Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Италијанец ми врати на мејл со тема администрација за помалку од 12 часа. Што пие кафана? :dance::dance:

    Еве сме, the age of aquarius. Една од темите за прокрастинација (хоби го викаме во слободно време) ми е астрологијава и мене сега ми е ера на saturn return. У превод, наредни 2-3 години требало да пораснам и да си застанам на своето. Да ви кажам, возбудена сум. Остајте реалност во ова, ама еве, 11 саат две битни работи ја више средив. Ми се изнасмеа типот од водовод на телефон зашто се јавувам да прашам каде ми е сметката за стан во кој уште не живее никој. Лекција број еден:ако си многу поштен, ќе ти се смеат.

    За дотичниот италијанец мислев да носам документот на превод прво. И после си викам, па ај ја ќе му го преведам, не специфицираше официјален превод ако не помине ќе го носам. Ни а ни у, еве gentilissima потврдата се гледаме. Лекција број два: може и полесно да поминеш, не си комплицирај за глупости.

    Се зезнав само зашто од стрвност и пмс сакав принцес крофна и само глупоно специјал ми беше во близина. Нема полоши принцес крофни, ни 20те денари што се не вредат. Но... но! Дали е ова лекција број три: благото се прави дома.

    Идам чај да правам, кафето отиде веќе.
     
    На Bridget, Oxymoron и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Уште утре на работа и после слободна 11 дена :party: За наш Бадник и Божиќ плус. Мислев план и програма да си направам за слободните денови, да не ми поминат безвезе и да се осеќам ко да сум го преспала периодот, ама толку сум затрупана со работа овие два дена да не можам да мислам на ништо друго. Се мора да е на нула до крај на година и се решаваат заостанати работи од цела година. И сето ова во два дена ако може, плус редовните обврски што ги имаш |( Ај уште утре.
     
    На mal.ecka и Oxymoron им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Она што во државно е Жане од кадрово, во приватниве е Кате од HR. Па може ли сите до една така да се викаат?:D
     
    На Angie1432, Bridget, tigerlady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    По цел ден неработење, време е да си се наградам со kafentse :mm: Ама како да работиш во отказен рок? Да, добро слушнавте, втор отказ годинава, но овојпат јас си го дадов :bandit: Со нови сили во новата, исто како и лани, надежно минус пандемијата. Вие добри? :wasntme:
     
    На Bozica1980, Blue.Sky, Bridget и 9 други им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    * гледа видеа за reset days/ getting ready for 2021/ review 2020 and planning ahead ама од кревет не на биро за да може всушност да ги направи.

    Добро, додуша, денес завршив неколку битни работи, некако ми е финализирана на одредени полиња 2020. Некогаш стварно сфаќам дека сама си правам стрес. Еве сабајле, требаше на две места да поминам. Ниту бев временски ограничена, ниту договорена, се беше отприлика и пак сама си правев притисок ајде ајде да не те чекаат. А никој не те чека. Па кога сум си одржала еден тед ток сама на себе во кола да се олабавам малку...

    Ми се пие дневното турско, ми се плаче, ми промакна денес ама ќе бидам карактер, ќе си сркам чајчево. Ипак е речиси 7.
     
    На Ginger^, Doozy, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Кај и да е ќе станам женска верзија на Брајан Трејси и наместо да јадете (фигуративни) жаби, ќе ви проповедам да го испиете проклетото кафе. ]:)
    Читаш ли @tigerlady, испиј го кафето. 8-|

    Кажува личност со подочници до папок од пиење кафе кога ѝ текне (и последица - нарушен сон, секако). Ни ми дошол, ни па ќе ми доаѓа памет но добро, кажете нешто ново.
    После седум преминувам на нешто полесно и фејк, ко капучино од кесичка. :D
    Ама па каков филм ми е, си правам филџан пенасто капучино (во тоа па ако има нешто кофеинско, освен премногу шеќер, еве на, ама ќутете си нека продолжам да си правам филмови), си се повлекувам во одајата со киндлот и читам без да ме замара мрмутот.

