Толку сум уморна во последно време, што дури и рчењето го доживувам како бели звуци. Боже, боже, вратете ми го паметот, ме успива рчење. Ме мрзи да го залактам да престане, се препуштам на прекрасната позадинска мелодија и заспивам. А може па и навистина е позадинска музика што ми ја испраќа телепатски зашто знае дека ми се спие - ми се плаче, па полесно да си заспијам. Со музиче. Сигурно е тоа, еве сигурна сум. Ај да си го дочитам поглавјето па таман, имам бичкање за слушање, за лека ноќ.
Се будам неколку минути пред вообичаениот аларм, наспана и одморна, оваа ли е таа магија на наштелувано спиење? Huberman фала ти за подкастот, и тоа што по два саати ти траат епизоди ти го простувам. Еве не нас во пролет. Од утре се враќаат некои работи во нормала иако вчера имав мала паника околу тоа колку беа полни парковите. Не знам бе, некако не ги разбирам овие работи, до претходната недела карантин, од понеделник значително полабаво. Јасно дека мора некогаш, дека многу многу луѓе зависат од тоа ама дека мора собрани на купчиња без маски аперитиво да пиеме. Видечемо шта че. Дали малце ѕирнав летови за во август иако којзнае што ќе излезе до тогаш? Не велам не. Дали знам да каде гледам точно летови? Не велам да. Битно утринска прошетка бидна, исто и кафето и сега треба малце да се подработка. И да се гугла како се прави fried rice.
Време за контемплација: дали едно убаво, јако кафе вреди за тахикардијата што ќе ја имам цел ден? Денес се гледам во огледало и сфаќам дека пак имам бели влакна. Порано беше ок да се фарбам еднаш годишно, па еднаш на шест месеци, па еднаш на три месеци, а сега се фарбав пред 2 недели. И пак имам бели влакна. Почело је На тема миленијалци-преминуваат-во-бумери, ај јас што сум издигана од рано... него и другиве почнаа. Сабајле во 6 и 20 фрчат четови, пораки, сите лабаво станати... си чатаат. Онака, шо праите бе?! Време застани да се симнам, да се одморам, сакам да си земам назад неколку години
Решението до кое дојдов деновиве : нема да тагуваш премногу кога фејлнуваш, ако не се радуваш премногу кога успеваш Не ти значи успех- уште помалку неуспех. Ништо паметно, ама корисно! ( за привремено) И така си го средив секојдневието, со банални навики кои ми го исполнуваат животот... а за успеси и неуспеси ќе обработуваме на некој друг час
На тема bad things to good people... почнаа и млечните продукти да ми сметаат. Глутену, ти ли си следен? Животе имаш ли милосттттт, питвам те Ај од кашкавал и сирење одамна се збогував, ама и другиве почнаа да ми сметаат бе. Па сериозно, не знам веќе што да јадам освен зеленчук, месо, јајца. Ако некој пише риба, ќе го блокирам, пошто и риба јадам. И со јатките и семките и марулите во последно време не сме другари, we clash. Ми иде да џитнам све, да лапкам апчиња и да заврши сагата наречена храната е половина здравје или како и да беше тој булшит.
Денес ми беше баш фино, станав се измив облеков се чувствував свеж и убав, како и секогаш отидов до жито да пазарам, еден од производите беше на земја клекнав да го земам, и слушам еден женски глас ми вика, извинете господине да поминам. Ништо не може да ми го расипе денот од зборот господине дечко сум дечко
Па што убава недела. Некои работи дефинирани, некои работи завршени, некои испланирани. Сега се мислам само дали утре да земеме едно тортуле, нели празнично од далечина и ако недела се погоди времето еден мини-hiking trip. Сабајле сфатив дека косата ми пораснала до точка можам мини пунџа/репче да врзам и некако ме бендисува. Исто така сфатив дека не сум земала од милионите стегачи што ги имам дома во фиоката горна лево и за ништо на свет нема да купам нови така еден дреч портокалов што се најде низ лабораторија ит из. Еџи фашониста во пролет.
Веќе не е доволно да не пушиш, да не пиеш многу, да не се дрогираш, да јадеш претежно зготвено на поздрав начин, да избегнуваш благо, да си умерено физички активен, рекреативно да спортуваш или да си работиш во бавча и двор.. Не. Сега мора точно до грам да знаеш колку протеини внесуваш, кои витамини, дали и колку јаглехидрати, колку часа треба да поминат од едно јадење до друго, колку чаши вода на ден, овој чај не -оној да, оваа фирма не -другата да, фитнес точно трипати неделно по 1 час и растегање секојден по 15 минути... 1 книга неделно за самодоверба и позитивни афирмации, секој за кого мислиш дека негативна енергија носи со себе да го елиминираш, со позитивни луѓе најмалку еднаш неделно на пијачка или ручек... Демек креваме стандарди и се трудиме да сме најдобрата верзија од себе. За жал не гледам баш најдобри резултати, напротив. Се поизгубени луѓе околу мене кои се држат до своите навики или убедувања ко да им зависи животот од нив.
Умот на 100 страни. Пролет е и преубаво е, и толку ми е мило што живеам во природа, што секоја прошетка ми е зелена. Ама осеќам еден благ burnout кој си тлее, и некако не гледам дека до август ќе се олабави. Битно тогаш животни ќе се гњават, тоа се приоритетите. Од хобија, листање каталози на супермаркети онлајн. Па има ли поубаво? Има додуша, новоткриената слаткара со сладолед достоен на боговите и пазар полн овошје. Мислам ја лично сум фан на зима, ама целото ова овошје во лето и доматчињата ко бомбони уф.... Знам дека нема смисла и поента да ги шетам по авиони но имам искрена желба секој да ги проба по дома.
