќаме ние и дали се спремни нашите подароци, рекоа само по една честитка ќе сме праќале, рецесија Срам да те фати, посебно што знам дека работиме ко луди оваа година, ни криза ни ништо не важеше за нас, изговори само. Селандри.
Денес имав блиц средба со пасивно -агресивна , плачливо-преосетива, и хипогликемично диспнеична особа. За среќа или несреќа , не беше три во едно, туку три по едно . Четвртата беше чисто мрзлива. 'Беш ми сречу.
Петок е а јас уште немам смислено викенд мени Се мислам за хелти викенд. Ќе почнам и тематски да планирам, хелти, италиан, македонски традиционален, кинески... А со тек на време, ако продожи ова со вирусот, може и ќе украсувам по дома во склоп на темата. Да се случува нешто. Со моиве дома ќе треба тактички. Ако им речам хелти викенд, ќе се мрштат, ќе бараат замерки и ќе мислат дека којзнае што ќе готвам. Ако си ќутам и зготвам, нема ни да приметат.
Вчера го испуштив денот на млекото, денес пазарот... ништо ли не ми е свето во животов??? Ви немам кажано дека тука идам само кога аплоадирам нешто и чекам, нели? Воедно размислувам и дали некој ќе примети ако ја внесам рандом бројчиња во еден извештај. Сама си ги пишувам, сама си ги читам. Една моја веома врло важна ствар путује со еден тотално рандом и непознат човек, а јас пијам вино и се трудам да не хипервентилирам. Ако го изгуби, баш ќе биде ироничен начин да го паднам испитот по како-да-не-бидеш-контрол-фрик-и-целосен-идиот-во-животот.
Денес го шишав зајачето многу е смешно и слатко ко бајче е кога ќе го потстрижиме ама изгледа е незадоволно прво ми ги изгриза сејаличките на елката а после немилосрдно ме касна и мене. Утре годишнина на моите цели 48 години брак за пример ни алцхајмер не им може ништо. Мајка ми од болеста не е она што некогаш беше али татко ми воопшто не е променет дури подобар е повнимателен стрплив толератен ја чува како капка вода на дланка. Горда сум што се мои родители. Штета што не можам да им честитам во живо но и вибер ќе заврши работа. Нека се живи и здрави а за 50 годишнина се надевам ќе ми успее да ги изненадам и прославиме како доликува. Бројам денови да замине оваа 2020 со надеж на поубава побериќетна 2021.
Ви се случило ли и на вас да имате некаков апарат дома кој ви стои со години затоа што сте заклучиле дека е неупотреблив за на крај да сфатите дека не сте знаеле правилно да го употребувате? Глуперда. Дефинитивно внимателност и трпение не ми се јаки страни. Затоа луѓето кои виткаат милион мини сармички за слава, за која мораат и уште милион други ствари да зготват, ми се од друга планета.
Пижамите што си ги купив демек ко новогодишен подарок испаднаа ептен новогодишни. Поновогодишни не можеше да бидат мислам. Со зајци што личат на манијаци и корпи полни со велигденски јајца. И јајциња насекадееееее. Слика онолкава на пакувањето, а јас ова го приметив тек кога ги извадив од перење. Епа, честит Велигден, што да кажам. Не па дека ќе сакав да ги носам ако беа со елки и мразулци. Арни се ајде, со мали манијачиња насекаде.
РЕКОВ ЛИИИИИИИИ??? Не сум ја контрол фрик, него интуицијата ми е вклучена на најјако. Ропак Абе сам ако не си завршиш работа.... Ајде чирс ту дет, ту самозавршување работи. Јас не сум јас ако не се исподешава некоја драма али па што ќе пишам у мемоарите еден ден
Додека си во борба да ги исполниш своите реални и нереални очекувања кои внатрешниот компас ги....tаke a deep breath darling, take a deep breath.
Па добро. Јес да можеби 4 саати денес за џабе ги работев ама ајде белким не. Ќе се усреќиме утре. А сега for the best part of the evening: ќе печеме тиква и ќе средуваме документација на 3 јазици. Зашто има ли подобар завршеток на недела вечер? Сите заеедноо нееемааа неееемаааа, не ќе се рооодиии.