@firequeenn не сум сигурна дали уште би сакала да се смениме - во меѓувреме добив, ме стегна сè што можеше да ме стегне, се наклукав апови и не знам на која планета сум. Прекрасен ден, слободен ден од соништата навистина.
Денес купив ленти за депилација од една евтина продавница, случајно ги видов, лентите беа околу 2,5 евра -30 ленти. И пошто немам убаво искуство со "хубаво а евтино" а и никогаш не купувам козметички препарати од било каде, бев спремна да ги фрлам уште пред да ги пробам. Лентите излегоа закон. Влечат корнат, депилацијата помалку болеше и "сипаниците" што ги имам околу два дена после депилација, се смирија за 2 часа Вака позитивно не сум била изненадена...well, не баш долго, од победничката песна на Евровизија Не ме прашувајте каде ги купив, ги нема во Мк, проверив
Денес станата рано. Пијам кафе и планирам да шеткам со малиот. Ич не ми се оди на работа.. Ама ајде има време до 16 часот, ќе гледам да го зграпчам денот.
Сабота или купила овошје мислиш 4-ро члена фамилија храни и бела фротирка за медитерански попладниња која ме потсеќа на чаршав за губење невиност. Поздрав лето, има Спотифај и плејлисти за мене. Научивме дека многу е битно да се одржува балансот меѓу личните интереси на поединецот и неговото место во општеството. Исто така дека ако доволно му кенкаш на универзумот валјда му се смачува од твоите минискулни псеудодрами и ти вика, на жити се жено, на. Така да, фала ти универзуме, кажи ми сега дали со сукња или хеланки да отидам само. Немам нешто многу за кажување искрено. Последниов месец ми е збирка на мали моменти кои мене ми се значајни, кои си ги запишувам во мало цветно тефтерче што ми стои на наткасната. И сум искрено благодарна за се'. Да не беше се', немаше ни јас да бидам тука.
Деновиве сфатив дека животот сега ќе ми беше многу поинаков ако се однесував постојано како сега. Што ми требаше толку време да сфатам? Годинава ако не е време на внатрешна трансформација, не знам што друго... Можело да се битисува во неизвесност, напротив мноогу ослободувачко и лесно Не се исплаќа да планираш некако
После прва доза вакцина вежбав, после втора, денес, 3 пива испив Толку немам пиено не знам од кога. Собрани колеги, една части за нов ауто, друга за роденден, трет трета рунда оти кафани отвориле. И да имам симптоми нема да знам од што ми се Рано ли е уште сега да си легнам?
@calm-girl Денес не можам ни јас тебе, мислам дека воопшто не можам пораки да примам/праќам. Прашај на тема слободно.
denes sum dezuren, 24 casa na rabota, a bas se cuvstvuvam glupavo i bez inspirativna volja za da denonokieto mi pomine pointeresno i pobrzo
Би го поканила возот што ме прегази да се врати зашто пропушти некои делови. Точка премореност веќе не можам ни да размислувам колку сум преморена, само си тераме. Да се разбереме, не се жалам, супер ми е животот ама можам бе и ја малку да се жалам дека сум преморена. И така ме очекува еден месец од "ти супер си ја нареди" од луѓе што појма немаат ни што правам, ни што сум жртвувала. Петок имаме убав настан, викендов исто малку планина. Време за пуштање постелнина на перење нема, може нареден викенд ете.Плус морам да сменам детергент, не ме бендисуваат више капсули, I aint impressed. Само со нив не се поминува. Коцки мраз за аперол шприц со мое име се стегаат некаде и ме чекаат.
Мирисот на нане ме потсети на баба ми односно на нејзината тајна состојка со која секое јадење го правеше да биде превкусно.
Ги преплашив најблиските и тоа онака до коска. Се потсетив на некои работи што ми ја мачат душата и решив конечно да го отворам вискито кое ми го донесоа како подарок уште за мојата матура. За кратко време остана само празно шише и заспав на подот од собата. Се утепале од вртење, ама телефонот снемал батерија и се исклучил. Дошол братучедот да провери зошто не се јавувам, ме разбуди и еве сега со расолница се обидувам да се вратам во нормала.