И мојава сабота беше ко недела, скроз. Дури сега ме фаќа и онаа претпонеделничка анксиозност, што ја ублажувам (буквално) со Киндер Чекам да си се вратам во втората дома, дома дома ми е убаво, ама ми фали моето местенце Јас и инаку не славам Нови години којзнае како, но годинава толку не обележив, ич не се осеќам како да почнала новата. Плус и со некои обврски од лани, што упорно си ги влечкам... Друго нема за денес, а ни за деновиве. Се правам дека сè е океј, а дефинитивно ми влијае ситуацијава со вирусов и немам желба за многу нешта. Но се трудам, се буткам, се самомотивирам, барам среќа во малите работи, вежбам, па надежно ќе биде подобро
Ништо ново дечки. Ама стварно ништо немам што да кажам а ми се збори, ми се филозофира, за глупави и паметни теми на кои не можам да влијаам и се вон мој домет. Пандемија, јебига. Ко преживи, причаче ама баш. Многу ми е мерак тиквата кога ќе ми се погоди, сува, кремаста и блага. Толку за денес.
Денес си увртев во глава дека ќе ме боли нешто. И сега стварно ме боли. Или не ме боли, ама мозокот ми прави мајндфак ситуации па си гледа сеир потоа. А осеќам јас дека има нешто (можеби и си бладам оти многу ми е досадно) и малку во вакви моменти ко да ми фали мајка ми да ми закаже на забар, на лекар, на контрола некаде, на фризер, а малку ко да сум старо аро и срам ме фаќа кога помислувам на вакви работи. Решив дека ќе ја победам аверзијата кон телефонски разговори и зедов си закажав термин. Сега нешто ко да не ме боли ништо. Ќе дрмнам едно вино, можеби ќе помине, ако стварно болело.
Денес гледам слики од поплави во Косово и ми текна на годината кога добар дел од времето поминав у Приштина. Баш ми остана во убаво сеќавање градот, иако доста хаосен, урбанистички, културолошки, политички... штета што таа година беше катапултот кога се' отиде упм. Иц оке. Би пиела една пијачка сега во Сома, пред да одам на вечера ууу.... го забораив. Моето ново хоби вика оти ќе се мажам у ноември @Ginger^ се слушаме ли
Ladies and gents, the game is afoot. Со собрани сили, тефтерот и наредните неколку дена до точка да се планираат треба. Ниту прв, ниту последен пат мислам излегуваат вака работите ама универзумов белким знае што прави. Се' што мене сега ми останува е доволно серии, книги и филмови да имам и полесно хоби (на тежина мислам).
Денес сфатив дека сум станала баш таква каква што не сакам да бидам. Потресуљац, паничар, НОООО и одличен планер, да не ми е од око. Лажам, едно од најизгубеното време во животов во мозгање на овие прекрасно непотребни бројки. Сè си испланирав уште неотидена, јас си ја поставив дијагнозата со 0% школо и си направив дури план - што и како околу трошоците. Исто со 0% школо, а кога ќе ми текне сега, и со 0% мозок. Ко на дроги да сум била. Бог да чува, па да дочува. А баш фино ми рече мојот, уште план за вилици ми фалел и таман било сè. Не се давам! Ни вилици, ни мостови, ни ванилици на крај. Парите останаа и си купив фарби за коса. Ќе да имам некоја фобија од подникнат корен, а ако веќе ептен ситничиме - не ми се ни познава и немам поим зошто купив дури две. Но не, мене очајно ми треба занимација, па ајде ќе се декорирам како Велигденско јајценце. Утре тоа, со нови сили. Денес се уморив од финансискиот план и сфатив зошто не станав економист. А богами ни доктор. Супер сум си во моето, кралица на офисот.
Снег Вистинска зима. Знам дека нема долго да трае, ама го уживам и ова малку. Да беше пред 20 години, во Битола, сега ќе имаше снег до колена и се' ќе беше подмрзнато. ... како си врви времето... колку се менуваат работите...
Денес конечно се избањав. Хахаха не е дека 2 пати годишно се јадам, баш напротив секој ден се туширам. Проблем ми е долгата коса во зима. I dread the days I have to wash my hair. Особено кога цел живот носиш прекратка коса и ја немаш стекнато навиката за долга. Anyway, добар ден на работа во смисла сè си сработив. Имав добар ручек, што повеќе да се побара од денот. И после тоа висам на нетфликс иако можам да правам многу попродуктивни работи. Ама јануари е.
Уште еден петок. Uh-mazing! Time flies when you are stuck at home and full of existential dread. Типично коронски. Само уште да бев пијана ми фали.
Гуд морнинг. Список закачив на фрижидер пред 10тина дена со готвена и поздрава храна и одлично ми оди. Некои работи се исфрлени и веќе не чувствувам тежина, подуеност па одеднаш глад. Никаква средина немаше веќе долго време, или бев гладна или чувство ко прејадена. Само готвење си бара, јебига. Ќе треба да си скратам од журките, хе хе. Инаку на список се си има, леќа (з'ш не кажувате дека многу здрава била), гравче, полнети пиперки, манџи, нешто од тукашна кујна, нешто цвеЦко, нешто уникатно, без запршки секако и со повеќе зеленчук. Без леб, благо и млеко. Салати и овошје. Лесно се осеЧам, само една мака си имам, страв ми е во ве-це да појдам. Течности пијам ама изгледа недоволно. Да разгледам шо има на букинг, одамна не сум прошетала по нет.
Магистрирав на тема бомбици излегов од шини, се вратив, пак сум на местоОколу мене сите се доктори, не знам како толку писмен стана светов наеднаш. Плодна почва за приглупите е времево. Охоохооо, ќе си пивнам една лимонада, додека барам занимација.