Мирно и лаганини ми се враќа животот полека ....После скорашниот ролеркостер од туѓи емоции, уште впивам впечатоци и се мислам колку само се' се изнадешава.И какви ли ми беа очекувањата? Премногу облаци за мој вкус. И за шопинг Сакам толку многу сонце,епилептичен напад да добијам. Но нема да ми ги расипе плановитеее
Неодамна си реков - ту, што ти се вика кога човек ќе се тргне од безвезална работна средина (да не кажам токсична, пошто мислам дека и Бритни Спирс ќе си искубе коса кога ќе прочита за што се не се силува од употреба зборов токсично, па почна така малку да ми станува одбивен изразов). Нема драми, нема глупости, мирно, сталожено. Но, дали? Од едно место ќе ја ишнеш драмата, ќе никне на друго. Како пиреј бе, ти го корнеш оно за инат расте повеќе. И богами, на драмиве што се издесија и што немаат абер да прекинат, мислам и сама Пепелашка би си рекла - фак дис шит, друг пат ќе станам принцеза, сега ми треба луфтирање на мозокот. И би си ги собрала парталите сосе штиклата стаклена за да си го фати патот негде на море можеби. Емоџи на денот:
Синоќа одвај заспав затоа што мислев на...гулаш. Ооооо, гулаш! Си читам книга и одеднаш: a wild гулаш appears. Скролам на мобилен и мислам на гулаш. Размозгувам фикс-идеи што ми паѓаат на памет за проектов што го терам на работа и мммммм, гулаш или ќе пукам! Денес иста песна. Ми се јаде, ми се плаче. Со душа чекам да се налапам гулаш за ручек. Гулаш, многу те сакам.
Денес чипирана, да се пријавам. Ако не ме удри срцев или мозочен удар во следниве 2 или три недели, ќе имам убав одмор. Едвај чекам, испланирано, резервирано, уште купаќи да видам. Секоја година купувам и веќе наредна сезона не ми се свиѓаат. Почнав да вежбам пак да го стегнам газов колку толку. Знам дека е касно ама ко плацебо ефект ќе набилдам самодоверба дека навежбана сум па малку погордо ќе шетам низ плажа Плажа, ах... просто не ми се верува.
Рецепт кога не ти одат стварите по планираното иако нема смисла да се нервираш зашто фиктивни ти се плановите, ама се нервираш зашто си човек: пребукирај се со работа и најди си мутав амерички сит ком. И сите овци на број. Еве јас само што се пишав у список за конференцијава наредна недела да бидам модератор во 2 по полноќ мое време, ден после втора доза вакцина. Следете ме за повеќе совети. Не знам дечки. Се осеќам ко да одам на string line и од една страна е благодарност за се што имам и фала ти универзуме што ме размазуваш, од друга страна амаааа зааашштоо пааааккк ова. И малце ќе се навалам десно, малце лево па ајде исправи се, па ајде чекор напред и така. Исто или универзумот ми дава знак да идам да си изнакупам нова гардероба, тотал италијан мејковер, или ми кажува дека не знам уствари да се пакувам. Зашто едно добри 60% од алиштата кои ги имам тука ми се распараа на рандом места.
Одлично си го следам советот од претходно, си пратив мејл да предложам проект што е со рок наредна недела Ама затоа вчера медитација на полна месечина истеравме и новава татковина ме размазува на сите страни. Од денес се спремам за сладоледот во сабота и портокалова диња од пазар Збеснав претходната недела од неблагодарни луѓе. Не е во ред, ама навистина не е во ред, Тебе ти се јаде, некој ти дава баш тебе цела тепсија ориз и зеленчук и ти викаш, ама не ја од мевцето сакам ама и да биде поховано, ама ај стави му и уште сосче. Смачено ми е од вакви луѓе, зашто гледам други кои се борат со сите сили кои ги имаат и немаат и пак за работи што се вон нивна моќ некој ќе им рече ај ти следен пат. На други теми, животот без вага е одличен. За куфер ќе ми треба само да мерам ама ќе се снајдеме на аеродром. На крај на памет не ми е да купувам за во новиот дом.
Како звучеа плановите за петок, неделава познат како слободен ден од работа. Замисла: ќе станам рано, ќе одам на трчање ако времето е убаво. Ќе си уживам во денот, сум си заслужила!!!!! Ќе правам нешто убаво за ручек, го имам целото време на светот денес и ќе биде превкусно и се нај. Ќе ја прочитам книгата. Ма каква книга, две ќе прочитам!!!!! Ќе ја завршам серијата, ќе го средам балконот. Па може и да идам до пазар да си купам цвеќиња. И букет. Како уствари течеше слободниов ден: леле дуваааа, ќе ме однесе. Ќе си спијам, многу е рано. Неколку саати подоцна - правам снежни ангелчиња во кревет испозамотана со ќебиња и чаршафи. Се убедувам да се одлепам од креветот и си се восхитувам каква флегма сум денес. Чирс.
@Mishela аии се на светов би дала да сум на твое место моментално. Во кревет замотана со кебиња,со сето време на располагање. Па да си планирам што ќе правам попладне, кај ќе одам. Ама не. Малово ѓаволче до мене умее да ми го менаџира времето. Стани седни, наведни се, собери играчки, брчи со блендерот, исчисти, смени пелена, пушти машина. И се така во круг.До кога не знам. Уживам во мајчинството,прво бебенце е ,слатко да го изеде човек ама на моменти сакам мир. Ги сакам слободните саати што ги имав.. Денес ако не врни после ќе го водам во парк. Побрзо поминува денот таму. Ова е еден од тие денови што сакам да ги прескокнам,или уште поубаво да ги преспијам, секако ми тежат очиве.