Денес решаваме невозможни математички проблеми со Мишела и љубовникот. Да не ми се вадат муабети дека швалерисувам, љубовникот му е назив од баба ми. На секое одење ме прашува - што прави љубовникот бабе, одите ли на работа? Одиме, одиме, ама нешто ич не ни се работи. Се расипала некоја од склопките за желба за работа. Имено (го презирам зборов), си има таму дадено димензија според правилник и оваа димензија треба да се мултиплицира х40 пати, машала, во една стиска место. Ми вика, па ништо, у подрумот ќе има место за мачка, куче и еден петел за супа. И тоа уствари е сè што треба да се знае за овие работи - ни ред имало, ни па ќе има. Решен проблем - празно множество. Песна не најдовме, уствари „проблемот“ излезе од тоа што ние немаме наша песна, нормална некоја. Да се запраша човек дали постоиме како пар. Изгледа ќе остане засега малкото кученце на Азис. Или една од Најтвиш, која оваа несудена оперска певица мора да ја испее од А до Ш и голема е веројатноста дека бабиве ќе извадат темјан, кандило и крстена вода да нè свежнат, да го истераат лошотилукот. Ај да се вратам на работа, оти како сум тргнала, ќе ми текне некоја фикс идеја дека морам да земам уште еден слободен ден за да си дојдам на себе. А тоа во моментов не е опција. Убава она на баба, работна.
Се вртам во кревет, жешко ми е, ладно ми е, зошто не можам да спијам... ко ќе видам, саатот - 10, а легната сум пред еден саат. Боже, ќе си умрам од досада. Ко пензионер прав, а мислев баш е кул да си пензионер. Среќа работата стресна ми е одвреме навреме, изразувам емоции и потврда ми се дека уште сум жива. Продолжувам со вртење до полноќ.
Ќе си испланираш фино серија да си завршиш и ќе им текне, еј дечки ајмо зум-че. И си во искушение во позадина да ти иде. Може заради ова луѓе имаат по два монитори во канцеларија. Не сме у љубав со микрото. Никогаш не сум сакала микро, ајде сега еве 5 шанси и дадов, није то за мене. Плус многу се бучни бре. Рерна си е рерна, and dont let anyone tell you otherwise. Си имате и вие другарчиња што се однесуваат како да се второ одделение? Јас очигледно колекција од истите имам. Па дотолку да не разбереш некои ствари, или да се правиш глуп со сила, или стварно да си глуп ама не може до волку. Ко за денес, ова.
Денес среќна и полетна, си се враќав накај дома натоварена со кесите од Стокомак. И во глава ми одеше ла-лаа-ла-ла-ла-лааааа, ла-ла-ла-ла-лаааа, песната од Штрумфови. Да се чувствуваш фантастично и штрумфастично за одличниот пазар, диос мио. Ама сериозно, сè си купив, од Парадонтаксот, до димените шунки, како да не се радуваш на ваков мал триумф кој ретко се случува во тој Стоко кај мене. 1:0 за денешниот улов. Пред лифтот во зграда ме мавна шлог. *Омилената* кх-кхмммм комшика се распослала со целиот асортиман на куфери и торби, кога му ја здував по скали, кардио за мерак. Во секој момент ја очекувам да ми се нацрта пред врата и да ми го иссилува ѕвончето. Ни го има меракот на цел кат, мислам мува да прелета ќе се качи наострена за расправање и ќе ѕвони кај сите по ред. Прекрасен дочек ни приреди еднаш. Не знам само како заклучи дека баш откај нас доаѓа тропањето, ние кој од кој поголем компир квакнати на кауч, не мрдавме, не па да тропам ко улава на сред бел ден. Ама нема лабаво, видовита Паце сè си знае цуци, сè. Она осеќа, одма телепатски знае кај кој да тропне на врата (ако се лажеме). Одма први нè удостои со свечен дин-донннн абе сега ли се работи бЕ алоу. А не знае дека јас си имам дома професионална стринка за односи со јавноста, кога го с'снав, леле-леленце. Одма подви опашот, извинете комшија, се извинувам. Следниот пат мене ми се падна паричката и уште еднаш малку ја отфикарив затоа што така ми беа наредени планетите. Извини МИЛА, длабоко се извинувам. И отиде да ѕвони и да тропа кај сите по ред, натрапникот мора да се најде. Оти многу е тешко нели да се јавиш на тетката од куќен совет и да прашаш што е проблемот, бројот долу на огласна табла очи ќе ти истера. А и како да и' објаснам дека галамата беше во зградата до нас. Ти и' викаш во соседниот влез е, на врата имаат залепено луѓето, она НЕ, НЕМАЛО ВРСКА, тоа било башка. Овој наш бил, паралелно и некој наш работел, она знаела. Тоа било недозволиво. Тоа се тие параноични теории, кога си испокаран со речиси цела зграда и мислиш дека сите коваат планови против тебе и за инат ти чукаат. Епа со среќа тогаш Паце, што да ти кажам мила. И така, ме фркна глава кога ја видов, ако ми дојде на визита ќе глумам дека не постојам.
