Денес... Свекрва ми ме "учеше " чаши и филџани како се миелее.. Ќе си напрам самоотепанција. После 6-7 години работа по шанкој по свадби ,пречекани и испратени сватој ,кармини од 300 чаши по ноќ мирни понекогаш ,таа ќе ми кажува дека кај устата најважно е да се истрија Остај то ,сум си ја изгланцала цела куќа ,ова сонцето што убаво влијание го обожавам ,ако знам дека не е убо сега толку високи температури
Не да не ми е ден... Заклучок плус, дека Петар Грашо у позадина не помага ама ич. Дал зашто врне, дали зашто не знам зашто не е ни битно. Се истуширав, миев коса со маска и жими се сум спремна сега да си легнам. Пет видеа гледав за фарбање и сега ама сега одма сакам џинџер да бидам. И одма би сакала и еве скромно рецимо да не сме во пандемија.
Денес за малку ќе загинев, од ветерот на 5 чекори од мене се сруши дрво, огромно дрво. Да не ме задржеше колешката што ја сретнав некоја секунда повеќе, ќе бев точно таму да се сруши врз мене. Среќа немаше никој, уништи едена летна тараса и неколку играчки во паркот, тоа место во сончев ден е полно, со деца и родители и млади кои пијат кафе на терасата, имало Господ. Уште сум потресена, ќе правам погача за здравје сега, никогаш не сум била на влакно до смртта како сега.
Денес ја наместив на место библиотекарката која беше безобразна веќе еднаш со мене. Овој пат си го доби и за претходниот. Остана само со ококорени очи и д'ткавица под маската која слабо се разбираше, а и не ме интересираше да ја разберам. Сите редари и наредници, пу јаз'к!
Денес станав рано да отидам на гости кај сестра ми. Периодов и тоа го доживувам ко кој знае каде да одам, посебно ко што дома преку ден нема никој, ни мачка ни куче веќе немам и празнотија во душава ми е. Минатата недела не напушти нашето старо дого, 16 години си доживеа, длабока старост и умре мирно. Кај сестра ми е единственото домашно милениче што ни остана, најразмазената млада дама што сака да гребе и игра постојано. Ама галење, ахаха само госпоѓицата кога ќе посака. И така денеска едвај добив неколку кратки галки. Се изналегачив кај сестра ми, дочитав книга и си дојдов дома. Каков провод. Сега очите ми паѓаат, и тегнам едно кафенце демек да не легнувам со кокошките, ама слабо оди. Не знам дали серија малку да пуштам, да работам на едно проектче или да читам. Какви одлуки за понеделник вечер. И у глава ми се врти идеја да зеам хрчаци, барем тие ќе ме дружат преку ден, ќе ми роварат у позадина и ќе ги галкам повремено. п.с. @tigerlady да се направиш џинџер, еднаш се живее башка не е тешко за одржување.
Ти да си земеш мачка хахаххахаха У план ми, се решив, уште да најдам време и продавница боја да купам и да не утнам многу. Крај краева 5 души ме гледаат секој ден, ќе се навикнат А за мачката сум сериозна. Или куче, зависи. Знам како ви е, три мачки имаме отплакано во длабока старост и еве сме сега пак и со мачка и со куче и верувај менува. И никој нема да ги замени старите, сите си се индивидуи сигурна сум дека и вашето било такво. Ама ако имаш услови, греота е да не му пружиш добар дом на нов миленик. И искрено, немој хрчаци. Не знам, ги имавме и нив едно време ама некако не е тоа тоа. Посебно ако сте навикнати на нешто што можеш во раце да го држиш, да го галиш, да ти се радува и да спие врз тебе (сите ги учам на ова хахахахах). На запад работен понеделник и те како. Веќе би да си легнам а имам уште нешто за досредување и чекам повици. Ама имам рутина и леле колку ми фалеше ова. Знам знам супер е спонтаност и се ама не за долго. Кој што сака нека каже, ама има некое толку мирно чувство во фактот повремено да знаеш што се можеш да очекуваш утре. Или барем од 80% од денот.
