Кај сте бе? Денес сфатив дека ретрограден Меркур е за аматери. Заеби ретрограден Меркур, нешто ситно ќе ти избуричка, ќе те вратат од граница ради неверојатна глупост, такви ми ти ствари. Али затоа Сатурн ми еба мамата. Ама ако, убава лекција ме научи учителот. Свака чаС. Са успомен и дуго сечање, овај, памтење, ќе си купам уште нешто скапо Животов на моменти го осеќам како тоа најдосадното оро што се игра на крај на секоја свадба (еј памтите кога одевме на свадби во претходниот живот??) Тоа што е четири напред, три назад, или како и да беше. Многу играш, а цело време си на истата плочка. Евентуално 2 метра понатаму ќе стасаш на крајот на песната. Оро што уствари никој не го игра освен најхардкор играорците што се лисник испотени и рипаат со марамче под кошула или најблиските сватови коишто одбиваат да дозволат забавата да „умре“, има да се журкаме до последно. Е така и јас. Јас сум ороводецот на тоа оро. Многу чекори, одиш, одиш, а никаде не стасуваш. Се ла ви. Ајмо Бриџертон саундтрак и идемо јако, наводно на афтер-партито била јаката журка
@Doozy и тебе ли ти е Сатурново враќање? Така е, тие сме Ама банки! Ама не! Ќе се расплачам кај и да е. Таман цел план направив, таман се нарачав и средив и јебана апликација на тутунска и мТокен ми ја ебе мамата и раатот и зашто не може да плаќаме со гравчиња сакам да знам.Или леќа, ете полесни се во џеб да ти седат. А уште си игра она бајрам со умот, па нели би било фино еве како возрасна и одговорна особа да се подучам на теба инвестиции. Кои црни инвестиции жено освести се. Од тие што работите во банка, би сакала да ве замолам кога ви доаѓаат странки да им објасните се како на дете. Зашто не ни е на сите тоа струка и нареден пат ќе ви одговарам со латински имиња на растенија и животни па да се разбереме како луѓе. Пмс или кроасан со путер мацкан во намаз од костени + џем од лимон+ малце сол одозгора. Исто така вчера ја спукав цела втора книга од Бриџертон и бев во искушение за спијам угол гола по јорган кој од едната страна има сатенски feel like материјал.
Ме боли мозокот од количината на глупостите срцедрапајучи. Пре-ретро, ретро и пост-ретро ќе му дојде, како два пати мери еднаш сечи. Ама нели железото се вари додека е жешко, читај:младо.. кога друг пат? Јас би го зела оберучке и би си го забила железото во крунската чакра, додека пијам кафе со размачкана маскара после работа. Многу ќеф сум му на луѓето шо не се жалам и себе си сум си ќефови. Ама леле-леле е работава.
Велат вторник е. Велам сеедно со оглед на тоа дека ни ставија карантин на цел регион. Ама ќе не боцкале и тоа наскоро и леле ајде. Имам другар и другарка кои се трескаат од земја за вакцинирањево (иако се далеку од точка да бидат вакцинирани, и којзнае што ќе излезе до тогаш но добро). Луѓе, како да ви кажам, сеедно више. Ама стварно сеедно. Ако сакаме маааалку животот да ни наликува на претходно и да си ја шетаме по корза низ светот тоа е. А искрено, сакам. И ми треба, ај што сакам. И не се ни споредува патување со и без Ковид, питај паталец. Тоа е од моите квази експертизи на темата вакцинирање. Камерава ќе си игра деновиве, зашто тоа е алтернативата. Буџетот за нареден месец е спремен, витамините се нарачани (амазон, многу сум возбудена, прва нарачка). Ако се придржувам до буџет еве свечено си ветувам после 3 години премислување ќе си се почастам со играчка за возрасни И ради ова ми треба вакцинирање Па таман после нареден месец ќе си обновам работи за skin care (иако, после еден месец без млечни производи и брашно кожата ми е џоа на бебенце, Сепак, we want the cheese). И така. Сега ќе доработуваме, па малце нетфликсче, па малце книгиче и таман.