Цела недела имав барања за кои прв пат сум слушнала.И кога ќе изреагирам дека не знам ова дали може да се изведе при овие системи, пошто никој не побарал до сега за да знам решение.Одговорите, благе везе си немаат со темата и затоа асимптоматски се понашам со нив. Како тоа, така и се' во животов сфаќам дека буквално нема ништо поента, среќа позитивата ме држи и повеќе од инаку. Изгледа отупувам, секогаш викав глупавите се посреќни. Да,да
Прв ден слобода or as I like to call it: иди по маркети, натовари се ко магарица и влечкај се по угорници што прв пат ги идеш. 20 минути ми требаше да стигнам до маркет, еден ебан саат се враќав дома. Кретен. Ти благодарам општество што ја научи мајка ми и она мене дека се можеме ние сами, топ сме, носи торбите на рамо. И еве сега седам и се мислам дали да 'тркнам' после ручек пак зашто не си земав капсули за перење.
Денес се шокирав, слушнав реченица - Ми љубомори на магистратурата. Да си ја искинеш магистратурата. И ти и другарка ти сте за набљудување. У 21 век ОВА треба да е срамота, а не да се нормализираат работи кои и во 15 век биле за машала актуелни само немало социјални мрежи. У 21 век срамота е со ова да се замараш и да не работиш на себе и своите можности и пред се да љубомориш на нешто. А и да ти импонира дека некој за нешто ти љубомори.
Супер ден, ама јас не се осеќам добро. И покрај толку средени работи, пак останаа оние суштинските да лебдат во воздух со прашалник. Понекогаш мислам дека направив сешто треба, и го дадов својот максимум зошто во дадени ситуации стварно не можеа картите да се одиграат поинаку, но на моменти го губам сиот ентузијазам и паѓам во длабока апатија. Не е беспричинска и психолошка барем, тоа се ,,тешам". Не знам, чувствувам дека на крај ќе се среди, зошто правам сешто е во моја моќ иако, повторно чувствувам дека не е доволно. Си ставив неколку резолуции за 2021, се надевам ќе се остварат пред да биде предоцна. Ако не, тоа е. Живи и здрави.
Денес демек понеделник од соништата - нов месец, лабавко, мрзливко, лежерно, за мерак. Е арно ама, ми стигна сметката за струја и така одненадеж (ха) посакав да работам турбо, како за промена. Не знам баш дали имам простор за драматизирање. Но, кажавме - што е животот без малку драма, само обична галама. Драмата му го дава тоа Р-то што му фали за да биде сè комплетно.
Чао џаци и рагаци. Заклучив ја што ми е мене проблем во животу. Очекувањата. Значи пред година дена се нервирав ко никој. Ново место, никој што треба да ти помогне не ти помага, сам снајди се ако успееш и доволно се мољакаш за работи што ти следуваат. Овој пат не така. Како сите така и ти. Очекувања нула и како дувне ветрот така и ја. Лево малце, десно малце. Па во круг, воооо круг, давај мајсторе. Што има да брзам се, да се нафаќам сама се да средам. Не, вие ме донесовте тука,има да ме држите за рака барем за администрацијата. А и за другото богами, се' ви кажав јас убаво на почеток. Ќе се прочистуваме во февруари, ми дојде тешко искрено од претходните два месеци. За апсолутно ништо не бев одговорна од аспект на тип на храна и распоред на јадење. Еве сега сме желни и полетни и ќе шкрткаме денови во планерот. @Doozy се надевам дека си го пополнила за февруари иначе ќе те кажам на Алинка.
Од вторнички муабети во маркет издвојуваме, ако си пушел 50 години и престанеш да пушиш сега, тогаш ќе ти се уништел нервот што оди до мозокот (?), така да, подобро пуши си додека не умреш. На ова се надоврзува рандом особа Х, баба ми Павлинка пушеше луле и живееше до 115 години. Јас бев спремна да се кладам оти баба Павлинка не ни знаела кога била родена но нејсе. Ајде да речеме дека живеела 115 години и пушела луле пошто е кул да се каже дека цигарите не се опасни. Морам да почнам да одам со слушалки во маркет, за добро ментално здравје. Исто така морам да го зголемам радиусот на излегување, што и почнав да правам... пред да полудам. И идемо рандом - еј сакаш да пиеме кафе? Имам антитела. Умреф, ама и кафе пиевме П.С. @tigerlady не го пополнив, нормално. Зошто? Затоа што ништо од тоа што напишав за јануари не одеше по план. Нема веќе ни џрнали ни планери ни календари за денот. Све џитнав, нема веќе планови. Само опасна, опасна импулсивност од моја страна
Да не ми е досадно денес, покрај тоа што си бендисав нови чизми, земав фино ем лепо се испаничив со едни такви апокалиптични сценарија кои се сомневам дека се можни во моментов. Нешто внатре во мене чеша раце како мува над тазе кака и вика - а викаш не се возможни, а а а?! Ама ајде, да ми биде забавно. Имате ли вие вакви хобиња? Море какво хоби, ова е веќе професионално баратање со параноја. Но, ќе ја наречеме фантазија за да се занесувам дека имам бујна машта, а всушност сум: параноична госпожа. Сега откако си го признав гревот, полесно ми е. Фала на Фемина и тема Денес.