Имате и вие вака моменти кога на некој дупло постар од вас сакате да му кажете I told you so зашто се прави паметен а уствари е мрзлив? И тоа што завчера рековте дека треба да се направи он го одлагаше до денес за денес да одзема три пати подолго. Тури уште едно еспресо Франческа ќе си ја поседиме ние. Дајте снегот да се клизам надоле за до маркет. За враќање ќе се изненадиме.
@sweet-cherry имам да ти понудам едно бело, кротко, питомо маче... маалско галениче. го чуваме во маало пола година веќе Ако сакаш да го земеш, ќе ти го донесам како кума, а и ќе покријам вакцина, пасош, стерилизација... сите салтанати. Редовно го прочистуваме и ампула има. Само сака да јаде, да спие и да се гали, ништо друго. Ми е страв дека некој ќе му направи нешто надвор од што е кротко и оди кај секого... секакви болесници има што се изживуваат врз животни Размисли си, ќе те радува Денес денов...... лудница. Како и цела факинг недела
Денес се разбудив и видов дека вее снег. Повторно ги извадив чизмите. Воздухот е преубав. Ладно е,ама лакше се дише. Си се решив,стануј Стајло од кревет и трк да се размрдаш по маркетите. Си се облеков во стил ала Јамач(лик од турска серија).Ма,таман за по намирници и остало. Шетањето добро ми дојде. Сега ќе си пијам капучино.
И кај нас заврна да не се осеќам далеку од дома работава. И мерачки си отидов на пазарење на снегот, на враќање дури и добив прва понуда да ме префрлат до дома по угорницата на снегот, со торбата (една, научив лекција). На 10 метри пред дома бев иначе.... До белата капа е, знам, така се флертува тука. Машина пуштена, ќе се чисти утре валјда. Вчера имав мех петок денес е прекрасна сабота. Со зјаење во далечина, со медитација со се бре. Се на се, имам > 80% од работи што ми требаат во животот. Другото ќе дојде т.е. ќе се среди.
Се разбудив со ѕвонење во главата со песна од Цеца, значи уште пред да отворам очи ми трештеше во главата тачно је да сам себична, понекад можда обична... Цел ден главата ме утепа од болка, грбот ми е ко од 70 годишна баба и нешто немам концентрација цел ден. Сакам да можам да си го прашам мозоков what the actual fuck?! Некни сонував како во пењоар правам фотосесија со тигри околу мене, а јас носев бунда од зебра на мене. И така... Цеца е крива.
Да родителуваш на родител. Аман. 4 саати поминав стабилизирајќи се сама се и држејќи си говори дека "не може се да биде под твоја контрола", "не си ти одговорна на сите да им биде се средено", "не можеш моментално ништо да смениш, која е поентата да се нервираш".... Медитација, вежбање, готвење, чистење и уште сакам да истепам некого. Ќе си земам утре агар и ќе си го боцкам со пипета 4 саати. Од успеси може ќе ги видам парите што ми следуваат и вешто се наговорив и разубедив да не јадам пуканки зашто сакам да шкртнам уште едно квадратче за Whole30. Од друга страна урмите како ми легнаа....У превод, денов, се по нешто, на крај ништо, ама сепак нешто.
Толку ми беше досадно поручеква, на раб бев да си закажам некаде да средам нокти. Се попишманив после, ми пројде. Ќе си купам УВ лампа сама ќе си ги правам, шубе ми е. Колку ми се оди на некоја работилница, за моделирање со глина, нешто интересно ко изработка на сапуни, свеќи, што било. Ама и тоа нема, па земав се запишав во библиотека. На толку книги дома, на толку фолдери накрцани со електронски (пиратски и не толку пиратски ) книги, јас им се закачив на библиотеките како мал досаден молец. Па и што убави книгички си начекав, мераци. Уште да можев да се рашетам убаво низ полици мераклиски, ама ајде...