И вас вака во карантин кожата на лицето ви е најубава или мене тоа ме потрефи? Далеку од тоа дека имам проблеми со кожа, ама не можам да си се изнагледам во огледало тоа сија бре, plum and fresh, да ти иде за реклама да ја понудиш. Карантин од принуда не ради нужност ама да не кенкам многу. Само нешто влакнесто на 4 нозе ми фали ама пак, ај да не кенкам многу. Ќе кенкам многу за навидните пријателства. Порано славевме 7 години пријателство зашто имаше нешто демек ако 7 години сте се дружеле цел живот ќе се дружиме. Мижи асан да ти баам, ја да ви кажам. Тргни настрана различни животни патишта, тргни настрана пандемија и обврски, за основна култура правиме муабет. Да доведеш некого до точка да се запраша дали вределе годините заедно стварно не е во ред. Не жалам за ништо, не ми е тоа животна филозофија, едноставно не ми е јасно. Имам ја сеа серии за гледање, книги за читање, време за исполнување. Запрепастена сум сама од себе колку сум забушавала со вежбање. Мислам се движев да празнициве и имав активност ама прееска еден поздрав на сонцето ме укочи. Сеа ќе се враќаме во форма. Ги мислам тие 5те тибетански вежби да ги ѕирнам а? Betty White напунила 99 години и лета, таа жена ми е идол, наредна година на vision board си ја ставам. За 70 year plan master plan
Денес вака празнично си гувеам. Во вторник готви господинот, па јас ќе бројам овци цел ден. И ќе ги толкувам ликовиве од книгата што ја почнав. Вчера си го раскинав договорот со продукцијата на Госип грл. Ми заврши конечно тортурата околу проектов и си дадов отказ. Чао пасив-агресив мачиња и збогум оговарачки. И да ви кажам, малку се запрашувам што ми се случило, да не ме урочил некој, пошто Никола нешто чудно ми се случува. Мислев дека ќе седам згргулена како наврната мачка-контењерка и ќе се препрашував по сто пати дал ќе преживеам, дал ќе банкротирам, па ќе правам пресметки и финансов план, па ќе се преиспитуваам што е со мене, како е. Малтене, како после раскид со дечко, дека ќе немам желба да правам ништо. А јас, туф-пуф, мачка на грб паѓа ли - си фатив книгичка, нова сериичка, легачење цел ден, муабети со сите, па и со мајка ми (која патем, не пропушта прилика да ми каже - маме, ништо не се сменило за нас уствари. А еве јас отсекогаш сум била во карантин на некој начин, ете гледаш, ќе издржиме, ќе помине сè!!!!) Пет пари не дадов значи, до толку ми е смачено од сè. И шетав, а и минич си купив. Добро, не баш минич (воопшто, сосем обична сукња до над колена, ама доживљај ми е и така ќе си го викам) и така. Ми доаѓаат мисли да земам некоја луда штикла, ама ова звучи ко суицидална мисла во моментов, па ќе ја избркам.
Ако може да ми се прати една скандинавка да ми објасни како се надминува чувството на вина кога ќе си отидеш од дома? Најавено, на одредено време и еве ја се туфкам зашто родителот и кучето пешки мора да се симнуваат зашто лифтот не работи и имам грижа на совест. До точка вчера едвај заспав, ги гледав како задишани одат нагоре надоле. Има ли на skillshare ваков курс, каде да го упишам? Многу добра работа е да имаш сменето повеќе места на живеење. Сфаќаш што никогаш не би избрал за во својот дом. Кружен мијалник на пример, зашто, ооо зашто воопшто постои ова да ми се објасни. Од друга страна, биде, одлична работа.
Да не знаев шо работЕ сесра @Mishela ќе помислев у иста фирма да не сме Сите по исто калапче правени, с-и-т-е. Денеска кенкав како ништо не ми оди по план, за да добијам одговор дека ја уствари и не ги зацртувам баш работите како што треба, па затоа и не одат по план. Практично кажано, планот не постои или планот постои ама мене не ми е гајле за него. Држи вода, реално. Кога ќе размислам, секој план што бил детално осмислен и направен од моја страна, а воедно и посакуван , одел по план. Од дека се купуваат од тие убавите планови, знае ли некој? Џрналот ме изнервира и го џитнав у една фиока. Па после планот е крив. Ама џабе везам, реално. Вчера ми се стужи од Меркелот кога ја слушав, ќе прави верлангерунг на мазнаменот и еве сега к-а-к-о да одат работите по план, какоооо. Меркел е крива Вас ве фана ли ковид тугичката или уште се држите?
Читам статија насловена "Манијак се соблекува и ги плаши жените во Скопје" и прашањето ми е, нели му е ладно во јануари да се соблекува? Плус, нели на ладно господинот се смалува, што знам, ја на негово место би сакала во цела негова гордост да го прикажам. Очигледно две недели дневно ќе си куцкам ја тука, додека не сум пуштена на слобода. @Doozy под итно да си го извадила џрналот од фиока!! Ќе си го ставиш на полица, биро, наткасна и има да те прогонува додека не шкртнеш нешто во daily habit tracking! Иначе ќе те кажам на Алинка. Сабајлево имав пола саат фантазирање како и каде би било идеално да ја поминам годинава. И заклучив дека не треба да купувам големо шише маслиново зашто нема да може да го носам со себе. У исто и капсули за перење, да. Довидување реалност работава.
Па дека се разбудив денес со помислата, а да си родам едно дете? Боже ме сачувај од идеи во корона изолација, тоа ќе кажам. Додуша... се загледав Mad men може ми побуди некои идеали за улогата на жените во Америка во 60тите, еве не знам.