Одвратно расположение денес. Уште немам добиено, укапирав дека ми касни од стрес. А во декември немаше ништо друго освен стрес. Драга Саветка, во кој момент ќе настане експлозија левел Хирошима? Ми треба некоја menial job, каде што ќе бидам соодветно платена без да си го малтретирам мозокот. Малку да се одморам, да се стабилизирам, да се преслушам, што, како, каде... Отказиии се ближат, оооткази се ближат
Пред месец или два инспирирав колешка која има проблем со тежината да почне да вежба, заедно со мене нели, само да отворат фитнес центри. Денес ми вели слушнала дека ќе отвараат, спремна била, фала што ќе одам со неа...а мене не ми се мрда Се ме боли, стара сум веќе, дајте ми фотеља и турска серија, каков фитнес какви бакрачи. Ако има пекол прво за ова ќе ме прочешлаат на врата. Ќе морам, човек од збор сум или што?
Биди чоек од збор за себе бре. Иако...не сум некој пример и чоек да го каже ова. Денес, баба ми да беше жива, богињата на смешните изреки ќе речеше - какано, па помакано. Е така е денес! И навистина постои ненормален, неурамнотежен народ. Ве молам фрустрациите од дома не ги вадете на несоодветни места. Ако сте несреќни од животот, од мажот, децата, родителите, од самите себе си... инаетот не го вадете кај што нема врска со вас...
Мозокот ме боли од тоа колку јадам и што се проголтав. Таман реков ќе му дојде крај на ова периодично прејадување..уметнички смотав сарми една топка двајца треба да ја делат Извалкав и бомбици. Нема крај на хиров, нема.
Некоја енергија чудна добив ко за дождлив ден ,па се сум прередила...не ми се верува дури...монотоно ми е се бе аман веќе ,затворена цел ден заради глуп Кинез сакам се да се врати во нормала... И се натажувам ,се ближи годишнина од смртта на татко ми
Не можам да се изначудам какви игри за мали деца се играат на работа, пресмешно е. Ко во Mean girls да сме, тоа нижење котелци, плетење одмазди, бог да чува. Значи ми се враќаат филмови од групно работење во школски денови каде секој на секого сака да заебе, така од што не знаат за друго. Само што, тогаш ај мали бевме, ќе кажеш толку ни сечел паметот. А ова сега од примероци на плус три-четириесет, што ќе да е, ни јаден дедо Боженце да не умее да препознае. Се лутиме сега - егото на кислородна поддршка, па играме ментални садо-мазо игрици, казнуваме вработени со игнорантност и удараме пасив-агресив камшици. Како полу-распадната тинејџерска врска кај што на едниот му текнало да се намурти и да не збори, па ти еве читај мисли, прави што ќе правиш, ама - чик, погоди. Кажување шо е проблемот е мислена именка изгледа. Е арно, нека ти е. Јас како работник на годината, ќе почнам да си го спремам ручечето за да ми се запече после и ќе се налакирам.
Па добро... ете... фино ми рекоа бе у хороскоп дека до последен момент ништо нема да се знае, и мајка ми фино ми рече еве у шолја ти се гледа дека имаш многу планови ама ништо не е уште сигурно. Па не е кога администрација е не само неспособна туку и мрзлива. Ми вика (по втор пат ми одлага) ај дој наредена недела, твоето брзо се средува ама да не утнеме нешто, има гужва сега, сама сум. Како е бе ова оправдано? Како да и објаснам дека не е за до Дебар работава идење него уште 30 ствари зависат. Не знам, многу работи мене не ми се јасни. Плус ручекот денес у 6 ќе ни бидел... во 7 сум станата, 12 саати подоцна ќе ручам. Мислам супер фамилија, само да не живееш со нив. Нема доволно кафиња и чаеви што ќе го оправат денов.
Додека уште со фанфари не бев раскажала насекаде дека немам бели влакна и не се фарбам (бејби хер разбираш, хехе), кога сабајлево како честитка во новата, едно нааа толкаво, очите ќе ми ги извадеше во огледало. И тоа баш напред. Тоа е тоа, си реков. Збогум младости. Ама го скубнав проклетото, со чупалица му влегов, па се правам ко да не било. Прибидејќи, домашните животни се со дијабет, ај реков баклава не за Божик, ќе збрчам од тој колачот со вишни. Е, ама прибидејќи градов ни е пренајснабден, гоневме вишни по продавници и на крај татЕ нашол, ама пакување 300гр. не 500. Слободно може да си играме наградна игра - пронајди ја вишната во нашиот празничен колач. Оќе, може вишни ќе фалат, ама вака па многу набабри. Ако е малку празен, не значи оти не је погоден.
Купив огромна кисела зелка, замотав сарми што замотав, си насецкав еден полн тањир од зелката со лут црвен пипер одозгора и пак остана да фрлам. Блиц прашање до кој ќе прочита -да ја оставам сармата така несварена само замотана до утре ќе и биде нешто? Веројатно ништо, ама да прашам, да не смени боја пример Се јавивме со колешката да прашаме за фитнес, само со личен тренер можело и 4 во група заради вирусот, без користење на справи и да го плаќаме солено од саат. За месечна карта рано било, само вака организирано. Ни се виде скапо и на двете плус радоста повеќе за справите беше, па ќе одложиме
Бадник Единствен ден во кој толерирам дифузија на мириси од кромид, лук, кисела зелка, риба. Инаку избегнувам, трауми од детството. Отворено е се што може да се отвори, ладно да се заледиш. Го украсив лепчето со венец, со крст, го дотерав и ми текна дека пара заборавив да ставам. Сега знам каде е ама ќе се крши под крпа и јас последна ќе земам да не речат си местам Сармите ми се огромни, од една да се најадеш и да остане за другпат. Среќен Бадник, одам да видам рибата до кај ми е.
