Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baguf4e, 16 јули 2010.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ќе заборавам луѓево околу мене како изгледаат од што сме нон стоп со маски.
    Нови луѓе доаѓаат во фирма, соработници, комуницираме со месеци а не знам како изгледаат. Во некој краток момент ќе спуштат маска за секунда и ко друг човек да гледаш пред себе. Многу чудно.
    Од друга страна, можеш да стискаш усни кога нешто не ти е по ќеиф, да не се смешкаш кога реално и не ти е до финоќа и никој да не искоментира -што е таква денес намуртена? Раат.
     
    На mal.ecka, Purplelilac и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Денес конечно поспав повеќе од 7 часа, дури 9 :party:
    Ама од утре пак истата приказна.

    Исто така изедов мнооогу благо ама така е кога сум зависник од благо. Туку ај барем ми помага да ги преживеам овие пеколни денови. Некој не може да се откаже од алкохол и цигари, а јас не можам да се откажам од благо.
    Е не знам дали благото се смета за порок, бидејќи и многу благо не е на арно.

    Сакав и да излезам да прошетам ама остана само на сакање. Ко го видов времево ми згасна секоја желба за прошетка, а и не ми остана баш многу слободно време. Па така, останав непрошетана, ама битно најадена со благо.
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    5.953
    Пол:
    Женски
    Ја прибравме елката.:*:

    Многу ми е некако тажно вака дома, ненакитено.

    А и, сијаличките ме потсетуваа дека 2020 заврши.
    Која декорација е следна.. :?:
     
    На Purplelilac и Star_dust им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.967
    Допаѓања:
    81.299
    Пол:
    Женски
    Можело значи и вака без да ме нервираат будали. :party:

    Уште да не бев наклукана со Бруфени, да можев да си го испијам на раат винцето. Ми се пие, ми се плаче. Но, не може сè да биде совршено изгледа, ајде уреду е.

    Утре има да стискам заби, ако треба нека пукам од болки, ама виното има да зажали што стапнало во мојот фрижидер. :devil:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Денес после скоро една година си се видов со една колешка, си добив гушки и едно писменце од неа и ми се врати вербата во човештвото. :sun:
     
    На OmniaVanitas, Star_dust и tinka-mace им се допаѓа ова.
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Денес полагав, по не знам кој пат.
    И после толку полагања тремата никако да ме напушти, па макар и да се работи за некој најбанален предмет.
    Иначе знам дека е сабота и во сабота не би требало да се полага ама од многу полагања и 300 други обврски едниствено што ми преостанува е да полагам во сабота.
    Само овој семестар можеби 5 пати имам полагано во сабота, е до толку ми беше хаос семестаров.

    Еве сега се одмарам и мислам кога да почнам да го спремам наредниот предмет. Се двоумам дали вечерва или да оставам за утре ама како што сум ептен исцрпена изгледа за утре ќе го оставам.
    Сега ќе си го земам мачорот и ќе се одморам со неговото предење, таман и јас и тој веднаш ќе заспиеме.
     
    На Dream-Girl и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    29.347
    Пол:
    Женски
    Денес бевме во посета на вечниот дом на баба, и вадевме 6 месеци. Секогаш кога одам на гробишта толку негативна енергија прибирам како емпат и често пати ми се слошува. Тажни судбини и слики, една бабичка го откитуваше новогодишно украсениот гроб, нареден целиот со ангелчиња, се погледнавме со сестра ми, ти иде тежина на душата. И дојдов дома како утепана, легнав и го преспав пладнето, исцрпена. Имам обврски со рокови а ништо не ми се прави, баба ми е во мисливе. Си каснав една чоколадна школка што ги обожаваше она и си ја спомнуваме со мајка ми. Денес уште ме боли, како вчера да ја изгубивме.
     
