Ќе биде ли прекрасна оваа пролет? Со сите тие бои, мириси и облици кои ги создава. Филинг дека иде лето, денови и ноќи поминати по тераса, паркови, излети...патувања.Секое годишно време успева да пробуди некои спомени од претходните години. И секоја ментална и физичка состојба ја поврзувам со тоа годишно време, доживувам дежа ву, по неколку пати.
Не ви се куца во вордот ама ви се куца тука? Еве сме, тие сме, кренете ги двете мали прстиња. Моментално се наоѓаме на 450 метри надморска височина, на точка меѓу дали уствари јас правам нешто корисно, што е тоа нешто корисно всушност и дали сме уште сред пандемија. И кога ќе може да се гушнам со некого ете тоа би сакала да знам. Претходната недела на честито Велигден морав свесно да се запрам да ја гушнам колешката. Веќе и маската е дел од мене и јас од неа. Ќе почнам како Мари Кондо, да секое фрлање да и се заблагодарувам зашто не дозволи микроскопски честички да влезат во мене и да ми направат урнебес. Како што можете да видите, немам ништо посебно за кажување и ќе ја поместам оваа задница и ќе одам на прошетка што ми станува хајлајт на денот. Дали си фантазирам дека го шетам кучето и како ги делиме полиците во плакарот? Можеби...
Каков меланхоличен ден, бар да врнеше за да ми има поента расположението и раат да си плачам, а не вака несинхронозирано. Плачките под нос ми беа цел ден - работи-работи, залипај си и врска немам зошто, ама одвај си ги одработив саатите. За што да си плачеме денес? Планирав да полачам на книгава што ја зачитав ама и она испадна за никаде. Мислам редно е да пуштам Грејс на пример и да завршиме со плачкиве за неделава. За другата здравје, ќе му ја мислиме.
Песнава ми има смисла сега повеќе од било кога. Или светот на возрасните е досаден или општо светот станал досаден. „Најди си нешто во што ќе уживаш" звучи ко невозможна мисија а едно време во скоро се' што правевме наоѓавме радост и смисла. Срцето трепело за ситни работи, песна на радио, сладолед, пријатели, книга, филм, 1000ка плус на плата, нова блуза, роденден...сега мислам на лото да добијам ќе речам -стварно? Кул.
Абе Џинџерка бе... Немаше eдна недела откако го сложи прекрасниов пост, од поново изби ковид хаварија. Ни пролет ни лето ни бутур братче. ..Инаку, на темава "денес"...денес ми е сјебан денот. Причина: прв ден добиено.
Корејска козметика и леќи - нарачани. Јагоди и чери доматчиња за семејство со 5 деца а не за сам човек - купено. Поклон за колешката - купен. Како да си ги направам анализите во R - разбрано. Гелот - одличен. Каде ми е Циганката што ме фали, имам и кревет за неа да преспие. Дали е уствари коректно да се користи ова уште? Ма нека иде живот, ќе го користиме. Неделава папсав ама на добар начин. Денес плус се запнав се да завршам и испазарам во еден ден, ќе мкне магарицава се по угорница. Затоа вчера фарба си земав и освен ако боговите не решат вечер да добијам, ќе си се шљапкам утре. Најдобронамерен совет: кога ќе идете нареден пат во Италија (игнорираме К- работи сега, сабота е), баталете ресторани. Земете си тазе леб, моцарела на мерење и кило мини доматичиња и наздравје. И пршута за фановите. Абе ко бомбони се, морав да се шљапнам по рака да ги оставам во фрижидер. Храна е бе одлична работа, посебно кога е добра. Ама од секој аспект добра.
Денес, кога останувам пионер, во срце и фантазиленд, не крадев чоколадо, како првиот ден кога станав. Ама еден е првиот ден. Денес се воздржав.
Одамна немам видено толку добра слика. Да си ја ставам за аватар или не? Ме личи или не? Ок, штом инсистирате. Не, се предомислив.
Денес врне и е ладно.Ќе си го пуштам бојата на пурпурот зашто не ми е гледан.Се надевам ќе се опраи времево.А да...и осамено се чуствувам едит: Гледан ми бил ама уште како мал го гледав па на нешто се сеќавам на нешто не Ќе пуштам подобро нешто друго