Мене траума од детството ми е тоа што мајка ми никогаш не правела сармички за слави и за Бадник и Божиќ. А толку ги сакам. Значи никогаш, демек никој не ги сакал, никој не ги јадел. Ахам, важи. Па кога одев на гости кај вујна ми мислам сите сармички и ги јадев на жената, ко да не видела. Технички и не бев видела, зашто никогаш не прават. Нооо, годинава плот-твист! Сам ако не си направиш, тоа е. Сарми ко за на изложба, мислам прстите си ги изедовме од што ни беа вкусни. Изгледа ова се случува кога ќе се најдат две напатени души желни за сармички (кои никој не сака да им ги направи), па природно настапува кохезија. Лебот мек како душата на Убавиот мој, дури и мандарините ми се погодиле без семки. Што фатив-позлатив. Е не сакам да застранам како Мида со занесот за моите чудотворни раце (и по сè што светка), па ајде доста беше. Таков пресврт во животов не ми треба, фала. Доволни ми се малите триумфчиња вечерва со сармите и паричето, друго засега не треба. Задоволна е оваа заљубеничка во посни сарми. Утре здравје пак ќе си ги дојадеме за ручек.
Прва сум јас да кажам дека американци со се' претеруваат ама slow mornings што ги зборат у право се. Далеку дека од нив е тоа измислено се разбира. Ако имате време и можност, да си приуштите по некое. Сите би ги частела тоа. Станав во 7, куче се прошета, чај натенане си пијуцкав уз лесни видеа. Доручек како што во моментот ми се сакаше, со мерак направен. Сите спијат, мирно и тивко, само животни ти цупкаат уз нога за ако ти падне нешто да смукаат. Се потсетив на долгите неделни утра на островите и зашто толку ни пријаа, уште Julie да идеше во позадина со француските села нејзини и ете сме. Убава сабота и тек допрва има да доаѓа. Вчера имав reality check via out of body experience. Колку и да сакаме, не зависат некои работи од нас. Уствари многу работи не зависат од нас. Се' што ние можеме да правиме е да си играме квиз и да ги наоѓаме најдобрите начини да се прилагодиме. Ама стварно. Некогаш 50/50, некогаш повикај пријател, некогаш од пушка го знаеш одговорот/реакцијата потребна. Сеа киви и да се пресоблечеме од пењоарот. Исто, пењоар. Прекрасна работа. Како може да не биде нешто што е створено да те гушка без да те стиска и истовремено да е и удобно и сензуално. И тоа на сите е да им се купи.
Уште си се чудам на интуицијава. Земав вчера да симнам една апликација и гледам таму по број на корисници, оценка и ајде си реков ќе ја пробам таа првата што ми западна за око, макар што беше ептен нова-нова. Се инсталира и си јавува прозорче за дали се согласувам со условите за користење, privacy policy, security settings и тие сличните фермани што ме мрзи да ги читам, па секогаш само бегло ги погледнувам. Што ми стана, што ме мавна, земав тука се расчитав што има да каже авторот. Очињава еве вака ми се отворија . Тоа да ти бара од име, презиме, датум на раѓање, пристап до ова, пристап до она, меилови, чуда, абе уште слика да ми побараше да му пратам и ќе беше не само „го продаде бубрегот“, туку и мозокот заедно со него. А па да не правиме муабет дека со живописниот соновник што ме следи деновиве, ако прочитав отпосле уште истата вечер ќе бев во гепек на пат за Куба. Ама среќа ли е, интуиција ли е, арна сум. Денес устај војско од ноЌој, како за сабота беше „Добро ти е?“. Ита времево, па вечер ќе се прави календарче за да го повтасам.
Денес се извлечкав едвај некако од кревет, со млитаво и утепано чувство, како што сум последниов период. Мајка ми еве ја уште ми збори за бајачка, уште таму не ме однела, да ми помогнеле. Ја гледам книгава, ме гледа она мене. Не ми се отвара, неам фокус солиден ни 5 минути а не па повеќе. Си викам шери, на 25 години уште влечеш неколку испити пред дипломска, толку ли не можеш да добуткаш. Ама после паузата од 2 години тешко ми е да се мотивирам за учење, ама упорно ѓаволче сум. Се залажав сеа со кафе, иако не смеам и после ќе ме боли стомак, али стимулации си правам у глава дека поубаво ќе учам така. И дремам на лаптоп, а у позадина ѕиркам во the crown, мајка ми ја бинџа моментално. Сабота, ама чувство ко недела. И така...
Ѕвонат свадбени ѕвона или тенекија тропа оти ја врне дожд - никогаш не можеш да бидеш сигурна. Ме сврте колено од метафорава, да глумиме дека не сум напишала ништо. И хормоните денес разѕвонети, почело је. Ми се гледа првиот дел од Бриџит Џоунс и ми се плаче, ми се рика со солзи, со мрсули, со балончиња од нос на All by myself. Мислиш светот ми се срушил, немам никого, живеам сама во четири ѕида и сама легнувам да спијам навечер па на плачки ме тера. А уствари гледана, пазена и чувана како домашна мачка-мортаделка, но што е битно - зар е важно кога ти треба малку драма во денот, во животот?
Денес само размислувам како само на нив двајца да се посветам и да се затворам херметички од периодов што следи. Како да им дадам што заслужуваат и да бидат среќни. И конечно да имаат мир.