Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.086
    Допаѓања:
    55.759
    Пол:
    Женски
    Се трудам да не плачам цел ден. Немам ни апетит иако тоа ми ја одзема целата енергија.
     
    На annii, hermosa, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.674
    Пол:
    Женски
    Цел ден ми е никаков и главата ме боли од кога се разбудив:sweat:
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Три дена сум убедена дека секој ден е 26ти декември. Не е, еве сега сфаќам дека денес е 29ти. А стигаме до точка каде што веќе ми е битно што ден сме. Вчера на работа се шетаа наоколу пакетчиња за деца малку ми се присака да имам дете за да добијам пакетче што ќе си го задржам... Ми се зажеле бе некој пакетче да ми даде. Мојон да дојде ќе му купам зашто никогаш не добил и ќе му го земам хе хе хе

    Прво кафе за денес ојде, и некако многу мали работи испозавршив а тек је 12 сааатииии. Има уште за завршување, ова е мини пауза пред да продолжиме. We are on a roll people! Поклони за нова година побарав само практични зашто аман од глупости. И колку е лошо кога не можеш да објасниш дека навистина не ти треба уште накит, посебно не ефтин (не извољевам ама стварно ми е битно квалитет пред квантитет) и што не е твој стил. Мислам побогу, работам или во лабораторија или на терен, у дискотека 4 години немам стапнато, стварно немам каде да го носам.

    Така да ѓезве на металац и некои ситници за новата кујна ит из.
     
    На annii, Doozy, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Да се заокружи годинава со некој неверојатен пресврт - си најдов совршена музика за свадба.
    Ни помалку, ни повеќе еве. :D
    Пресврт на пресвртот: не сакаме свадба.

    Но, ако најдеме совршена regency wedding gown и совршен гудачки квартет - готово. И валцер ќе играме и бал ќе правиме, ќе служиме алкохол во шолји за чај.
    Бог да чува, ама ајде да се забавуваме. Тоа е најбитно. ^_^
     
    На ivi1987, *Ench@nted*, annii и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.947
    После долги 4+ години од како немам стапнато таму, денес додека лежев, на неколку секунди ми дојде мирисот на вашата соба. Го чувствував под носот, истиот каков што секогаш беше.
    Толку краток, а истовремено толку јак и присутен.

    Собата со минт креденец.
    И два кревети.
    На едниот дедо.
    На другиот јас, со главата во скутот на баба ми.
    Телевизорот дрдори, тие гледаат, а јас дремам.
    Спокој.

    Бабо и дедо, многу ми фалите :l:
     
    На mal.ecka, ivi1987, mareane и 13 други им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сецкав салата ко за мало село а не за фамилија од тројца. Мајката пресреќна, недела дека ручек немало да треба да се прави, ја мускули на десна рака имам.

    Мадам ја завршува годината со направен vision board за наредната (значи две сосема рандом работи ми се случија од ланскиот, да го слушаме универзумот), со среден дом и со план за една убава наполнета када денеска. Сеа ќе гледам видеа и некоја смотанка серија на нетфликс. Фала многу, пријатно.
     
    На sweet-cherry, Oxymoron, annii и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Невообичаен ден како за 31ви 12ти, многу лабав ииии...лаган?
    Не, станав и чистев ВеЦе јер проблем со чешмите. Али, после се подоправи. :smirk:

    Сепак, пак ќе има месо до Божиќ. Денот кога ќе се прави скара и ќе се пече нормално количество на месо ќе се памти.
    Ама нема да се случи.