    На OmniaVanitas, tinka-mace, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Многу е забавно колку уствари ни влијае се што воспримаме како информација ама кој да обрне внимание. Кога ја гледав Golden girls (предречиси две години, на далечниот северозапад, побогу каде отиде времето) имав такви кризи за чизкејк оти само тоа јадат. Сега со Mad men малце ми е криво што не си земав флаша виски. Мада... би еден чизкејк. Не мора ни домашен да биде, од оние смрзнатите од Лидл топ си се. Директно со виљувче од тањирот.

    Зборам ова, а од февруари си планирам детоксикација. Прошла поред диети, ама после празниците осеќам дека ми треба и тоа ми е доволно. Месец без додадени шеќери е предобра работа, пред неколку години прв пат кога го истерав ми се смени палетата за благо. Милка и чоколади не можам да поднесам. И да, го бирам февруари оти има 28 ден, зашто баланс.
     
    На Doozy, Blue.Sky и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.967
    Допаѓања:
    81.299
    Пол:
    Женски
    Денес некој решил да земе слободен ден и да се однесува како мало дете со тантрум бидејќи понеделник бил лош ден за работа и требало да се седи дома.
    Еве, фамилијарно си дишеме во врат кој да ја понесе титулата вработен на годината.
    Јас ете сум, лакирам нокти додека чекам мејл.

    Викам ај додека вртиш кругови во маало, оди земи ми еден Ајакс да ги средиме плочките после.
    Аха, супер. И ми се враќа дома со средство некакво за ламинат кое никогаш во животот не сме го купиле. Едни исти глупости вртиме со години.
    Абе, гледам Супер Бинго, дали се слушаме??? :devil:

    Е кај е Ајаксот?? Па и длабоко увреѓен, еве го па, имало и сликичка.
    Абе за плочки бе човече, оваа сликава од ламинат (кој патем дома го немаме никаде) очи да ти извади, а он запнал еве го, та еве го Ајаксот.
    Ова да не знае човек дали е лош обид за зафрканција или не.

    А може па мене не ми е денот оти ем понеделник, ем цела планина работа, па знаете како оди - ЉУБОМОРНА ДЕКА МОРА ДА РАБОТИ, ХЕХЕХХ. |(

    Јас само сакав да ги исчистам плочките додека си одржувам концерт, но добро. Нема да чистам, ќе работам. :worried:
     
    На x.Daisy.x, duffi, GoodGirl45 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Понеделник ден за состаноци, вторник фристајл обврски, среда себепронаоѓање, четврток ден на млекото, петок извештаи... ии и и и проџе живот. :bug:

    Со мачката си поделивме копанче за ужина и еве сега седам и си мислам во што се претворив. :emo:

    За вечерашниот состанок со тема Најнова глупост, подтема - стратегија глупост квартер 1, се опремивме со голем шол црвено вино, бадемантил и евтина свеќичка од КАМ. Какви луѓе човече, какви луѓе постојат и вртат пари на светов, не ми е јасно! :devil:

    Според Акјуведр, утре снег... според Синоптик.бг, малку дождче и мок'р снег во доцните попладневни часови. На кого да се верува е прашањето сега, на тије или на овије хора 8-|

    Во 7 дена закажав преглед/земање резултати на заболекар, гинеколог, офталмолог, успат и ќе одам на ковид-тефче за сречен пут и чекам да видам тие со мобилната лабораторија кога вртат кругчиња во моето маало да видам крвната слика шта каже. Или дијабет или атлета, нема трето и нема ни да има. Оваја корпулентна снага не знае за баланс.

    У Њемачка уште вакумирани по дома... јас одвакумирана али џаба. Џ А Б А. Душек со 60 дена онлајн деливери у моментов. Ајде важи, ќе станувам јапонски монах некаде по текот на реката Елба.

    И то.
     
    На duffi, Bozica1980, Emy867 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Денес добив желба да си го видам дечко ми ама ништо од тоа, моментално е во друг град е.
    И така секој ден имам желба да го видам ама денес некоја специјална желба ми се појави.
    Таман периодов имам малку слободно време и место да се изнагледам со него, ние сме на два различни краеви на државава и ништо од гледањето. Ама ај уште малку...