Нека му текне на некој да ми купи апарат за мерење притисок за 8-ми Март. Жими сè, многу ми треба. Стариот го расипав несакајќи, му ги сокрив трагите ко мало дете кога прави белја и посакав да се правам улава. А зошто вакви будалаштини, да ме праша човек нема да знам да кажам зошто еве. После ајде ми текна дека стварно не е во ред, виновникот си ги призна гревовите ама идејата за новиот апарат остана да лебди во воздух. А знам и зошто - ако не си запишам - од едно уво влегло, од друго излегло. Таква главоболка ме тишти денес, ми се иде од кожа да си излезам. Па многу ми треба да си измерам притисок и да констатирам дека "еве, од притисокот ми е, знаев, се осеќа". А тоа што заборавив да појадувам не се важи, ќе се правиме дека не се случило. Боже мој, некои денови просто не ми се верува дека ова сум јас. Да си голтнам еден Бруфен, ќе ми биде подобро.
Денес, си станав малце многу раничко.. Али морав пошто патував. Си бев на факултет, после факултет круг налево до центар, се најдовме со цимерот па ова-она било бла бла, додека дојде времето за назад. Дома дознав дека и вујкоми е позитивен на ковид па домашни дискусии околу тоа ии.. така ми помина вториот ден од неделатаа..
Ден 4-ти шугар фри ама фор ријал и ако мижам, путерот од лешници има ист вкус како еурокрем. Уствари, ако го измешам со стопено црно чоколадо ќе излезе еурокрем, првичниот виновник зошто морам да имам шугар-фри денови, што ме тера да помислам дека сум заглавена во некој факд ап Матрикс. Некои болки треба да ги третира психијатар, не мојата кревка психа. Што би рекла @Bozica1980 ни треба психијатар, не нутриционист. Што друго ќе мењаме неделава и зошто ништо нема да се смени?
Хороскопот за март вели дека овој месец ќе е спектакуларен за работа, дека ќе ме слават небаре Нелсон Мендела сум. Одлично, но дали може тоа да си дојде а јас да седам под јорган со Киндл и сладолед? И фокача, за баланс. Мотивација за работа имам - 10. И не разбирам зашто, и ме нервира и еве ајде денес пак ќе пробаме да завршиме некои ситници. Пак ќе кажам (ќе си се потсетам) дека реално, изминатава година немам на што да се лажам. И покрај пандемиичкава, доста работи се случија и се која од која подобри. Пфффффф.... глупава недела. Сеедно, ајде, ќе пробаме да влеземе во flow zone (си се смее сама на себе). Витамините треба да ми стигнат денес, може до тоа е уствари (си се смее сама на себе).
Мали или големи, некои работи навистина ми ги прават и денот и животот. Понеделник и слободен ден (уште подобро ако одат заедно фатени под мишка како најдобри друшки). Спиење до 10. Истегнување мрзливко како домашна мачка. Кафе со онаа баш-баш таман доза на турско кафе за да ти ја намести главата. Мазење со маалските мачки. Денешната статистика вика дека 5 мачки имаа мала гозба, од кои дури 2 ми дојдоа во скут да ги галкам, а една ме мазеше со опашот додека преде и ми врти кругови околу нозете. Измиена коса, која сама си се намести без да се замарам да ја фенирам. А заборавив да се исфенирам затоа што бев презафатена со караокето на омилените песни. Кога ќе ми се погоди некоја песна на радио, мислам денот ми станува поподнослив. Е сега, ме врти колено и зглоб. Метео што вика, ќе врне или не. Ама ајде, да се дешава нешто. Како беше онаа со камчето во чевелот, можеби ова е моето камче. Ама ќе рокнам едно магнезиумче за секој случај.
Денес сум многу спремна да мудрувам и затоа имаме трач сесија закажано. Пред тоа, вака по форуми ќе ме има јер нисам инфлуенсерка. Се изнаврна цел ден а ми се трчаше. Дали стварно ми се трчаше или си велам дека ми се трчаше, а реално можам и нешто да извежбам дома, нека остане како мистерија за јавноста. Можда ќе игра една Адренка, некоја од тие мотивационите сесии. Битно цвеќето стигнало кај мајката, играчката на кучката и е погодена, и сите мои битни жени се арни.
Во недостаток од совршен вовед, ќе кажам дека потрагата по удобен прслук заврши. Вас што ви е joie de vivre? Мене тоа.