    Моите резолушани ќе се прават утре, сите мисли ќе се претворат во планови на парче хартија, и од таму во акција кон остварување.
    Така е кога се чека роденден да мине, па ајде кога ќе се спремам накај дома, па дома иии.... така, да. :envy:
    Но таман си е, се случија некои промени во листата и приоритетите се потсменија, вака на готово на стратна линија. :*:

    Сега, да си го оправам креветот, да си ги средам дрејте и куферот, да заметам, да се истуширам, облекувам фустан, и штикли, средувам фризура, седнувам пред ТВ уз Сам Дома, готова да ја пречекам 21вата. :d:

    На сите кои читаат им посакувам многу здравје и среќа во иднина, успеси, пари и патувања. :f:
    Throw on your fancy attire, fears in the fire
    Don't lose hope :d:
     
    На Purplelilac, do-re-mi, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Ова сведување на минимум комуникација со луѓе , во дрво ќе ме претвори.
    Да имам соработници од рајот паднати, би било идеално. Да му кажам јас ќе правам тоа, тоа и тоа, некој друг останатото и чао. Остатокот од времето мир и тишина. Живеам дијаметрално спротивно него ли претходните години. Си вегетиркам сеа за сеа, а знам ме чекаат промени на средина, работа, темпо општо.....
    Que Será, Será8-|
     
    На Emy867, Sexybaby86, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Хелoу пипл!
    Се нaдевaм денес ќе е пoследен ден штo ќе дoјaдувaме хрaнa oд Нoвaтa, oд утре -рестрикции.
    Кaкo ми пoминa oдмoрoт? Дoмaќински. Кaкo мoже дa не прaвиш ништo пoсебнo, дa седиш дoмa и дa ти пoминaт 10тинa денa тoлку брзo без дa ти е дoсaднo?
    Oслaбнaв еден кг. Јеј.
     
    На Oxymoron, Осе и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Малце сум живчана и не знам баш зашто. Не знам, од една страна рационално си се смирувам од друга страна дозволувам ситници да ме изнервираат. У превод, не ми се сите овци на број. Знам дека не може секогаш сите овци да бидат на број ама имам чувство дека дел од овците не можам ни да си ги видам зашто решиле да идам на другиот крај на полјаната да бараат темјанушки. А НЕ Е НИ СЕЗОНА НА ТЕМЈАНУШКИ.

    На страна од ова, одлична баклава со лешници и домашно киви само би јадела. И пуканки. Сакам уште една тетоважа а немам појма ни што ни каде. Нит е време, нит имам време за ова ама ете.
     
    На sweet-cherry, Oxymoron, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Блаблабблабла:swear: ме замараат сите мали приказни, за мали луѓе и мали незначајни ситуаци, кои не се ни дел од целата приказна. Да,да слагалицата е мнооогу голема и не секое *mnence е дел од неа. Мала точка невидлива,речиси
    Блаблаблаба цел ден, докажување на други разлика меѓу црно и бело, додека самите лежат во темно сиво и се држат таму дооолго, долго. Ќе одам да си мавнам едно какао.
    Б л а б л а б л а.
     
    На Осе, Doozy и Oxymoron им се допаѓа ова.
  12. Spit

    Spit Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Машки
    Наместо да седнам да учам денес за утрешниот колоквиум , јас седам по форуми си читам и пишувам глупости и си слушам музика :D
    Ко заразен да сум да правам нешто друго само за да не учам.
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Некако стасав у некоја група за храна каде што сите меѓусебно се ословуваат со ,,женички", ,,домаќинки" и ,,вредници" на секоја слика со домашно зготвено или месено, традиционална мкд храна од којашто добиваш запушување на каротидите, у најмала рака, а кардиоваскуларна болест и дијабет ако претераш со маргаринот у коцка кај кифличките.

    Мојот внатрешен феминист вришти, а богами и на нутриционистот не му е лесно.

    Од другата страна на спектрумот, убутана сум и во една група за здрава храна, каде што секој грам јагленхидрат важи за врховен грев, а оброк без цејлонски црн пипер (стварно постои) и рог од еднорог не важи. Па јел чете стварно то појести, госпожо... замисли, да.

    Моиве јадења никаде не пасуваат... ич не се традиционални, тревести се, а и сликите ми се троа прошарени, ама не се ни екстремно забегани. Само ќе ги реметам женичките во групата со моите meal prep глупости, ќе ги реметам хардкор кето лавиците со јх... :( Од веганите веќе кренав раце.