    Прееска гледав на тв една емисија за пластични операции и да ви кажам право се изненадив за ризиците од таквите зафати. Ептен е раширено насекаде, а многу малку луѓе се свесни за последиците од пластичните операции. И така, ми пропадна желбата за зголемување на усните бидејќи реално шансите за несакани ефекти се доста големи.
    Ај па си реков не ќе одам за мис на светот, а и парите ќе ми останат така што ќе живеам и со нееднакви усни, not a big problem.
     
    На sweet-cherry и Mishela им се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    На тема себеунапредување и надминување на самонаметната социјална анксиозност си нарачав деливери. Преку апликација, без зборење на телефон али само мали чекори напред. Господ да ми поживее гикчиња што за све сакаат да има апликација. Драми големи, шта да вам причам, али боже која трема ме фаќа со нарачување. Од моментот кога ќе нарачам додека да стигне сум на штрек. Зашто мислите дека куцкам сега?

    Се смета ли за себеунапредување и кога кенкаш за ситации ама знаеш дека не кенкаш зашто ти се кенка него онака кенкаш? Уствари си ужасно благодарен и не знаеш од која причина некој од боговите ти фрла зрнца боровинки.

    пс. ме демнат денови и ноќи scones со тој англискиот крем благ а не благ и џем од јагоди. Ужасии.
     
    На OmniaVanitas, Emy867, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.967
    Допаѓања:
    81.299
    Пол:
    Женски
    Таман си реков дека денес е време за пејбек и ќе се чаталам по дома со слободниот ден, ќе спијам до пладне и ќе седам со нозете на маса како бег, станав во 6 сабајле. Без аларм. |(

    Да не се чудите зошто вее снег, заспаната сонла-лепотица конечно се наспа.

    Сега не знам што со себе, а тек е 10. Па јас ќе пукнам од досада до 4.
    Во вакви досадни моменти, навистина ми треба да си имам некое куче. Мињонче едно ко мене, некое со експлозивен карактер за да се такмичиме кој е поголема атомска бомба. :D
    Па да си се шетаме низ маало, макар и додека веат снегулчишта надвор.

    Oвој па вика лелеее куче, земи таму гриндај списокот и најди песна ко за прв танц, гарант вака ќе ми отишол пола ден. Сега за инат ништо нема да барам. И бидејќи егото ми е на трупци, ќе му ја треснам првата најклише песна што ќе ми текне. Некоја така да ти дојде нагонче да бљуцнеш уште на првата нота, па нека се чуди што го снашло и нека мисли како ќе го маневрира гумчето за пливање. :devil:

    Ќе пуштам серија и ќе земам да си ја дочитам книгата, па можеби ќе помине денот. Толку драматично ѝ влегов на книгава синоќа, ја отворив и се разлипав затоа што конечно се охрабрив да ја читам најновата од омилената авторка.

    Леле ако ме разочара, ќе речев дека ќе мавам со читачот, ама нов ми е и го галкам како да ми е нешто најбитно на светот. Технички и ќе биде, додека не ми пројде меракот. :!:
     
    На Bozica1980, KateKane, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    @Mishela Ед Ширан песна, да не знаеш дали ти или он повеќе да превртува со очи. Или ако си наше, Лутка, САРС готово, тоа е тоа, каде е дилемата и дебатата.:dance:

    Од хобија, листање каталози на супермаркети. Има ли поубава работа? Срамота е дека знам на Лидл во Србија кој ден им искача новиот, ама тука е во друг ден и уствари имам занимација двапати неделно. И српскиот е поубав, да ви кажам. Светско а наше хахахаха Сама си се изнасмеав. Уште три дена зашто денешниот не го рачунаме.