Слушам радио од матичната земја на дечко ми кое има една најблесава програма на свет софт хипхоп со џез класика. And I am here for it. Ми зафали малку што немам Балканец во близина за Балашевич и шприцер, пред година дена знам дека ќе се случеше. Иначе, здраво како сме. Посебно како се оние луѓе кои ги имам на фб и кои гордо си постираат слики од REUNION NA IV 5. Па да земеме сите да ве утепаме, ама со еден куршум зашто ни посебен куршум не сте заслужиле. Како бре рејунион си правите луѓе?! Ама значи не! С'ким ја то живим Милице.... Сончев и убав викенд на западот каде што од новини валјда ради вакви ко што идат на рејунион од понеделник влегуваме во нова зона. Лично, ништо не ми значи ама значи јебига. Ме спотера некое чувство дека ќе ни лупнат карантин и си купув 5 кила овошје и фарба. Бринг ит он. И зашто има тема Дебел маж/мал пенис и зашто ми е малце страв да ја отворам...
Не бре, не сум јас за слободен ден. Дај ѝ таму да ака по тастатура, да работи, да ломоти, ама не ѝ давај слободен ден на оваа личност, пошто ќе ги потроши сите пари на глупости. Се пуштив во поход, го опремив мојот домашен салон па може навистина е време за НоктиМишелаЕфтино. Да не бев волку проблематична, можеби. Вака - НЕ, НИКАКО, НИКОГАШ, супер ми е. И нови шолји нарачав, сега уште кафемат да одбереме и конечно на цуци мој ќе му се исполни желбата да има кафиЧ, ама само по дома за нас двајца...и за гости, ако некогаш повторно ми дојдат. И тоа е нешто, па што. Леле, леле, кај се најдовме бре вакви, претрпиемачи опасни. Ќе си пукнам. Таман и шанк имаме, ќе си пуштаме по некое џиџано кафе со посвета - дигни задникот дебел и собери ги алиштата, мајн шатц. Од наредната недела па кога ќе почнат да ми стигнуваат глупостите што ги изнакупив за на балкон, уф, ќе биде забавно. И така, ај да ја растурам сега инсталацијата од пресушени алишта, зашто кај и да е и корен ќе пуштат. Можеби е време да си купам сушара, ама ај да не си ставам многу идеи во глава, ми се лоши кога ќе помислам на трошење пари и ќе ми се лоши до наредната недела.
Гугл ме збуни дека дел од пасводрите ми биле компромирани. Демек правеле они редовни проверки. Па ајде мењај пасводри, не знам што на што ставив, не знам колку имаше поента ова ама ете. Како да изберам бе пасворд? и тоа да не биде еден, ама да биде сличен за да го запамтам. Имам тефтерче со пасводри и ми иде на нерви искрено. Малку бош денов, сфатив дека некако ако одсабајле не ми тргне ми е секогаш мех. Безвезно утро, ок попладне. Супер вечер зашто направив супа/чрба за цело село со сите ама апсолутно сите зеленчуци што ги имав. уште маслинки да ставев. И ананас лупнав зашто некако не ми беше дозреан и да ви кажам топ беше. Или тоа и во ПМС сум (нараторот: е во ПМС). Возбудата на денот е фактот дека ми ги дале парите и сега имам основа да си направам детален буџет и сум ама препревозбудена. Се ми е смислено, па тоа goals, па тоа краткорочни и долгорочни цели, па табели во ексел се среди. Што би рекла Дорис, мало ми за сричу триба.
Zdravo go imam izgubeno novcanikot vnatre ima licna karta imeto mi e Aleksandra Spasovska imam i dr raboti pari vo nego krem boja e vo blizina na vuk zgrada go izgubiv koj kje go najde ve molam pisete mi
Станав навреме за прв час. Ди направив кафе, две шолји. Пред малку завршив со часови. Времето е одлично, но ме фати мрза. Сепак решив утре да излезам, а денес да читам книга (можеби во двор).
Денес се појави уште една причина што ме води кон ова и сега 99% сум решена за отказ. Овој 1% ми е А што после, каде? И засега ме држи тоа. Ќе видиме до кога.