    Outcast, форевер енд евр. Ќе си направам моја групичка |(

    И така, тоа ме мачеше да си кажам. Ковид негативна сум, што значи, знаете каде и со кого беше дружбичката по повод новогодишната ноќ. :bug:
     
    На Biljarkata, јolene, Emy867 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Кaкo и секoјa гoдинa нa крaј, тaкa и oвaa, не нaпрaвив никaкoв плaн, ветувaњa, желби зa нaреднaтa. Нo, скрoз спoнтaнo, oвие некoлку денa се случијa рaзгoвoри, плaнoви и oдлуки кoи и дa ги плaнирaв немaше дa се случaт.
    Некoи рaбoти кo дa чекaле дa се рaзјaснaт бaш сегa зa дa пoчнеме мaлку рaстеретени вo гoдинaвa штo следи.
    Зaрaди oдмoрoт вo 4 ѕидa мислaм декa е. Време пoсветенo нa себе и нaјблиските. Без шетaње, aпaртмaни, прoдaвници, рoднини, пријaтели, кaфaни.
    Oд утре нa рaбoтa |(
     
    На Осе и Oxymoron им се допаѓа ова.
  15. anelchylola

    anelchylola Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Denes bev tazna ...
     
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Толку многу сакам нови почетоци, дури ме фаќа страв дали некогаш ќе изградам нешто подолготрајно во животов, во секоја смисла. Рутината и познатото за некого се фини и пријатни, мене ме ограничуваат и ми се здодевни. Погодувате што сум во хороскоп? :wasntme:

    Денес еве ме, со Шардоне, пармезан, сино сирење и крекери, ги довршувам последните задачи од старата работа, за од утре да свртам нов лист (од новата книга со нови 12 поглавја и нови 365 страници бла бла бла :puke:). Ќе спијам помалку од 6 часа, ама што е битно? Имам возбуда да ме вози два дена 8)
     
    На anelchylola, tinka-mace, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Прв работен ден во новава година и веќе се каам што не си заседнав дома оваа недела.
    Го продаде работата и дреме на кауч. Ете така.
    Мрза беше, мрза си остана ќе ми биде епитафот некој ден.
    И се кае што не умее да мези, се сокри зад шанкот на новогодишната ноќ, за да ја излапка САМА со голема лажица руската салата. :angel:
    Тодлер ли е ова, што ли е.

    По толку нахално гледање Star Wars деновиве и силување на May the Force be with you фразата за секоја глупост што ја правиме по дома (ќе печам ѓевреци, нека Силата биде со мене (кажано ко да синхронизирам турска серија), мислам дека очи нејќам да им видам ни на Лукови, ни на Леи, значи на никој.

    E за Кајло Рен ќе размислам, зашто ми е најголем симпатија и не можам да го отпишам така лесно. Си има процедура.

    Ама ѓевреците какви беа леле леле. Изгледа Силата стварно била со мене, оти нели многу голема филозофија е да се испечат во рерна сами. ^_^
     
    На Oxymoron, anelchylola, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Се вратив, се здобив со страшно голем херпес на уста, афта во уста, болки во грбот и вратот, некое кило плус, а болките во десниот зглоб х2 и колената се константни. (fingers)

    Мислев дека имав појак имунитет, знам оти ми треба рехабилитација на косто-зглобно и дефинитвно треба да прекинам со папање и да зголемам раздвижување. (heidy)

    Дојдов, видов... се распаднав. ]:)
    Не бре, јача сам от судбине. :muscle:

    Ама да, треба да станам од креветот и да се нурнам во хаосот. Оти доста сериозно си поверував на себе дека ова ми е одмор. Не ми е. Беше, ама и не беше до толку.
    Хаоуевр. Инаф ис инаф, мрзо гет ап (wtf)
     
    На Oxymoron, anelchylola, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Денес забележувам дека денот почнал да се зголемува. Полека но сигурно.
    Ми фали светлина, сонце. Една од причините зошто мразам доцна есен и зима е краткиот ден :|
     
    На Oxymoron, anelchylola, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Денес долго и тажно патување, моментот боли, потоа се навикнуваш
     
    На Oxymoron, anelchylola, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.