    Од додатно хоби, еве решив кола да си бирам. И дилемата е, дали семи-аутоматик или обична. Аутоматик само не, ама семи-аутоматик ме мисли. Да си ја играш на автопат и левата нога да ја одмараш т.е. да се збуниш каде треба да ја поставиш. Првиот пат кога возев беше од рент-а-кар и од таму ми кажаа каде треба да ми стои ногата. Темно-сива, мислам ептен ќе ми стои како боја и во амбиент ми се уклапа. Имам сонови како ја возам долж европските автопати со марама на глава и наочари џоа француска ривиера, а уствари џип сакам.

    Вторник, тоа е.
     
    На Star_dust, sweet-cherry, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Доста eventful day. 8-|

    Место на настаните, Кам маркети. :rofl:

    Ако ме чита тетата што се заглави со чероки џипчето во гужвата, да и' кажам дека три години немам у кола седнато, не знам како ја одглавив али ето, сите си имаме скриени таленти. :drunk: Греота жената бре, па околу неа испонаредени мужи во коли, и' свират, а никој не е муж да седне да сврти оти ако го плесне џипчето.... :devil: Ајде викам, ние ќе средиме. Врти викам волан на десно, пуштај наназад, ајде врти, врти, врти... браво, ајде напред, ајде пуштај, исправи волан, стој. Врти пак, пуштај наназад... абе автошкола Дузи. Санки јас секој ден го вртам џипот на паркингот. :bug::rofl:

    Може на сон вежбам, не знам. :*:

    ЗошЧо секогаш аз морам да сум мужот не можам да разберам. Таков ми е вајбот :emo:

    Од други настани, издвојуваме дека едно четири-петгодишно дете се покака во горенаведениот маркет. Абе.... зошчо ги гњавите децата по маркети у најголема гужва, се истрауматизира сиротко бре! :( Имаше мала дискусија... стискајјјјјјјјјјј бабе-не можам да стискамммммм веќе :worried: - можеш бабе, стискај - бабоооо испаѓа - не испаѓа, не мисли на тоа.... доооо.... се испосрав бабо. :tmi:

    Пандемијава јако не' нагази кога овие се настаните на денот. :bandit:
     
    На x.Daisy.x, JuLleE, OmniaVanitas и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.674
    Пол:
    Женски
    Денес воопшто немав желба за учење а за некоја недела имам испит;(
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Дузи мааааа

    на душа ќе ме носеше, вода пиев додека читав ќе се удавев :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Има опција да си го зачував мислењево твое да ме весели на тужни дани? Не испаѓа, не мисли на тоа, одличен совет за многу работи во животот но не и за најбитните.
     
    На tinka-mace, OmniaVanitas, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Значи не нѐ бива.
    Ц. Јок. Њет. :envy:

    Лето златно луѓе се расправаат со дрва, комшијата си се сонча.
    Ги нафрли едно на друго, што би се рекло ко мачка со опашка да минала.
    Битно се снабдил со дрва неисцепани, демек заврши човекот работа.
    Затоа еве го сеа секој ден по два пати си цепка надвор на студеново.
    Главава цепеница ми ја направи море човек. :doh:

    Дома па, кај и да е сауна ќе отвориме. :sweat:
    На сред зима, Дубаи може да ни позавиди.

    Од една страна станува претопло.
    Од друга, отворам прозор-студено.
    Овој ваму со дрвата чука ли чука.
    Имаш две решенија: или ќе се успиеш од топло и ништо нема да сработиш или ќе се опремиш ко за Северен пол плус со слушалки и ќе работиш ко еским.
    Засега се држам до второво.
    Уште санката да ми стигне.
    Ништо да не манка. :smoke:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Дузи ма :rofl:
    Значи позитив си ми еј, ради тебе и @Mishela ја отварам темава :D
     
    На FridaodaMk, Elena69221, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Денес си го видов мечето мое малечко. :inlove::sun:
     
    На hermosa, Cherry blossom89, Star_dust и 3 други им се допаѓа ова.