Еве, си седиме и чекаме да си средат они се пред да се почне со работа. Што од претходно искуство, знам дека нема да биде пред понеделник. Ооооо вееелл.... Ја читам Сузи, каже она месецов ќе бил многу успешен и покрај Меркур ретрограден. Додатно на ова се зачитав книга за астрологија, една од најдобрите до сега и ете, се мислам малце за side hustle. Морам да си купам онакво мока еспресо ѓезве не иде ова вака. Ми фали пената во кафе. Во меѓувреме, додека чекам сим картичка- сметка во банка- пари се мислам дали отсега да си наполнам кошничка или не. Со што би се запрашале? Со витамини. Ужасно сум возбудена да си бирам витамини и суплементи и еве дилема е дали да бидат како гумени бомбончиња или не. Кога бев ја мала ги немаше.
Насекирана сум денес, за што друго ако не за најголемите глупости. Како на пример - на оваа боја на коса, колку убаво би ми стоела долга коса. Исфенирана, па вака, па така, не знам што ме натерало да ја кратам толку. Патем, ја скратив пред две-три години, не е од вчера, ама ете - подобро некогаш отколку никогаш, конечно ѝ дојде редот изгледа да ја жалам денес на овој кобен ден. Друга работа е тоа што од тогаш кратка коса ми стана дел од карактер, се пронајдов во тој стил, заштитен знак ми е и останати клишеа, но НЕ, денес сакам да се вртам во круг и да кенкам по долга коса. Сериозно сега - има ли некогаш крај на циклусов со ова сакам долга коса кога имам кратка и обратно?! Изгледа не, никогаш. Епа супер, да одам да си поплачам тогаш уште малку за долгата коса (која беше прав хорор за одржување, ама ајде нема врска) и за моите Рапунзел денови, со солзи, со мрсули, со лиги. Оти еве, после три години ми текна дека изгледам како грдото пајче. Ај да работиме сега, денес распоредот вика дека немам ручек за правење па еве се гледа со што резултира немањето обврски.
Denes bev vo grad i kupiv planta za slikanje, boi, cetki i dr. slikarski trakatanci. Omileno hobi, ama odamna ne sum zela da slikam od eden kup obvrski.....povtorna sostojba na anaksioznost, ama mi pomina.... Naminav i do DM color shampon da kupam, oti ne se farbam, a eden kup beli vlakna...I to.... Denov ubavo mi pomina, da odmoram i ke gledam videa na YouTube za inspiracija.... Zapnala sestra mi PopArt da slikam....ke se podrazmislam malku.
Денес станав и се погледнав во огледало. Лицето исчистено,а прстот врз кој ми се истури топла вода пред некој ден е оздравен. Земав едни панталони,оп пошироки ми се.Тренерките пак паѓаат. Уште 2 кила помалце.Тоо,Стајли. Главава ме боли,ама нема везе.Сепак,денов ми е ок.
Па каков петок. Цела недела немаше работа ама денееесссс... Мислам, не дека се претргнав да се разбереме. Ама нешто се подработи. Ми прифали момчето денес ептен. Се потсетив кога на југот после работа одевме на долги прошетки да протегнеме нозе и секогаш не фаќаше зајдисонце. И така. Нејсе, ќе си дојдат работите на место, трпение спасение. ps. од глупави хобија, презабавна ми е целава работа со инстаграмерки и брендови. Ми иде пуканки да си направам и да ги гледам/читам.
Дали искршив нозе за да стигнам да си купам еден партал пред да ми затвори дуќанот? - Секако дека да. Дали се каам? - Никако, никогаш! Ама нозе ме болат како да сум трчала полумаратон. И орелски крилја си метнав и населби си прелетнав, дека на мака голема нели. А бе лепотице напатена. Боже, боже, се опседнав по парчево и ми се вратија филмови од пред сто години, кога болна припаѓав по глупости и морав да ги имам не сега и веднаш, туку вчера. Си дојдов дома ко преживеан од фронтот, кога се видов во лифтот ми се слоши - антени на сите страни, плускавци по стапалата (кај најдов со најнеудобните чевли да глумам формула), трчи-сопни се-локничка, трепките кондензирани, со капки роса накитени сите до една. Не ми е добро некогаш, ама ај да го заокружиме денот. Си направив колач со вишни да ми се изарни и така. Којзнае колку шеќер му изнаставав. Дека нели јас од око "сè си знам, сè си баратам", па ми се подистури садот со шеќер и отиде возот. Гозба за мојов, ќе посака и трубачи да викне за ваква дарежлива частенка. Ама битно со интегрално брашно е колачот. Требаше да си ставам обично и ајде, што ќе се лажеме вака ко мали деца. Кога ќе му наросам шеќер во прав сега, еве на.