    Значи не знам како е можно, секогаш кога ќе се фатам за книга или ќе ставам слушалки да слушнам некој подкаст, он има нешто да каже, да покаже, да раскаже, да запее, да праша, па пак да препраша.
    Clingy much? :devil:

    Многу го сакам, ама некогаш така ми доаѓа да избегам од дома со залет без куфер. На еден ден. Или десет. :|
     
    На Bozica1980, Blue.Sky, Bridget и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Многу мразам луѓе што се изразуваат преку мудри мисли и поговорки, ама факинг “ако сакаш- наоѓаш начин, ако не сакаш- бараш изговор”. Е, секој можен изговор го најдов и другава страна ниеден не го зема за валиден. Едноставно сфати дека НЕ САКАМ и готово, под ниеден услов, за ниедна цена, за ништо на светов. Под морална и материјална одговорност, при здрав разум кажувам не, не сакам!!!
    Не знам како на друг начин да објаснам, да нацртам. Не знам јас вртење од страна. И пак не сфатена... Се фрустрирам, ме тера да бидам злобна или да кажувам работи што не сакам да узлезат од моја уста. Ааааааа мвходјофглофроудрвлорд!
     
    На Doozy, Blue.Sky, tigerlady и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Дoбрo утрo :yawn: Абе кoј стaнa уште у 5 ипoл сaбaјле, aбе кoј? Свежa, нaспaнa. Oти нa oдмoр сум, зaтoa. Дa требaше дa oдaм нa рaбoтa ќе ми се плaчеше зa спиење.
    Петпaти ги извртев сите кaнaли и не нaјдoв нештo интереснo. Дa видaм кoгa oтвaрaaт прoдaвниците и дa зaстaнaм вo ред кo пензиoнер.
     
    На Doozy, Blue.Sky, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Сабајле кога се разбудив и видов колку е магливо и студено, се осетив ко онаа сликата со мачешката шепа во снег. Тенкју, некст. :|

    Ми дојде така одвнатре некоја желба да почнам да драматизирам дека не можам повеќе и дека одбивам денес да мрднам со прст затоа што сум принцеза, а на принцезите им треба одмор.
    Да помисли човек дека ме праќаат на којзнае какво место, па ајде удри на драма со многу галама. А уствари само седам, пеам (ах, каков талент остана неоткриен, штета огромна) и си ја греам задницата додека творам креативни работи во тие 8 саати. Но, дали денот е ден без да си предизвикаш мала домашна драма?! Сам ако не си ја направиш...:fubar:

    После ми текна дека почна Божиќното лудило и вчера си ги завршив денешните обврски. Денес можам да си дремам насекаде до бесконечност.:party:
    Па да видиш одма како се дигнав од кревет со песна и со неверојатна желба за живот.
    What a time to be alive. :music:
     
    На x.Daisy.x, Petit biscuit 91, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сум се почастила денес. Има една јутуберка што ептен си ја бендисувам иако е лигава и не ми е ни срам. Девојкава неколку години прави планери и ги продава и како физичка и како дигитална верзија. Лани сум нашла некој торент од постара верзија, си го адаптирав и некако ептен ми легна. И решив годинава, после многу мислење и премислување ќе си се почастам со еден годинава. Не дека е скап ама ајде срце штедливо да реши. Прееска си го испринтав (еве отворен повик ако некој сака ќе тераме пиратерија, праќам пдф-че).

    Скроз е амерички знам, ама има habit tracker, има gratitude, има goals and resolutions и мотивациски пораки. Не знам, никогаш не сум била по дневници водење ама ова некако ми легна убаво. Баш си го гледав од цела измината година и убаво некако ми дојде, како и во која насока ми течел паметот и целите.

    Вечер имам дејт со себе, ќе си направам варено вино и тоа бело (зашто треба да се дотроши) и ќе си го пополнувам за наредна година. Call me Jessica and give me fluffy white slippers. Please dont.
     