Денес ми беше многу тежок ден, а верувам дека и утре ке биде такатоа е моментот кога сите проблеми ке ти дојдат од еднаш. Одлучив да спијам и плачам цел ден па така да чекам проблемите да се решат сами од себе
Добро утро кисел петок. Како ми минуваат неделиве, ко на лента. Стани си денес понеделник, трепни-замижи - дошол петок. Ја чекам пратката од Зара ко на игли. Природно ми доаѓа да кажам - а за кај ќе се дотераш ма, па да бидеш ваква нетрпелива - ама хеланки си купив. По дома бе да си бидам убава па што. Конечно со хеланки без дупка под ластикот. И што не кажувате дека гел-лак у домашни услови бил закон работа? Ни да се излупи, ни па да се потресувам дали некој ќе добие награда во мафинот - парченце од мојот лак, па да морам да тргам лак. Нашлакај слоевите (и пушти серија додела трае), исунчај ги во ламбичето и ај со здравје. Ај сега да работиме, забавата може да започне.
Денес сонуваме и патуваме во Израел, а што не би? Прашања што ме мачат: дали Израел би ме вакцинирал ако слетам на аеродром без вакцина и зошто не? Каде да го пишам предлогов, ќе ве моља? Од работи што ме радуваат, издвојуваме метрополи покрај вода. Како ли ќе го доработам ова што треба да се доработи без да заспијам да ми е да знам...
На фб ми излегуваат видеа со готвење, постари жени во рурални средини кои готват надвор на оган и на големи тепсии, тави, не знам како се викаат. Уживам додека гледам како готват огромни количини, се од око, од рака, се зема од бавча и директно на тава. Нема -и сега ставете сол 12 грама и една лажичка маслиново масло. Еден подолг одмор таков би истерала, на село, со бавча, со баби и дедовци и тетки и стринки. Да слушам колку биле убави во младоста и колку сите очи накај нив се вртеле. Како со еден многу се сакале ама нејзините не ја давале. Или обратно. Колку тежок живот поминале и уште се тука, полни со енергија за она што им е најбитно, добра храна, животните околу нив и средби со најблиските. Каде има таков одмор?
Greeting from the other side. Дали куцкам ја или Бил Гејтс е прашањето? Малку драмиме, малку ни драмат, ама зарем не е тоа живот. Ме спотера апсурдна желба да проверувам летови иако веројатноста да се остварат е - 10%. Ама утре ќе доручкувам сладолед како што и долкува на оваа дама и ќе се надевам дека ќе има јаболка у продавница.
Баба ми беше жена од адети прва кога се правеа парастоси на сите верски празници со свеќата в раце си го тераше редот ко шо треба со сите салтанаци ко список во глата да имаше стокмена и испраена со напраена фризура кај Сајмето уба жена и по лик и по табиет велат една од најубајте битолчанки на времето е таа моја покојна баба не ја сакаше само Прочка и велеше во лутина “отепај го чоек преку годината гази му по душата срцето скини му го еден збор арен да не му прогоориш и после нацртај му се на врата да бараш да ти прости” баба ми во Прочка не веруваше а и јас не ја сакам ете тоа од неа ми останало иако за се’ друго семката прилепска ми е и не барам да ми се прости на денот ниту пак некому простувам тој ден оти кажувам извини ко ќе згрешам не чекам оти чоек денес го има а утре не и душава да ми е чиста сакам а ничија да зацрнам неќам затоа ко ќе ја оплескам ко кутре со свиен опаш сум со глата удолу и молам да ми се прости ете, табиетлија сум и ден за простување немам исто ко што немам ден за љубов и ден на дете или жена не славам за мене секој ден е добар за гревот од плеќи да го симниш и секој ден е совршен за да го гушниш детето да му покажиш оти е еден цел универзум секој ден е сосем арен ден на оние околу себе да им кажиш дека ти е убо со нив да им кажиш оти ти се убај луѓе и ги љубиш оти денот ко ден ќе мине и само бледо сеќавање од него ќе имаш ниту ќе се брои ниту пак во градите ќе ти остани ама годината полна љубов годината ќе ти остани вкусот нејзин во грлото и тежината нејзина во срцето и убоста нејна убоста во душата ќе ја носиш проштавајте и простено нека ви е сакајте се секој ден секој, секој ден оти денес тука сме утре којзнае каде коските ќе ни вијат а денес денес е совршен ден за ТЕ САКАМ Превземено од Ана Бунтеска.