Денес.. Хахаха, убаво ми помина денот! ПС. Љубави да видиш како ми беше мене додека..ти го правеше тоа, што ти го правам сега јас на тебе!
Денес си ја заситив желбата што од поодамана тлееше во мене! Ммммм..прекрасно чувство на задоволство!
Денес бев во трговскиот Веро со другарка ми,си седевме и јадевме баклава си купив чоколадно млеко,кое сега ќе си го издегустирам... Денес се возев и со еден инсект во лифтот.Нешто измеѓу пчела и некој бумбар,си влегов спокојно и кога веќе тргна, тоа чудото почна ко пијано да се клати во лифтот,да ми лета над глава,па до неонка,и пак назад,со закани дека може во секој момент да ми застане на глава... Преживеав.
Денес работам во вонредни услови. После работа ќе одам на курс (едвај чекам) и вечер ќе се ушушкам во прегратките на саканиот, ќе се милуваме и бакнуваме до бескрај
Денес(сега) одам да се бањам и пат под нозе на факултет до вечер а вечер или со телето или пред пс па на читање книга
Денес ќе имам напорен ден. Засега е добро, меѓутоа за мене денот допрва почнува Ќе биде ден полн со неизвесност, очекување, напнатост ... Само нека заврши успешно , задоволно и брзо
Денес денов ми е исполнет со напнатост и исчекување,сега си дојдов дома,преморена мислам на КРЕВЕТ ! отидов јас,слатки сништа
I feel good tarirariram е бидејќи се чувствувам убаво денес мн ми е гајле дека не ме покани и мене и дека нема да одам
Денес имав слободен ден. Прв по 14 месеци работа без ниту еден слободен ден. Требаше да завршам некои работи кои и не ги завршив, но завршив други работи. Денес бев да ја посетам мојата 87-годишна баба. Порано ја гледав многу почесто, но во последно време никако да издвојам време за неа. И не сум само јас, сите некако ја забораваат. Седнав кај неа, ме понуди чајни колачи, почнавме да разговараме за старо Скопје, и ми кажа дека не прошетала низ центар од '86. До душа шетавме заедно пред неколку години, ама сигурно заборавила. И викам - спреми се, одма одиме до центар. Се облече, ја ставив во кола, и - плоштад Македонија. Мислев дека ќе сака да седнеме, стара е, едвај се движи, а таа желна за шетање, ај уште ваму, ај уште таму... Шетајќи, се сретна со една братучетка. Жената сум ја видела многу пати, секој ден околу плдне се облекува убаво и шета по плоштад. кој да ти знаел дека сме роднини. Двете се испорасплакаа на сред улица Македонија, си ги раскажаа тажните судбини, се гушкаа како мали деца, а јас од страна седев и ги слушав нивните животни приказни. Онаа на баба ми горе-доле ја знам , иако секогаш сакам да ја слушам од ново, и секогаш наоѓам нешто интересно во неа. Кога се измори седнавме во едно од моите најомилени места - до душа на плоштад сите ми се омилени И уште ми раскажуваше и ми раскажуваше. Кога ќе слушнам со какви проблеми се соочувале во тоа време, нашиве проблеми ми изгледаат така банални, и се прашувам зошто се нервирам за глупости. Иако не завршив ништо од она што го планирав, исполнета сум. Секогаш ми е вака кога ќе ја видам баба ми, и кога ми ги кажува приказните за Скопје пред и за време на војната. Денеска сум посебно исполнета затоа што и неа ја направив посебно среќна. Ми се заблагодари милион пати.