    На Bozica1980, dayla, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Претпразнична божична депресија измешана со ПМС, реновирање во ек на светска чума и среде зима, новогодишни конзумеристички кампањи на работа, мал инцидент со здравје и многу кеш и компас шо вика, не знаеш кај тераш.

    Желба за селење имам, шуфа немам (и незгодно ми е да земам од други, иц оке), харизма имам, ќе се ценкаме и лижеме кај германски баби да не' примат у шупата у дворот на лепе очи. Тоа е. Мала презентација зошто мене, а не нормалниот апликант со шуфа и референци од претходни кираџиства.

    Како ли ќе се натерам да излезам и да отидам да купам некое поклонче денес. Барем пликце... јок :bug:

    Само ја ли немам муд за поклони? Вчера двајца ме прашаа за адреса, а еден пакет веќе стигна по карго, аз со рацете у џеб. Вака ли им е на „големите“ секоја година кога морале да ни купуваат поклони порано и да се преправаат дека се возбудени? :D

    Имам уште 3 тренинга од програмата и после завршени 6 недели, можам да ви кажам шо се промени... едно големо ништо. Се шалам, ми порасна газот, бутовите, а струкот ми се смали али можев подобро. А како подобро кога треба да пазиш и на исхраната у меѓувреме, а како да пазиш кога немаш функционална кујна и време у денот... ќе експлодирам :@

    Астрологот вика, жена змај, вежбај трпение. Не е тачна, све погоди, да си ибе векот. Не ми кажа само како да го вежбам трпениево. :devil:

    П.С. @tigerlady гарант истиот сме си го купиле :rofl: ја и со спирала си го испечатив, со све...... али џабе, кога за да го пополниш треба да знаеш шо сакаш. Е това не можеш да го купиш, не се продавало. :wasntme:

    П.П.С Осештам дека за новогодишната ноќ ќе седам стуткана под ќебе со тампон пикнат у мене. Овој муд не е за џабе. :envy:
     
    На Bozica1980, do-re-mi, dayla и 12 други им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Денес се осеќам ко некоја баба, а не 25 годишно девојче. Притисокот ми се качува, апои голтам и само се жалам. Пмс дрма, ни н од новогодишна еуфорија имам.
    Работа ко за беља сега имам највеќе, па ќе си средувам слики и ќе си го замислувам кафето и дека немам уште милион и една обврска што ме чека. Ех бе не можам ни со кафе денес да се лажам :doh:

    @Doozy и @tigerlady ако може да шепнат на другачкава од кај земале планерче :D
     
    На dayla, tigerlady, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Откако почнавме во петок да јадеме гравче, пардон, ТАВЧЕ ГРАВЧЕ (затоа што криви дрвциња како нас не јадат многу водлести манџи) мислам се препородивме со олабавувањето од стресот наречен "леле што да јадеме денес".
    И тоа трае два дена, пошто порција од кило грав и колбавчиња или риби за цел влез, богами не е за двајца, па си дојадуваме остатоци и два дена не се припарува до кујна.

    Лапачката и готвачката ги решивме, ама што правиме со алиштата што се пресушија обесени на сушарата, а ние се правиме ко да не постојат. Па богами, по толку стоење, дел од нас се, ги прифативме како некој украс - еклектична инсталација на сред соба. ]:)
     
    На do-re-mi, dayla, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.266
    Допаѓања:
    170.243
    Пол:
    Женски
    Денес 9 дечиња ќе се радуваат.
    А богами и јас со нив:inlove::inlove:

    Време е да тргнам:*:
     
    На mal.ecka, sweet-cherry, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Многу, многу непотребни ситуаци, луѓе, моменти. Како да кажам, безначајно време. Времево го поминав по термини, прегледи, интервјуа небаре ќе ме праќаат во Наса. Животов ми пројде во чекање, мислам дека метеор ако си порачам , ќе ми речат немаме на лагер, али првиот шо ќе го добиеме е твој. Добро. Не ми се нарачува, изгледа дека пак ќе чекам. Карта за во рајот да си купам-исто. Дали тоа јас размислувам за смрт??
    Волја имам, душа немам. Сте се почувствувале ли така?
    Ми рекоа почекај до март, ќе има промени....до утрово, мислев дека открив топла вода и си реков Ете што било, знам како ќе биде. За пола саат, -не, не , не може така. Повторно не знам ништо во ова невреме.
    А и некој мислам дека ќе ми откаже љубов ако продолжам со избегнување на домашни задачки. Мислам , он уште не знае, ама тоа е тоа свесноооо биќе. Едвај чекам да си одам дома, да му се посветам,да откажам се' шо имам за одење, уште тоа ми фали. И да седам така во исчистено, да бладам, како брцнати нозе во море...само сега во леѓен со морска сол.Тоа.
     
    На dayla, sweet-cherry, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    хахахаахах исто! Денес цело сабајле имав arts and crafts сесија за си го украсам зашто во Скопје имам принтерница каде што за над 50 листа гратис ти ставаат спирала (со нивно лого ама како сум го облепила....). Цинцур за 50 денари, шта речи. Ме мислиш сега за астрологов. Ај за мене ама може и мајката за родеден да ја частам, леле дај ајде импресии.

    Ми се јаде луѓе, ко за тројца да треба да јадам. Ништо не ме дојадува а не може 30 дена во месецот да се вадам на ПМС. Шта ово би? Се осеќам изневерено од најблиските, виделе костен пире во Гранап И НЕ КУПИЛЕ. Значи како вакви гревови? Сега го има, во сезона е, кремасто е и совршено ама како го оставаш. А нема дома некоја торта кремаста, нешто шлагесто....
     
    На sweet-cherry, Sexybaby86, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    :music:Svirajte mi jesen stize dunjo moja:music: Дури гледам што имам во кујна да замешам се' и да излезат бомбици за Нова година. Од каде се најдоа наполитанки не ми е јасно. Одат во бомбици?
    Почнав една книга, радоС голема што ме заинтересира и не ја оставив после 15 минути, ама...стигнав скоро до пола и почна интересот надолу да оди. Ја оставив, изгубив интерес. Во потрага сум сега по нова.
     
    На Purplelilac, annii, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    гуглај фереро бомбици
     
    На mal.ecka и Bridget им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Денес сфатив дека сите договори и ветувања ни се всушност празни муабети.

    Многу сме се распиштолиле месецов со глупостите, но ајде идат празници, подароци, дрн-дрн, океј е, океј сме. Следниот месец малку построго.

    Ами се расипаа ли пола од уредите после одлукава?! Секако дека да!
    Добро, драматизирам за ефект. :D
    Се расипа електричниот бокал и еве се обидувам да пцујам така со понежни пцовки додека листам нов. ]:)

    Во меѓувреме телепатски сме нашле едни прекрасни шолји ко за турско кафе и узбуџени со леле вау-вау-вау судено е муабети, решив дека сепак виша сила е во прашање и отидов да си ги купам. А како да кажам, неделава добив шолји на подарок, но мораше да се имаат и овие, дека се со тацна. :!:
    Многу ќе ни биде забавно еден ден, со мал милион омилени шолји за кафе и два милиони книги за разнесување.
    Помина возот, предоцна е сега да се ставаме во ред. Ама битно НАЈУБАВИ шолји за кафенце си имам, па ми олесна. :bug:
     
    На ivi1987, *Ench@nted*, annii и 5 други им се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Денес, последен понеделник годинава. И секако дека е најпонеделнички понеделник некогаш. Будна цела ноќ, пропаднат ден, се трујам со кафе сега барем нешто да завршам. Ми се хибернира ко мечкине, да го преспијам остатокот од зимава. (tumbleweed)
     
    На annii, Oxymoron, astrophile и 2 други им се допаѓа ова.